Свет
(Видео) Авион се заглави под мост во Индија

Патнички авион на „Ер Индија“ се заглави под надвозник во индиската престолнина Њу Делхи.
Според Би-би-си, станува збор за авион што компанијата го продала и бил пренесуван по градските улици, но некој очигледно погрешно ја проценил висината на леталото. Видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, покажува како се отстранети крилјата на авионот, што е стандардна процедура кога станува збор за транспорт на авиони.
#WATCH An @airindiain plane ✈️ (not in service) got stuck under foot over bridge. Can anyone confirm the date and location?
The competition starts now? pic.twitter.com/pukB0VmsW3— Ashoke Raj (@Ashoke_Raj) October 3, 2021
Новинарот Ашоке Рај, специјализиран за воздухопловство и воздушен транспорт, кој го објави видеото на „Твитер“, исто така ја сподели реакцијата на компанијата.
„Ова е нерегистриран, отпишан авион на Ер Индија што беше продаден. Го транспортираа новите сопственици. Ер Индија нема никаква врска со овој настан“, објаснуваат од компанијата.
Видеото досега привлече илјадници луѓе и сите се прашуваат како е воопшто возможен овој инцидент, пишува Би-би-си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Турција не престанува да се тресе: Силен земјотрес сега и во Истанбул

По двата разорни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала, кои денеска ја потресоа Турција во близина на границата со Сирија, околу 14 часот по локално време, недалеку од Истанбул е регистриран силен земјотрес.
Земјотрес со јачина од 5,5 степени е регистриран во областа Феризли, која е на само 150 километри од Истанбул.
Земјотресот кој утринава ја погоди Турција беше со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала и предизвика разурнувања низ цела Турција и Сирија. Најмалку 1.500 луѓе ги загубија животите.
Свет
(Видео) Нов земјотрес додека новинар на терен јавува за состојбата, луѓето панично бегаат

Нов земјотрес со јачина од 7,5 степени ја погоди Турција по оној од 7,8, кој го потресе југоисточниот дел на земјата и во кој според последните податоци загинаа повеќе од илјада луѓе.
Нов земјотрес ја погоди областа околу Кахраманмараш, малку северно од Газиантеп, во 13 часот и 24 минути по локално време.
DHA ekipleri canlı yayın yaparken deprem oldu
— Demirören Haber Ajansı (@dhainternet) February 6, 2023
На социјалните мрежи се шират снимки на кои се гледа како луѓето бегаат во моментот на нов напад.
На една од нив, новинар јавува за состојбата од терен, кога почнува новиот силен потрес, а луѓето панично бегаат.
Европа
(Видео) Згради се уриваат, бранови ги потопуваат улиците, луѓето се избезумени по вториот земјотрес во Турција

Уште еден разорен земјотрес ја погоди јужна Турција, одземајќи илјадници животи, а дел од земјата го остави во урнатини.
Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано изутринава јужна Турција и беше почувствуван во поголем дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија. Неколку часа подоцна, околу 13:30 часот по локално време, земјата ја погоди нов земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.
Horrible scenes keep coming!!!#deprem #Turkey #TurkeyEarthquake #earthquake #DEPREMOLDU #Adana #Kahramanmaras #sanliurfa #ACİL #Osmaniye #Hatay #BREAKING #SONDAKIKA #Tsunami #PrayForTurkey #Gaziantep#nurdagi #HAARP #Turkiye #Turquia #Turchia pic.twitter.com/XfO4hFwUew
— [email protected] (@gaganraj2010gm1) February 6, 2023
Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега е повеќе од 1.380, а илјадници се повредени. Во тек е голема спасувачка операција. Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем бидејќи земјотресот ги погодил повеќето луѓе додека спиеле.
#SONDAKIKA
Kahramanmaraş Ekinözü 7.5 şiddetinde deprem oldu pic.twitter.com/ZHg1cTTSOF— BRC 🇹🇷 RTE🇹🇷 IŞĶ 🇹🇷 (@Bircanislek2023) February 6, 2023
На социјалните мрежи се шират снимки направени за време и по земјотресот. На една од снимките се гледа како зградите се уриваат како да се направени од хартија, додека на онаа до плажата се гледаат огромни бранови кои ја потопуваат патеката.
Едно лице снимило од својот автомобил како се уриваат зградите околу него додека земјата ја погоди вториот земјотрес со јачина од 7,5 степени.