Европа
(Видео) Албанци го блокираа Лондон за прослава; Фараж: Боже помогни

Голем број Албанци синоќа излегоа на улиците на Лондон за да го прослават Денот на независноста на нивната земја. На бројни видеа од центарот на Лондон се гледаат мажи и жени во скапи автомобили како веат албански знамиња додека полицајците бараат од нив да престанат да го блокираат сообраќајот.
„Полицијата е известена дека на одредени патишта се собира поголема група возила. Нашите припадници веднаш излегле на терен со цел да се минимизира можноста за нарушување на сообраќајот“, се вели во соопштението на полицијата. Оттаму додаваат дека при полициската акција е приведено едно лице.
Hahahaha Albanians out in force for independence day in London, Gowannn 🇦🇱🇦🇱 pic.twitter.com/B1IkKsGzVd
— ZB95 (@__zb95) November 28, 2022
„Додека мажите во автомобили свиреа и дрифтаа, девојчињата во народни носии изведуваа традиционални народни ора, а беа фрлани и петарди. Видеата и фотографиите кои се раширија на социјалните мрежи предизвикаа бурни реакции кај другите лондончани“, пишува Дејли мејл.
„Албанците во Лондон кои го славеа Денот на независноста себично ги блокираа плоштадите Странд и Трафалгар додека луѓето го напуштаа киното во 22 часот“, се налути еден корисник на Твитер.
„Една од причините што ми требаше толку долго да се вратам дома вчера“, додаде друг корисник.
Свој коментар даде и Најџел Фараж, британски политичар и еден од најпознатите поддржувачи на брегзит. „Ова се случуваше синоќа во Лондон. Господ нека ни е на помош“, напиша Фараж на својот твитер-профил.
This was last night in London. God help us. https://t.co/bqrfSEWpGD
— Nigel Farage (@Nigel_Farage) November 29, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Европската Унија ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јули

Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за шест месеци, до 31 јули 2023 година, санкциите насочени кон одредени сектори на руската економија.
„Тие во моментот се состојат од широк спектар на секторски мерки, вклучувајќи ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, индустријата, транспортот и луксузните стоки. Тие исто така ја покриваат забраната за увоз или трансфер на морска сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, де-SWIFT на неколку руски банки и суспензија на радиодифузни активности и лиценци за неколку места за дезинформации поддржани од Кремљ“, велат од ЕУ.
Овие санкции првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските акции во Украина, а потоа беа проширени во февруари 2022 година по руската воена агресија врз Украина.
Европа
Путин: Злосторствата на неонацистите во Украина покажуваат дека ги заборавиле лекциите од историјата

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека злосторствата извршени од неонацистите врз цивилите во Украина покажуваат дека тие ги заборавиле лекциите од историјата.
Путин посочи дека заборавањето на лекциите од историјата води до повторување ужасни трагедии и како доказ з тоаа ги наведе злосторствата против цивилите и етничкото чистење извршено од неонацистите во Украина.
„Против ова зло нашите војници сега се борат херојски, рамо до рамо“, рече Путин во телеграмата упатена до организаторите и учесниците на настаните посветени на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот и 78-годишнината од ослободувањето на затворениците од концентрациониот логор Аушвиц од страна на Црвената армија.
Европа
(Видео) Пожар проголта историско богатство, во Лондон изгоре црква стара 150 години

Црквата „Свети Марко“ во северозападен Лондон, која е стара повеќе од 150 години, е уништена при синоќешниот пожар.
Лондонската противпожарна бригада соопшти дека нема извештаи за повредени и дека причината за пожарот сè уште не е позната, пренесува Би-би-си.
На самото место беа ангажирани повеќе од 10 противпожарни возила со 80 пожарникари за да се справат со пламените јазици.
🚨VIDEO: London Fire dealt with a historic church blaze Thursday night pic.twitter.com/DxAqxicOuu #news #TheFOXposts
— The FOX Posts (@thefoxposts) January 27, 2023
На жителите што живеат во областа им беше препорачано да ги држат своите прозорци и врати затворени, а полицијата побара од јавноста да ја избегнува областа за да им дозволи на службите за итни случаи да работат.
При интервенцијата пожарникарите употребиле скала висока 64 метри, највисока од ваков вид во Европа.
Pics from London Fire Brigade – church is destroyed with precious mosaics and architecture lost – the church is not far from Abbey Road Studios pic.twitter.com/SnJpqyHzc6
— media:man 🔍🎬 (@chrishainstock) January 27, 2023