Контакт

Свет

(Видео) Американците ја враќаат дома руската агентка Марија Бутина

Објавено пред

Марија Бутина конечно се враќа дома откако помина повеќе од една година зад решетки во бизарен случај на антируска хистерија во кој активистката за оружје беше оцрнета во медиумите и затворена како нерегистриран странски агент, пренесува РТ.

Вашингтон соопшти дека Бутина, што САД ја сметаат за наводен руски шпион, денес ќе биде депортирана од Мајами, а рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, потврди дека таа утре наутро ќе пристигне во Москва.

„По повторените барања на амбасадата да се разјасни процедурата за враќање на Бутина во Русија, добивме конечен одговор дека на 25 октомври Марија ќе биде префрлена од сојузниот затвор во Талахаси во миграцискиот центар, од каде истиот ден ќе полета за Москва”, посочи Антонов.

Бутина беше уапсена на 15 јули 2018 година во Вашингтон и обвинета дека е нерегистриран агент на странска влада, односно на Руската Федерација, која за своите активности не ја известила американската влада и учествувала во заговор против неа.

Со други зборови, како што објавија американските медиуми, Бутина била руски шпион. Таа беше обвинета за развој на односи со американски лица и инфилтрирање во организации кои имаат влијание врз американската политика заради остварување на интересите на Руската Федерација.

Американското министерство за правда утврди дека Русинката од 2015 до 2017 година работела според упатства на висок официјален претставник на руската влада. Министерството објави дека тој функционер е под санкции, а американските медиуми открија дека станува збор за Александар Торшин, функционер на Руската централната банка. Шпанските иследници го поврзуваат Торшин со руската мафија и перење пари во странски банки.

Тие двајца со години се познати меѓу американските конзервативци и активистите за право на поседување оружје во НРА, најможната лоби-група во САД за правото на поседување оружје. Бутина основала руска верзија на здружението, наречено Право на носење оружје и често гостувала на конференциите на активистите за оружје, а високи претставници на НРА гостувале на руски конференции на нејзина покана.

Подоцна се дозна дека Бутина, исто така, учествувала на средби меѓу руски службеници и двајца високи функционери на Централната банка на САД (ФЕД) и американското Министерство за финансии во 2015 година.

На тие состаноци неколку луѓе блиски до тинк-тенк од Вашингтон кој ги организирал, учествувале Стенли Фишер, тогашен потпретседател на Управата на Американската централната банка, и Нејтан Шитс, тогашен потсекретар за меѓународни односи на Министерството за финансии.

Бутина беше уапсена во средината на 2018 година и осудена на 18 месеци затвор. Таа прифати спогодба со која призна вина откако беше задржана во самица и побара изрекување казна. Во спогодбата, Бутина е претставена како марионета на руските моќници, кои ѝ помогнале да се инфилтрира во НРА и Републиканската партија за да работи за руските интереси.

Интересно е тоа што Бутина беше обвинета само неколку дена откако американското обвинителство поднесе обвинение против 12 руски функционери од воени разузнавачки служби, осомничени за вмешаност во изборите во САД во 2016 година, а само неколку часа по состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Италија: Стабилен раст на новозаболени, воведени дополнителни мерки

Објавено пред

Растот на новозаболени со коронавирус во Италија е стабилен – во изминатите 24 часа се регистрирани 1.766 позитивни на коронавирусот.

Расте бројот на пациенти кои се лекуваат на единиците за интензивна нега, а во моментов има 254 од нив, а бројот на смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа е 17.

Последните денови, повеќе од сто илјади луѓе се тестираат на вирусот во Италија секој ден, а за време на викендите тој број е помал – во последните два дена биле тестирани 20.000 луѓе.

Најмногу заразени има во регионот Кампања – 245 нови случаи.

Во таа, како и во другите италијански региони, е во сила одлуката да се носи заштитна маска на отворено, почнувајќи од деца постари од 6 години, забрането е собирање, а баровите и рестораните работат до 22 часот.

Во Сицилија, мерката ќе биде воведена на 1 октомври и ќе трае цел месец, најави претседателот на регионот, Нело Мусумечи.

Исто така, на островот, сите посетители и локалното население што се враќаат од други земји мора да подлежат на брз тест за корона вирусот и да се пријават преку интернет на веб-страницата на регионалната здравствена установа.

Според изјавата на владиниот техничко-научен комитет задолжен за следење на епидемијата на коронавирус, во повеќето италијански региони Rt факторот, кој ја покажува стапката на ширење на вирусот врз основа на голем број параметри, е под 1, во некои 0,95, а ако ја премине линијата 1, тоа е знак дека Ковид-19 започнал експоненцијално да се шири.

Од почетокот на пандемијата во Италија, вкупно 309.000 лица се заразија со коронавирусот, од кои сто илјади во провинцијата Ломбардија, која беше епицентар на инфекцијата на врвот на пандемијата.

Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата во Италија е 35.835, а оздравеле 224.417 пациенти кои биле заразени.

Прикажи повеќе...

Свет

Поранешeн менаџер на кампањата на Трамп се заканувал со самоубиство, сместен во болница

Објавено пред

Поранешниот менаџер на изборната кампања на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, Бред Парскале, е сместен во болница затоа што се заканувал дека ќе изврши самоубиство.

Според Си-ен-ен, настанот се случил вчера, а во моментот кога тој се заканил дека ќе си го одземе животот, Парскале бил сам во својот дом во Форт Лодердејл, Флорида, и бил вооружен со огнено оружје.

Неговата сопруга за сè ја известила полицијата, која по успешните преговори го извадила од куќата и го префрлиле во болница.

Минатото лето, Парскале е сменет од позицијата управител на кампањата на Трамп за претстојните претседателски избори во САД, но тој сепак задржал истакната позиција, иако од тогаш ретко се гледал во изборниот штаб на Трамп.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел го посетила Навални во болница

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел го посетила рускиот опозициски лидер Алексеј Навални за време на закрепнувањето во берлинската болница „Шарите“.

Тоа укажува колку германската канцеларка сериозно и внимателно му приоѓа на овој случај, објавија германските медиуми.

Претставникот на Ангела Меркел не сакаше да ги коментира овие информации објавени од германски „Шпигел“.

Германската влада претходно соопшти дека тестовите спроведени во Германија, Франција и Шведска покажале дека Навални е отруен со нервен отров новичок и побара официјално објаснување од Кремљ.

Москва негираше каква било поврзаност со случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Притвор за десетмина дрвокрадци кои претепааа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион1 час

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Македонија2 часа

Владата донесе уредба за начинот на реализирање на наставата

На вчерашната владина седница е донесена уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните...

Економија2 часа

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница, ја разгледа Информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Свет2 часа

Ерменското Министерство за одбарана: Азербејџан претрпе големи загуби

Претставникот на Министерството за одбрана на Ерменија, Акркрун Ованисјан, изјави дека азербејџанската армија претрпела големи загуби во судирот во Нагорно-Карабах...

Македонија3 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија15 часа

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија15 часа

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион16 часа

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет17 часа

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет18 часа

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ19 часа

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија20 часа

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија20 часа

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ22 часа

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа22 часа

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет22 часа

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Топ24 часа

Кривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека...

Европа1 ден

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен...

Свет1 ден

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат...

Досие