Европа
Велика Британија по двапати ќе ги тестира сите патници за влез во земјата

Велика Британија по двапати ќе ги тестира сите патници кои пристигнуваат во земјата, во обид да го контролира ширењето на новите варијанти на вирусот.
Тестирањата ќе се вршат двапати, за време на 10-дневната изолација, дознава „Телеграф“.
Владата претходно најави карантински мерки од 15 февруари за патниците кои пристигнуваат од територии кои се сметаат за жаришта на вирусот. Сепак, тестирањето сега ќе ги опфати патниците од сите земји, а не само оние кои доаѓаат од жариштата, пренесува Телеграф.
Весникот јавува дека министерот за здравство ќе ги објави тие планови следната недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон нема да го стави Париз под карантин за викенд

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го поштеди регионот на Париз од карантин за време на викенд, со цел што е можно повеќе да ја задржи отворена француската економија, иако бројот на смртни случаи не опаѓа, пренесува „Ројтерс“.
Два извори блиски до Макрон велат дека премиерот Жан Кастекс денес може да воведе заклучување во северната област Па-де-Кале, како што тоа веќе го стори во француската ривиера, но не и во главниот град и околината, додава „Ројтерс“.
„Ако можеме да го избегнеме карантинот за време на викенд во Париз, ќе го сториме тоа. Секој викенд што го добиваме е важен”, им рече Макрон на министрите.
Европа
Принцот Филип имаше операција на срцето, останува во болница

Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, беше опериран и ќе остане во болница. Британските медиуми наведуваат дека принцот бил подложен на интервенција на срцето и сè поминало во најдобар ред.
„Војводата од Единбург вчера имаше успешна интервенција поради претходни проблеми со срцето. Неговото кралско височество ќе остане во болницата за да прима терапија и да закрепне“, се наведува во соопштението на Бакингемската палата.
Војводата од Единбург беше хоспитализиран пред неколку недели поради инфекција. Потоа, на почетокот на неделата, тој беше префрлен од приватната болница „Кралот Едвард VII“ во болницата „Свети Вартоломеј“ и првично беше речено дека ќе биде задржан таму до крајот на неделата.
Неговата снаа Камила, сопругата на принцот Чарлс, вчера накусо за медиумите изјави дека Филип е добро, но дека прима терапија.
Европа
Се развива вакцина против коронавирусот во форма на спреј

Неколку научни тимови од целиот свет работат на развој на вакцина против коронавирусот што би се давала назално, во форма на спреј.
Повеќето вакцини што се користат во моментот се даваат со инјекција во раката, но научниците веруваат дека би имало многу повеќе смисла за респираторните вируси да се гради имунитет на првото место на контакт со организмот кој се случува во мембраната на носот, устата и респираторниот тракт, пишувa шпански „Ел Паис“.
На овој начин веќе се користат неколку вакцини против грип, а се верува и дека оралната вакцина против полио (полиомиелитис), одобрена во 1961 година, помогнала да се спречи болеста, особено кај децата.
Вирологот Рик де Сварт од медицинскиот центар „Еразмо“ во Ротердам вели дека вакцините против коронавирусот, кои моментно се користат, штитат од тешки форми на Ковид-19, но дека тие не секогаш го спречуваат пренесувањето на вирусот.
„Вакцините дадени преку носот може да обезбедат подобра заштита иако останува да се види дали ќе се појават на пазарот пред крајот на пандемијата“, рече Сварт.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер