Контакт

Европа

Велика Британија размислува да го намали периодот на изолација на 5 дена

Објавено пред

Обединетото Кралство постигна напредок во борбата против вирусот омикрон и размислува за намалување на периодот на самоизолација, изјави денеска премиерот Борис Џонсон, истовремено предупредувајќи дека е зголемен бројот на хоспитализирани пациенти поради ковид.

Прашан да коментира за намалувањето на периодот на самоизолација од седум на пет дена, тој рече дека владата размислува за тоа, но дека ќе ги следи и советите на научниците, пренесе „Ројтерс“.

„Треба да се увериме дека омикрон е запрен. Постигнуваме голем напредок. Сепак, во моментов имаме околу 18.000 луѓе во болниците, што е голем скок од претходниот период и бројките сè уште се зголемуваат“, рече Џонсон, додавајќи дека „можеби околу 30 отсто од хоспитализираните се заразиле во болница.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Словенија пристигна стелт омикрон – потврден првиот случај

Објавено пред

Словенија денеска го потврди првиот случај на подвидот омикрон на сојот БА.2, изјави шефот на националната лабораторија, Тјаша Жохар Кретник.

Таа рече дека сѐ уште не е јасно дали овој подвид е позаразен од оригиналот. Кретник соопшти дека БА.2 е откриен во Подравје, пренесе агенцијата СТА.

Таа додаде дека, според непотврдени податоци, постои можност на Институтот за микробиологија и имунологија во Љубљана да се откриени уште два случаја од подвидот БА.2.

BA.1 е првиот тип на омикрон што го замени делта-сојот за неколку недели и сега претставува, барем во Словенија, 95 % од новите инфекции.

Британската агенција за јавно здравје неодамна откри повеќе од 400 случаи на подвидот омикрон во првите 10 дена од јануари наведувајќи дека BA.2 е откриен во уште 40 земји, вклучувајќи ги Индија, Данска и Шведска, каде што повеќето од овие омикрон-зарази се подвидови.

Подваријантата на омикрон, BA.2, го доби прекарот стелт омикрон.

Прикажи повеќе...

Европа

Италијанци очајни за сертификат: Итно барам некој да ме зарази, подготвен сум на сè

Објавено пред

И додека многу европски земји ги олеснуваат мерките, Италија од 1 февруари воведува нови. Токму поради тоа се случуваат и многу малверзации во однос на добивање зелена карта, која на луѓето им е потребна за нормално функционирање.

Во меѓувреме, сè почесто се организираат забави за време на коронавирусот со луѓе кои се позитивни на ковид, со цел да се заразат други и со тоа да се избегне вакцинација, т.е. добијте супер зелена пропусница заснована на лекување од ковид.

Италијанските медиуми јавуваат дека многу луѓе оставаат реклами на социјалната мрежа „Телеграм“, за да можат да се заразат со вирусот.

„Јас сум во околината на градот Агриџенто, итно барам лице кое е позитивно на ковид со паричен надомест“ или „ Живеам во Тоскана и сум позитивен“; „ Барам позитивна личност во Верона“; „ Барам некој да ме зарази, подготвен сум на сш, плаќам, кој било дел од Италија“ итн.

Многумина се подготвени да платат за да се заразат, бидејќи во последно време повеќето позитивни луѓе во Италија поминале со симптоми на блага настинка.

Дури и луѓето кои не одат на забави едноставно тропаат на вратата на позитивниот сосед за да пијат кафе со него со надеж дека ќе се заразат и тие со вирусот.

Тестовите за ковид можат да се направат во аптеките или на пунктови поставени од здравствениот систем. За да се регистрираат дека имаат позитивен тест Италијанците се справуваат на два начина:

Или знаат фармацевт кој е спремен да напише лажен резултат од тестот, или некој што е заразен доаѓа во аптеката со здравствена книшка на лице што сака да добие позитивен тест.

Имено, во аптеките, покрај здравствената книшка не се бара лична карта. Важно е лицето да е од ист пол и возраста да одговара на личноста од книшката.

Прикажи повеќе...

Европа

Бундестагот денеска им оддава почит на жртвите на нацизмот

Објавено пред

Германскиот Бундестаг денеска им оддава почит на жртвите на нацизмот, на годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц.

На западната фасада на Бундестагот стои пораката „#Се сеќаваме“, а денеска на седницата на Бундестагот ќе биде оддадено едноминутно молчење за жртвите на нацизмот.

Говор ќе одржи преживеаната од холокаустот Инге Ауербахер, а на свечената седница ќе присуствува, како што e најавeно, и претседателот на израелскиот Кнесет, Мики Леви.

Претседателката на Бундестагот, Бербел Бас, во пресрет на денешната седница истакна дека е застрашувачки како денес се намалува тежината на злосторствата од холокаустот и како тие се користат за политичка пропаганда, пред сè на социјалните мрежи.

„На пример, кога радикалните противници на вакцинацијата се нарекуваат себеси ‘Евреи на денешницата’“, подвлече таа.

Бас посочи дека кампањата за комеморација на жртвите на холокаустот треба да покаже дека граѓаните се обединети во спротивставувањето на обидите да се заборави или злоупотреби минатото.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет4 часа

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија5 часа

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ8 часа

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа8 часа

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија9 часа

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа10 часа

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа11 час

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија1 ден

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија1 ден

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија1 ден

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија1 ден

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ1 ден

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија1 ден

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ1 ден

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија1 ден

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ1 ден

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија1 ден

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет1 ден

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија1 ден

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Досие