Контакт

Свет

Велика Британија тестира нов ракетен систем за одбрана на Фолкландските Острови

Објавено пред

Британија успешно го спроведе првото тестирање на новиот систем за противракетна одбрана поставен за заштита на Фокландските Острови речиси 36 години по завршувањето на војната со Аргентина, пренесува британски „Дејли експрес“. Развивањето на системот чинело 250 милиони фунти, а снимките од тестот покажаа дека моќниот ракетен систем Land Ceptor, кој се поставува на камиони, ги оневозможува брзите беспилотни летала.

„Со оглед на интензивираните закани, од витално значење е нашите вооружени сили да бидат способни да ја зачуваат безбедноста на Велика Британија. Ceptor ќе биде сериозна заштита на бојното поле, заштита на нашите војници од напади со непријателски авиони”, рече британскиот секретар за одбрана, Гевин Вилијамсон.

Ракетниот систем е создаден од производителот на оружје МБДА и се состои од стандардна противвоздушна модуларна ракета (CAMM), возило за лансирање и две противпожарни возила за поддршка. Може да биде брзо распореден преку тежок терен и да биде донесен за помалку од 20 минути благодарение на неговата способност за лесно преместување.

Министерството за одбрана објави дека ќе ги замени батериите Rapier на Кралската артилерија за одбрана на Фолкландските Острови. Новиот систем ќе биде распореден низ целиот свет како копнен одбранбен систем против проектили, беспилотни летала и авиони. Тестот се одржа во близина на Балтичкото Море на шведскиот тест-полигон Видсел.

По завршувањето на Фокландската војна во 1982 година, Велика Британија инвестираше многу во одбраната на островите, вклучувајќи ја изградбата на новиот аеродром бо базата на РАФ „Маунт Плезант“, на 43 километри западно од главниот град Стенли. Базата стана целосно оперативна во 1986 година. Таму се стационирани четири бомбардери „тајфун“ кои обезбедуваат воздушна одбрана за островите и околните територии. Теситрањето на Land Ceptor доаѓа неколку дена откако секретарот за одбрана обелодни дека бил ставен во употреба Sea Ceptor, новиот поморски ракетен систем за одбрана, вреден 850 милиони американски долари.

Европа

Технички проблеми го пореметија авионскиот сообраќај во Велика Британија

Објавено пред

Слетувањето на речиси 60 авиони на компанијата „Бритиш ервејс“ на лондонскиот аеродром Хитроу денеска беше пореметено поради технички проблеми на аеродромот кој има најголем број летови во Европа.Станува збор за речиси 10 отсто од вкупниот број летови, пренесува АП.
        
Во неделата, околу 130 летови беа откажани заради технички проблеми, но не само на „Брит ервејс“, туку и на други компании.

Прикажи повеќе...

Регион

Донаторска конференција: Над милијарда евра собрани како помош за Албанија

Објавено пред

Вкупно 1,15 милијарди евра помош на Албанија се собрани на меѓународна донаторска конференција „Заедно за Албанија“, соопшти европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеј во Брисел.

Донаторската конференција се одржува за помош на Албанија, која на 26 ноември беше погодена од силен земјотрес, во кој загинаа 51 човек, а илјадници останаа без покрив над главата. Конференцијата ја отвори претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Во име на институцијата којашто ја предводи таа вети 100 милиони евра од европскиот буџет за помош на Албанија. Албанскиот премиер Еди Рама се заблагодари на донаторите и рече дека не очекувал толкава сума. Проценките се дека штетите од земјотресот се околу милијарда евра.

Прикажи повеќе...

Свет

Лавров: Францускиот претседател Макрон покажа мудрост и желба за дијалог

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон во говорот на безбедносната конференција во Минхен покажал прагматичен пристап кога станува збор за дијалогот со Москва.

„Ова се некои предлози од Франција кои покажуваат вистинска политичка и геополитичка мудрост, прагматизам и желба за дијалог“, рече Лавров пред новинарите и додаде: „Тој повика да се прифати реалноста: Русија постои и Русија влијае на многу процеси во светот. Русија е близу до Европа“, рече Лавров.

Според неговите зборови, 99 проценти од дискусиите на конференцијата во Минхен се фокусирале на пронаоѓање на виновникот.

„Имајќи го тоа предвид, говорот на Макрон беше апсолутно мудар, трезвен и имаше за цел да се изнајде решение, а не обид да се пронајде некој кој ќе се обвини и така да се оправда сопствената пасивност“, рече Лавров.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Николоски: Бараме да се прикажат целосните снимки каде што Јанева се среќава со Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Александар Николоски, вечерва одржа вонредна прес-конференција во врска со објавените ПИ-мерки за случајот „Рекет“, за кој тој вели...

Регион6 часа

Донаторска конференција: Над милијарда евра собрани како помош за Албанија

Вкупно 1,15 милијарди евра помош на Албанија се собрани на меѓународна донаторска конференција „Заедно за Албанија“, соопшти европскиот комесар за...

Македонија7 часа

(Видео) Заев: Судии, обвинители, поротници – ослободете се, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не ви можат ништо

„Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и траспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз...

Македонија8 часа

(Видео) Спасовски – Лајен: Напредoкот на Северна Македонија е импресивен и ги исполни високите очекувања

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во рамките на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“, што ја организира Европската...

Македонија11 час

Јанева пред апсењето одела во СЈО, салони за убавина и адвокатски канцеларии

Во кривичниот суд на судењето за случајот „Рекет“ беше презентиран извештајот за тоа каде се се движела ексшефицата на СЈО...

Топ11 час

Пронајдено безживотно машко тело на Шар Планина

Планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското с. Вејце,...

Македонија12 часа

Таткото на обвинетата сведочеше на судењето за убиството на Пино – Ангела криела дека Фуркан ѝ е дечко

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо, таткото на обвинетата Ангела, Златко Ѓорѓиевски, сведочеше како сведок на одбраната. Обвинителката...

Македонија12 часа

Јовановски двапати бил во куќата на Јанева – снимки од тајното следење пуштени на судењето за „Рекет“

Од посебните истражни мерки што биле спроведувани од 21 јуни 2019 година кон обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милески...

Македонија14 часа

Мицкоски го повика Заев на ТВ-дуел: Се надевам ќе се охрабри и ќе ја прифати поканата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел. Тој вели дека добил покана од...

Македонија14 часа

Пуштен билетот за едно возење во ЈСП

ЈСП информира дека во употреба е пуштен билетот за едно возење и може да се купи директно во автобус и...

Свет16 часа

Над 160 милиони луѓе во Кина нема да се вратат на работа поради коронавирусот

Во Кина и во светот продолжува борбата со епидемијата на коронавирусот. Речиси 160 милиони луѓе сепак нема да се вратат...

Топ16 часа

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид. Според информациите на полицијата,...

Свет17 часа

Над пет тони кокаин пронајдени на Костарика

Властите на Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја. Министерството...

Свет17 часа

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од речиси 130 долари во Хонгконг, каде што поради коронавирусот...

Свет18 часа

Орбан: Унгарија е иднината на Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа, во обраќањето пред нацијата, рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се...

Македонија1 ден

Рот: Законот за ЈО е клучен чекор за европската иднина, останува ЕУ да испорача

Законот за Јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија, напиша на „Твитер“,...

Македонија1 ден

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија1 ден

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија1 ден

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Досие