Контакт

Европа

Велика Британија побара итен состанок на Советот за безбедност за труењето со новичок

Објавено пред

Велика Британија побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации откако се издадени налози за апсење на двајца офицери на руската воена разузнавачка служба, кои се обвинети дека го извршиле нападот со отровот ,,новичок” на британска територија.

Русија демантираше вмешаност во случајот.Состанокот би требало да се одржи утре, на кој Лондон ќе може да ги информира партнерите од Советот за безбедност за последните случувања во врска со аферата со труење со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и на неговата ќерка Јулија на 4 март во Салсбери, изјави британската амбасадорка во ОН, Карен Пирс.

Британската премиерка Тереза Меј тврди дека двајцата осомничени за труењето во Солсбери се офицери на руската воена разузнавачка служба ГРУ, наведувајќи доверливи разузнавачки податоци. Говорејќи пред парламентот, Меј го повтори претходното обвинение дека руската влада била вклучена во случајот со труење на таткото и ќерката Скрипал.

Европа

Медицински работник осомничен за убиство на шестмина пациенти

Објавено пред

Mедицински работник e осмничен дека убил шестмина постари пациенти и планирал да убие уште најмалку тројца, соопшти денеска германската полиција.

Станува збор за 36-годишен Полјак, кој при сослушувањето признал дека им дал непотребни инсулински дози на дванаесет пациенти во периодот од април 2017 до февруари 2018 година, пренесе агенцијата АП.

Тој бил уапсен во февруари кога негирал дека намерата му била да ги усмрти своите пациенти.

Претходно беше објавено дека медицинскиот работник Станислав Волштајн е осомничен дека на работа побарал да се грижи за стари и сериозно болни пациенти и дека неговата намера била да им украде вредни работи. Кога не можел да дојде до вакви пациенти, тој го напуштал работното место и се пријавувал во друга здравствена установа.

Прикажи повеќе...

Европа

Претрес во 15 стана на радикализирани исламисти во Германија

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи на германската сојузна покраина Рајна-Вестфалија соопшти дека околу 250 полицајци го пребарале седиштето на Исламската заедница во Менхенгладбах, под сомневање дека членовите на оваа група учествувале во екстремистички активности.

Пребарување било извршено во 15 стана, во кои живееле членови на Исламската заедница, објави агенцијата АП.

Запленети биле лаптопи, телефони, хард дискови и документи.

Министерството соопшти дека Исламската заедница е осомничена за ширење исламистичка салафистичка идеологија.

Во акцијата никој не е уапсен, но во тек е истрага дали оваа организација треба да биде забранета.

Прикажи повеќе...

Европа

Џонсон: Договорот за брегзит ќе ја претвори Британија во колонија на Брисел

Објавено пред

Британската премиерка, Тереза Мeј, и Европската Унија го решаваат прашањето за брегзит на начин што ќе ја претвори Велика Британија во колонија, изјави поранешниот британски министер за надворешни работи, Борис Џонсон.

„Никој не наседнува на овој театар. Едно одложување за друго режирано одложување. Ќе биде постигнат договор што ќе означи предавање на Обединетото Кралство“, напиша Џонсон на „Твитер“.

Тој додава дека Британија ќе биде осудена да остане во царинската унија и под регулаторна контрола на Брисел.

„Луѓето не гласаа за колонијален статус. Иднината може да биде светла само ако веднаш го смениме курсот“, пишува Џонсон.

Заменикот на Меј, Дејвид Лидингтон, претходно изјави дека Лондон и ЕУ се многу блиску до постигнување договор за брегзит и дека тоа би можело да се случи во наредните 24-48 часа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија6 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија6 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија7 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија9 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања11 час

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија11 час

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток12 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија12 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија12 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток13 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија15 часа

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет15 часа

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија15 часа

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа15 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет16 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија17 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија18 часа

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија18 часа

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија1 ден

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Досие