Свет
Велика Британија објави нови податоци: Руските сили минуваат низ период на реорганизација

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство го објави најновиот извештај на одбранбените разузнавачки служби за ситуацијата во Украина – 23 март 2022 година.
Бојното поле низ северна Украина останува главно статично, а руските сили најверојатно ќе поминат низ период на реорганизација пред да продолжат со големите офанзивни операции.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 23 March 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/PCEfBZMADk
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/gmDkmzjI7F
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) March 23, 2022
Руските сили се обидуваат да ги опфатат украинските сили на истокот на земјата додека напредуваат од правец на Харков на север и Мариупол на југ.
Руските сили сè уште се обидуваат да го заобиколат Николаев додека сакаат да се движат на запад кон Одеса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
САД воведоа нови санкции за руските банки поради поддршката на Северна Кореја

Соединетите Држави денеска воведоа санкции за две руски банки, Далечниот Исток и Спутник банка, севернокорејската компанија Ер Корио трејдинг и Јонг Јонг Нам, претставник на организацијата со седиште во Белорусија, поврзана со Втората севернокорејска академија на науките.
„САД ќе продолжат да ги спроведуваат постојните и да воведуваат нови санкции, барајќи од Северна Кореја да се врати на дипломатијата и да се откаже од својата програма за развој на оружје за масовно уништување и балистички ракети“, изјави потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање и Брајан Нелсон, пренесува „Ројтерс“.
Санкциите се воведени поради „поддршка на севернокорејската програма за развој на оружје за масовно уништување“, соопшти американското Министерство за финансии, пренесе „Ројтерс“.
Европа
Нехамер: Путин е подготвен да овозможи извоз преку украинските пристаништа

„Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да овозможи извоз од Украина преку поморските пристаништа“, изјави попладнево австрискиот канцелар Карл Нехамер.
По телефонскиот разговор со Путин на прес-конференција во Виена, Нехамер рече дека прво мора да се воспостават безбедносни услови во украинските пристаништа.
Австрискиот канцелар нагласува дека останува да се види дали тоа се само празни зборови или искрена подготвеност, што ќе се види само доколку навистина се овозможи извоз преку пристаништата, пренесе „Танјуг“.
Европа
Шолц: Путин сака нас да нè обвини за кризата со гладот

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да му ја припише на Западот одговорност за кризата со глад, што ја предизвикал со агресијата врз Украина.
– Наративот на Путин мора итно да се побие – нагласи Шолц во Штутгарт.
Тој рече дека Путин нашол формулација, и дека постојано зборува за „глобалниот запад“. Со ова, вели Шолц, мисли на непријателите против кои сака да се обедини со другите.
– Кризата на глад, која беше предизвикана од неговата војна, која тој ја започна, сега им се припишува на оние кои се со Украина – рече тој, пренесе Блиц.рс.