Свет
(Видео) Во Австралија медицински работници се фалеле дека убиле израелски пациенти

Одделот за здравство на Нов Јужен Велс во Австралија повика полиција и почна итна истрага кога на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледаат двајца медицински работници од болницата „Банкстаун“ како се фалат дека убиваат и одбиваат да лекуваат израелски пациенти, дознава „Сиднеј морнинг хералд“.
Лицата се идентификувани и суспендирани од должност во очекување на целосна истрага, објави Би-би-си.
Министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Рајан Парк, рече дека е згрозен од снимката, која стана вирална на социјалните мрежи, а заменик-министерот за надворешни работи на Израел повика на отпуштање на мажот и жената што се појавуваат на видеото.
— Ryan Park MP (@RyanPark_Keira) February 12, 2025
„Овие коментари се одвратни, дехуманизирачки и неприфатливи“, рече Парк.
Парк додаде дека коментарите од видеото не ги одразуваат вредностите на заедницата на Нов Јужен Велс. „Побарав од Министерството за здравство на Нов Јужен Велс итно да почне истрага за да се идентификуваат овие лица, а случајот е пријавен и во полиција“, рече Парк додавајќи: „Ако истрагата го потврди ваквото однесување, овие лица повеќе нема да работат за Одделот за здравство на Нов Јужен Велс“.
***Breaking***@NSWHealth & @RyanPark_Keira launches investigation after video of two NSW health professionals reportedly saying they would refuse to treat Israelis at Australian hospitals & would kill them@theage @australian @theheraldsun @2GB873 @abcnews @AlboMP pic.twitter.com/PrRKCGxB43
— Menachem Vorchheimer (@MenachemV) February 11, 2025
Израелскиот инфлуенсер Макс Вејфер објави видео на „Инстаграм“ и на „Тик-Ток“ во кое разговара со маж и жена. На прашањето што би се случило доколку израелски пациент дојде во болница, жената изјавила дека ќе го убие пациентот: „Не би го лекувала, туку би го убила. Еден ден ќе дојде вашето време и ќе умрете на најстрашниот начин“.
„Сиднеј морнинг хералд“ не можеше самостојно да ја потврди автентичноста на видеото.
There needs to be an investigation immediately into these two Australian medical professionals who are saying they will kill Israeli patients – and suggesting that they already have. They are expressing criminal intent towards Jewish people, this must be stopped.
Antisemitism is… pic.twitter.com/YCX3w9YVcY— Sharren Haskel השכל שרן (@SharrenHaskel) February 11, 2025
Израелскиот заменик-министер за надворешни работи, Шарен Хаскел, рече дека треба да се спроведе истрага: „Треба да има итна истрага за овие двајца австралиски медицински професионалци, кои рекоа дека ќе убијат израелски пациенти – и сугерираа дека веќе го сториле тоа. Тие изразуваат криминална намера против Евреите, ова мора да престане“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.