Свет
Вжештена планета: јуни 2024 година најтопол откога се следат температурите
Јуни 2024 година е најтоплиот јуни откога се регистрирани мерењата на глобалната температура.
Со просечна температура на воздухот од 16,66 степени, тој беше 0,67 степени потопол од просекот за периодот од 1991 до 2020 година и 0,14 степени потопол од минатиот јуни, објави Службата за климатски промени „Коперник“ (C3S) на Европската Унија.
Ова е неверојатен 13-ти месец по ред кој е најтопол откога се следат температурите, се наведува во соопштението.
June #Temperature highlights from #C3S. Last month was:
🌡 globally warmer than any previous June on record, at 0.67°C above the 1991-2020 average;
🌡 the 13th month in a row that is the warmest on record for the respective month of the year.For more 👉https://t.co/JHUFYxOtte pic.twitter.com/yTbbRdt0jS
— Copernicus ECMWF (@CopernicusECMWF) July 8, 2024
Според податоците, јуни бил 1,5 степен потопол од истиот месец во периодот од 1850 до 1900 година, што претставува прединдустриска референција. Тоа значи и дека ова е 12-ти месец по ред откога е пробиена границата од 1,5 степен во однос на прединдустриската ера, наведува C3S.
Кога станува збор за Европа, температурите во јуни 2024 година беа 1,57 степен повисоки од просекот од 1991 до 2020 година. Ова го направи овој втор најтопол јуни во европската историја.
„Јуни е 13-ти месец по ред кога се соборуваат глобалните температурни рекорди и 12-ти месец потопол за повеќе од еден и пол степен во однос на прединдустриската ера. Ова е повеќе од статистички необична бројка, но нешто што ја истакнува големата и постојана промена на нашата клима. Дури и ако оваа екстремна серија набргу заврши, ќе видиме дека се поставуваат нови рекорди додека затоплувањето продолжува. Ова е неизбежно доколку не ја намалиме емисијата на штетни гасови со ефектот на стаклена градина“, изјави Карло Буонтемпо, директор на „Коперник“.
Според податоците, оваа година, веројатно, ќе ја надмине 2023 година како најжешка во историјата, пренесува „Ројтерс“.
Научникот Зик Хаусфадер проценува дека сега има околу 95 отсто шанси 2024 година да ја надмине претходната година и да стане најтоплата откога се прават мерења на температурата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана за да се спротивстави на, како што рече, новите ризици откако Русија искористи нова ракета со среден дострел.
Зеленски во своето ноќно видео обраќање рече дека потегот на Русија бара сериозен одговор за да се спречи, како што наведе, рускиот претседател Владимир Путин да ја прошири војната и да ги почувствува вистинските последици од неговите постапки.
Путин во четвртокот рече дека Русија, како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел, истрела нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, на која современите системи немаат начин да се спротивстават.
Свет
САД: Северна Кореја е подготвена за можна седма нуклеарна проба
Соединетите Американски Држави веруваат дека Северна Кореја е подготвена за можна седма нуклеарна проба, за која само се чека политичка одлука, изјави денеска заменик-помошникот државен секретар за контрола на вооружувањето.
Се додава дека САД и нивните сојузници брзо и одлучно ќе одговорат на евентуалниот нуклеарен напад на Северна Кореја врз Јужна Кореја.
Предупреди дека уште една нуклеарна проба од Северна Кореја ќе ги ескалира регионалните тензии и ќе претставува „безбедносен ризик за целиот свет“, објави Јонхап.
Свет
Мелони: Налогот за апсење на Нетанјаху ќе биде тема на Г7, Израел и терористите не се исто
Италија планира да го разгледа налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на претстојниот состанок на групата Г7, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.
„Оваа влада останува цврста на една работа: одговорноста на државата Израел и терористичката организација Хамас не може да се поистоветува“, се вели во изјавата на премиерката Мелони, која рече дека ќе ги испита мотивите на судот.
Италија, која во моментов претседава со групата Г7, во понеделник ќе биде домаќин на министрите за надворешни работи во Фиуџи, град во близина на Рим.
Во четвртокот, МКС издаде налози за апсење на Нетанјаху и неодамна сменетиот израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Сојузниците на Израел ја критикуваа одлуката. Генерално, од земјите-членки на МКС се бара да спроведат налози за апсење, иако меѓу тие држави постои несогласување за тоа како да се однесуваат со Нетанјаху. Унгарија веќе соопшти дека има намера да го игнорира налогот за апсење.