Свет
„Вашингтон пост“ објави снимка на која Трамп бара да се украдат гласови во Џорџија

Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, се обидел да го принуди државниот секретар на Џорџија да украде гласови во негова корист, пишува „Вашингтон пост“, и објави аудио-снимка од разговорот.
Разговорот трае еден час и се одвива меѓу Трамп, државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, и уште неколку високи републиканци.
Трамп во разговорот забележува дека луѓето во Џорџија се бесни.
„Гледај, сè што барам е да најдете 11.780 гласови“, вели Трамп, повторувајќи дека тие победиле на изборите.
Белата куќа сè уште не ги коментирала наводите и аудио-снимката.
Ако снимката е автентична, тоа е веројатно најголемиот скандал во политичката кариера на Трамп.
Трамп ги загуби изборите на почетокот на ноември минатата година од демократот Џо Бајден. Но, тој не го признава поразот и тврди дека бил ограбен. Инаугурацијата на новиот претседател треба да се одржи на 20 јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Протест во Холандија против карантинот, полицијата употреби водени топови

Неколку илјади луѓе денеска излегоа на протест во Амстердам поради националната блокада воведена за забавување на ширењето на пандемијата на коронавирусот, пред полицијата да ги растера.
Демонстрантите се собраа држејќи натписи: „Слобода: Стоп за оваа опсада“ и извикувајќи „Што сакаме? Слобода!“.
Ниту еден од собраните не носеше маски, кои, сепак, не се задолжителни, а само некои од нив одржуваа физичка дистанца.
Властите не издадоа дозвола за одржување на протестот на плоштадот пред музејот „Ван Гог“.
Бидејќи демонстрантите одбија да се разотидат, полицијата користеше водени топови за да ги растера.
Холандската влада ги затвори училиштата и повеќето продавници во декември за да го намали ширењето на коронавирусот, а оваа недела го продолжи карантинот за уште три недели.
Свет
Бродот што потона во Турција не бил руски туку украински, загинаа најмалку 4 лица

Шест лица се спасени, а четири загинаа кога украински товарен брод со 12 член екипаж потона денес крај брегот на турската црноморска провинција Бартин.
„Шест лица беа спасени од товарниот брод“, рече провинцискиот гувернер Синан Гунер, јави агенцијата Анадолија.
Бродот потонал поради лошите временски услови.
„Загинаа четири лица. Потрагата беше прекината поради големите бранови, но хеликоптери летаат над областа”, нагласи гувернерот.
Првичните информации беа дека бродот е руски, сепак, РИА Новости наведува дека станува збор за брод што пловел под знамето на државата Палау, а е во сопственост на украинска компанија и бил отстранет од рускиот регистар во 1997 година.
Министерството за надворешни работи на Украина потврди дека на бродот имало 10 украински државјани, како и двајца Руси.
Свет
Во Капитол приведен вооружан маж

Полицијата приведе маж во Капитол Хил кој со пиштол и муниција се обидел да помине преку контролен пункт со лажни документи, јави Си-Ен-Ен.
Според телевизиските извори, уапсениот се обидел со автомобил да влезе во ограничена област недалеку од зградата на Конгресот на САД.
Човекот имал пиштол во неговиот автомобил. Покрај тоа, биле пронајдени околу 500 парчиња муниција, вклучително и ловџиска пушка. Мажот бил приведен и обвинет за нелегално поседување оружје, додаде телевизијата.
Безбедносните мерки во Вашингтон се засилени пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари. Голем дел од центарот на градот е затворен за сообраќај
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира