Контакт

Европа

Велика Британија двапати во два дена ангажираше ловци за да пресретнат руски авиони

Објавено пред

Велика Британија од воздушната база „Амари“ во Естонија двапати во два дена ги ангажираше своите борбени авиони „Тајфун“ со цел да пресретнат руски авиони, објави агенцијата „Ројтерс“.

Авионите полетале во средата за да пресретнат два руски борбени авиони „Су-27“ и „Ил-22“ и да ги придружуваат до рускиот воздушен простор. Ден претходно британските авиони добиле наредба да полетаат со цел да одговорат на прелетувањата на руски воени летала по должина на балтичкиот брег, кои летале во правец кон Калининград.

Минатиот месец Велика Британија од Германија ја презеде контролата над тој воздушнен простор во рамки на мисијата на НАТО.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Саудискиот товарен брод се закотви во пристаниште во Италија и покрај протестот

Објавено пред

Еден товарен брод на Саудиска Арабија, кој наводно пренесува оружје што може да се користи во конфликтот во Јемен, се закотви во италијанското пристаниште Џенова иако пристанишните работници протестираа.

Според планот, бродот под саудиското знаме треба да добие дополнителен товар во италијанското пристаниште, а потоа ќе се упати кон саудиското пристаниште Џаде, објави агенцијата АП.

Пристанишните работници протестираа и носеа транспаренти „Стоп за трговијата со оружје, војна на војната“.

Во тек се разговори помеѓу синдикатите на работниците и претставниците на пристаништата во врска со товарот што треба да биде префрлен на товарниот брод.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Скандал ја тресе австриската влада, Курц учествувал во оргии во наркоманска соба

Објавено пред

Хајнц Кристијан Штрахе, заменик на австрискиот премиер Себастијан Курц, во саботата ја понуди својата оставка со цел да се спречи распадот на коалициска влада составена од конзервативната Народна партија на канцеларот и Партијата на слободата (ФПО) на Штрахе. Но, Курц, сепак, ја распушти владата и најави нови избори, кои треба да се одржат во најкус можен рок.

Сè почна кога „Дер шпигел“ објави снимка од 24 јули 2017 година во луксузна вила на Ибица. Во вилата се Хајнц Кристијан Штрахе и Јохан Гуденус, двајцата од FPO, деснопопулистичката Партија на слободата на Австрија.

Тие се сретнаа со девојка која се претстави како внука на рускиот олигарх Игор Макарова. Тој е сопственик на „Арети холдинг“ и се занимава со продажба на гас и нафта. Неговото богатство се проценува на 2 милијарди евра и работи со друг олигарх во Виена, пишува „OE24“.

Средбата почнала со аперитив на терасата и продолжила со вечера, шампањ, туна и суши. Подоцна друштвото преминало во дневната соба, каде што продолжиле да пијат. Девојката рекла дека е подготвена да инвестира руски пари во Австрија. Штрахе почнал да ѝ објаснува како се финансира нивната партија. Тој рекол дека постојат богати луѓе што ѝ даваат на партијата и до два милиона евра, но дека парите не ги уплаќаат на сметка на партијата, туку во здружението за да се избегне контрола на државната ревизија.

Во саботата беше објавен уште еден исечок од видеото, кое трае вкупно шест часа. Во тој исечок Хајнц Кристијан Штрахе вели дека има информации за сексуални оргии на Себастијан Курц, сегашниот канцелар, во тајни наркомански простории.

По овој скандал, опозицијата бара оставки и од други министри на ФПО во владата.

Канцеларот Курц за „Билд“ изјави дека е шокиран и потресен од видеото.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски положи заклетва за претседател на Украина

Објавено пред

Поранешната телевизиска ѕвезда и актер, Володимир Зеленски (41), кој минатиот месец победи на претседателските избори во Украина, денеска положи свечена заклетва како шеф на државата во украинскиот парламент во Киев.

Зеленски, чиј мандат е во траење од пет години, ја промени традицијата и до парламентот не дојде во церемонијална поворка, туку прошета низ паркот полн со луѓе.

Опкружен со четворица телохранители, тој направи „да пукне“ со некои од гледачите, а во еден момент дури и застана за селфи, објави агенцијата АП.

Агенцијата наведува дека Зеленски, популарен комичар во Украина, го победи противкандидатот, поранешниот претседател Петро Порошенко, во атмосфера што ја одразува исцрпеноста на Украинците од секојдневната политика.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија60 минути

(Видео) Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјава

Премиерот Зоран Заев денеска во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори –...

Македонија2 часа

(Видео) Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста за правата на ЛГБТ-заедницата во земјата ќе се одржи на 29 јуни, информираа од организационот одбор...

Македонија3 часа

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, во петокот доставил барање до Собранието за престанок на функцијата...

Европа4 часа

Шведски обвинител бара апсење на Асанж

Шведски обвинител, кој води истрага во врска со обвинението за наводно силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска поднесе...

Регион4 часа

(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник

Во многу градови во Србија, вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина...

Hitech4 часа

Гугл и ја укина лиценцата на компанијата Хјуавеи

Американскиот Гугл и ја суспендираше лиценцата на компанијата Хјуавеи (Huawei), што значи дека кинескиот производител на мобилни телефони ќе остане...

Свет5 часа

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде остро предупредување до Иран со закана дека ќе биде уништен доколку бидат нападнати американските...

Европа22 часа

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија23 часа

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија24 часа

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ1 ден

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија1 ден

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада2 дена

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Европа2 дена

Демонстрантите во Виена го прославија колапсот на владејачката коалиција

На плоштадот меѓу седиштата на австриската влада и претседателот на Републиката вечерва илјадници луѓе го прославија колапсот на владејачката коалиција...

Европа2 дена

Курц најави предвремени избори во Австрија

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предложи распишување на предвремени избори во земјата откако вицеканцеларот и негов коалициски партнер, Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе...

Европа2 дена

Принцот Вилијам зборуваше отворено за смртта на мајка му и менталното здравје

Британскиот принц Вилијам, неодамна говорејќи за смртта на својата мајка, принцезата Дијана, ја опиша тагата што ја почувствувал како болка...

Македонија2 дена

(Видео) Стоилковски: Богоевски на свој трошок да направи тест за наркотици и да поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски итно сам да се повлече од пратеничката функција, а МВР и ОБвинителството сериозно да го истражат случајот,...

Македонија2 дена

Медиумите и социјалните мрежи со осуда за Павле Богоевски-сентимент анализа на „Макфакс“

Пратеникот Павле Богоевски и неговиот став за аферата со „пола кокаин или масло од канабис“ наиде на многу негативни оценки...

Топ2 дена

Се запали возило во дворот на МВР

Денес околу 10 часот во кругот на Министерството за внатрешни работи се запалило службено возило. Возилото е од марката „пинц...

Забава2 дена

Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма во евровизиското финале

Македонската претставничка, Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма по ред во финалето на годинешниот Евросонг, во Тел Авив, Израел. Тамара ќе...

Досие