Контакт

Вести

(Видео) Апокалиптични сцени од Калифорнија: Десетина илјади луѓе евакуирани поради пожар

Објавено пред

Десетина илјади луѓе се евакуирани на северот на Калифорнија поради голем шумски пожар. Загрозени се неколку населби, а засега не е познато дали има жртви или повредени.

Полицијата соопшти дека евакуацијата важи за целиот град Парадајз, кој има 27 000 жители и се наоѓа на околу 300 километри од Сан Франциско.

Пожарот се шири брзо поради силниот ветер, сувата трева и ниската влага во воздухот. Над Парадајз се издигнал густ црн чад кој можел да се види од оддалеченост од неколку километри.

Затворен е и автопатот во тој тел, а националната метеоролошка сллужба издаде црвен аларм за опасност од пожарите во повеќе делови на Калифорнија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Објавено пред

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот за одбрана на Турција, Халуси Акар.

„Една од можностите, која е многу веројатна, е дека тие ја напуштиле државата три до четири часа откако го убиле. Можеби го изнеле распарченото тело на Кашоги во багажот без проблем благодарение на нивниот дипломатски имунитет“, рече Акар на намеѓународна коференција во Канада за Си-ен-ен на турски јазик

Кашоги, кој беше колумнист за „Вашингтон пост“, беше убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври, што предизвика глобална осуда на Саудиска Арабија и принцот Мохамед бин Салман.

Ријад од тогаш објави многу контрадикторни соопштенија за неговото исчезнување, сè додека, две недели подоцна, не призна дека Кашоги е убиен во саудискиот конзулат.

Турција претходно соопшти дека 15 лица учествувале во убиството, а дека меѓу нив имало и двајца експерти од „тимот за чистење“ како и дека телото на Кашоги било распарчено, а потоа стопено во киселина и фрлено во канализација.

Саудискиот јавен обвинител објави дека телото на Кашоги било распарчено, а потоа отстрането од објектот и предадено на неидентификуван локален соработник.

ЦИА вчера објави дека принцот Мохамед го нарачал убиството. Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека заклучокот е преран и додал дека ќе почека до вторник да го добие комплетниот извештај за случајот „Кашоги“.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) САД: Запленети 18,5 тони кокаин вреден 500 милиони долари

Објавено пред

Американските власти запленија 18,5 тони кокаин чија вредност е 500 милиони долари. Дрогата е запленета од 15 брода во источно-пацифичкиот регион, соопшти американската крајбрежна стража.

Во акцијата учествувале голме број чамци на Крајбрежната стража, а уапсени се 49 осомничени на кои ќе им се суди во Флорида.

Агенцијата „Асошиејтед прес“ наведува дека кокаинот и понатаму е една од најкористените нелегални дроги во САД, каде се наоѓа и најголемата количина на кокаин во светот.

„Постојат загрижувачки податоци дека употребата и достапноста на кокаинот е во пораст во САД, првпат во последните 10 години“, се наведува во извештајот на Стејт департментот за глобалната трговија со дрога за 2017 година.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Објавено пред

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави Би-би-си. Во пожарот кој беснее осум дена уништени се илјадници домови.

Сепак, објави Би-би-си, наглото зголемување на бројот на исечзнати – од 631 до 1,011 за 24 часа – можеби не е точно. Шерифот Кори Хонеа рече дека во листата на исчезнати можно е исти лица да се заведени и пријавено дупло.

„Сакам да разберете дека ова е динамична листа. Информациите што ги добивам се првични податоци и веруваме дека постои можност листата да содржи дупликати имиња“, рече тој.

Властите, исто така, предупредија дека некои од лицата на листата можеби се во ред, но нивните блиски се обидуваат да ги најдат или не можат да ги контактираат. Меѓутоа, исто така, меѓу загинатите може да има и луѓе кои досега никој не ги пријавил дека се исчезнати.

Пожарот, кој е најсмртоносен во историјата на Калифорнија – уништи 142.000 хектари земјиште, вклучувајќи го и најголемиот дел од градот Парадајс, во кој живеат 27.000 луѓе. Вкупно 47.000 лица се евакуирани.

Претседателот Доналд Трамп најави дека денеска ќе отпатува во Калифорнија.

Засега не се знае причината за пожарите, а истрагата продолжува. Неколку луѓе веќе поднесоа тужба против локалната енергетска компанија, наведувајќи дека пожарот започнал од далековод.

Ниската влажност, топлите ветрови и сувото тло по еден месец без дожд се причините за брзото ширење на пожарот.

Прикажи повеќе...

Најново

Фото: Илустрација Фото: Илустрација
Македонија1 минута

Запален автомобилот на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на концертот на Чолиќ

Непознати лица утрово во 3.50 часот му го запалиле автомобилот на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која кај нас...

Македонија3 минути

Анѓушев по појадокот кај Курц: Ќе вложиме напори за да обезбедиме подобар живот за граѓаните

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев присуствуваше на официјалниот работен појадок кој го организираше Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц...

Македонија45 минути

(Видео) Скајп, МСН и е-маил комуникациите на обвинетите меѓу доказите за „Монструм“

Како што изјави Катерина Јовановска, началник на Одделението за дигитална форензика во МВР, по наредба од судот на 1 мај...

Европа2 часа

Гласањето за доверба на Тереза Меј зависи од уште шест писма

Шест писма ќе одлучат дали довербата во Тереза Меј ќе биде ставена на тест. На противниците на британската премиерка, Тереза...

Регион2 часа

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово,...

Економија2 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија3 часа

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија4 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија5 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија16 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт16 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа19 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести20 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија21 час

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет23 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија23 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски1 ден

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет1 ден

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион1 ден

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Досие