Европа
Велика Британија го заострува системот за азил

Британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател, ја презентира реформата на системот за азил, која предвидува луѓето кои нелегално влегле во земјата да немаат исти права како и оние кои влегле легално, што Црвениот крст го оцени како „нехумано“.
„Ако, како и повеќе од 60 проценти од илегалните имигранти, тие преминале безбедна земја како Франција за да дојдат овде, нема да можат веднаш да влезат во системот за азил, како што е во моментов“, рече британската министерка.
Мигрантите кои нелегално влегле во Велика Британија и чие барање за азил е прифатено, ќе добијат нов статус на привремена заштита, наместо автоматско право на престој. Тие исто така ќе имаат ограничени права на обединување на семејството и пристап до социјални бенефиции.
Оние на кои ќе им биде одбиен азил многу бргу ќе бидат протерани од Велика Британија.
Во исто време, ќе се создадат „легални и безбедни“ начини за барање азил во Велика Британија, изјави министерката за „Скај њуз“.
Минатата година 8.500 лица влегоа во Велика Британија преку Ламанш, а повеќето од нив еднаш поднеле барање за азил, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Генералниот директор на британскиот Црвен крст, Мајк Адамсон (Мајк), го критикуваше предлогот, наведувајќи дека се создава неправеден систем во кој се проценува начинот на кој некој влегол во земјата, а не врз основа на потребата од заштита. Тоа не е хумано“, истакна тој.
Според намерите на владата, казните за мигрантите кои илегално ќе се обидат да влезат во земјата ќе бидат поостри, а на шверцерите им се заканува доживотен затвор.
Прити Пател рече дека се разгледуваат сите опции, вклучително и враќање во трети земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Во Виена протест порaди рестриктивните мерки

Полицијата во Виена уапси 14 демонстранти на протестот против рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирусот.
На протестот присуствуваа околу 3.000 луѓе, а полицијата употреби „бибер спреј“.
Голем дел од Австрија овој месец е во карантин поради зголемениот број на заразени лица со коронавирусот. Со цел да го забрза процесот на имунизација, австриската Влада најави купување на руската вакцина Спутник В.
Европа
Малолетник со македонско потекло уапсен во Виена, се заканувал со тероризам оти Курц не му одговорил на пораките

Aвстриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло за закана за терористички напад во центарот на Виена, пренесе „Танјуг“.
Малолетникот се заканил дека ќе изврши терористички напад врз виенската катедрала Свети Стефан, бидејќи, наводно не добил одговор на пораките што му ги испратил на австрискиот канцелар, Себастијан Курц,
Тој е приведен, а полициските службеници во моментов проверуваат дали неговата закана е поврзана со исламски тероризам. По апсењето, малолетникот рекол дека немал намера да ја изврши својата закана и дека наводно станувало збор за „шега“. Тој исто така во полицијата изјавил дека не бил свесен за последиците од неговите постапки. Малолетникот сега е во притвор, а полицијата спроведува понатамошна истрага.
По терористичкиот напад во ноември, австриската полиција многу сериозно ја сфаќа секоја закана и дејствува многу побрзо од порано. Терористичкиот напад, во кој беа убиени четири лица, а дваесетина беа повредени, го изврши Австриец со албанско потекло.
Европа
Австрија набавува милион дози од руската вакцина

Австрија ги заврши преговорите за набавка на руската вакцина против коронавирус „спутник В“ и ќе набави милион дози, што ќе помогне да се забрза процесот на имунизација, изјави австрискиот канцелар, Себастијан Курц.
За набавката на „спутник“, Курц на 26 февруари разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, а на крајот на март започнаа преговорите со производителот.
Засега не е познато дали Австрија ќе почека Европската медицинска агенција официјално да ја одобри руската вакцина.
Унгарија и Словачка во моментов се единствените членки на Европската Унија кои ја набавиле руската вакцина, но таа не се користи во Словачка, бидејќи сè уште не е одобрена од Националната агенција за лекови.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш