Свет
(Видео) Астероид утрово удри во атмосферата на Земјата: граѓаните снимија огнена топка
Со оглед на тоа дека сме во ера на голем технолошки напредок, мали се шансите човештвото да биде изненадено од астероид. Но, тоа се случи утрово на небото над Филипините. Само неколку часа по неговото откривање, изгоре во силен блесок над островот Лузон.
Catalina Ski Survey на НАСА го откри малиот астероид, наречен 2024 RV1, само неколку часа пред да влезе во атмосферата на Земјата. Беше широк околу еден метар и не претставуваше никаква закана. Иако извештаите велат дека удри во Земјата, во реалноста удри само во атмосферата, каде што изгоре, велат познавачите.
𝗪𝗘𝗟𝗖𝗢𝗠𝗘 𝗧𝗢 𝗘𝗔𝗥𝗧𝗛, 𝗔𝗦𝗧𝗘𝗥𝗢𝗜𝗗 𝟮𝟬𝟮𝟰 𝗥𝗪𝟭! ☄️
Here's a clear shot of the much-awaited small asteroid 2024 RW1 (#CAQTDL2) burning bright into a greenish 'fireball' over Lal-lo, Cagayan around 12:39 AM PhST, 05 September 2024. Did you see it too? 😊
— ScienceKonek (@sciencekonek) September 4, 2024
Видеото направено од северниот врв на Филипините покажува блескава огнена топка делумно замаглена од облаци.
Ова е деветти пат да биде откриен астероид пред да стигне до Земјата, иако Европската вселенска агенција соопшти дека астероид од еден метар удира во Земјата на секои две недели.
Според написите во медиумите, иако овој астероид не беше опасен, тоа не е секогаш случај.
Уривањето и експлозијата на метеоритот Урал во 2013 година се случија во 9.30 часот (3:30 UT) на 15 февруари 2013 година над Урал, најмногу влијаејќи на градот Чељабинск, Русија, и соседните области, вклучувајќи го и Казахстан. Експлозијата била предизвикана од мал астероид КЕФ-2013, кој влегол во атмосферата и експлодирал на висина од 30 до 50 километри. Експлозијата предизвика ударен бран, кој неколку моменти по експлозијата ги скрши прозорците во градот и оштети речиси 3.000 згради. Скршеното стакло и ударниот бран повредија приближно 1.200 луѓе, кои побарале помош во локалните болници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател
САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Според белешката на веб-страницата на американското Министерство за финансии, САД ги отстранија ознаките за глобални терористи од ал-Шариа и сирискиот министер за внатрешни работи Анас Хатаб. Велика Британија, исто така, денес ги укина санкциите врз сирискиот претседател, еден ден откако Советот за безбедност на ОН го стори истото.
Портпаролот на Европската унија денес изјави дека одлуката на ОН ќе влијае и врз мерките на ЕУ. Ал-Шариа и Хатаб претходно беа под финансиски санкции кои беа насочени кон Исламска држава и Ал Каеда.
фотo: принтскрин
Свет
Универзитетот Корнел постигна договор со Трамп за деблокирање на парите за истражување
Универзитетот Корнел денес објави дека постигнал договор со администрацијата на Трамп за моментален поврат на повеќе од 250 милиони долари од финансирањето за истражување кое беше замрзнато од април.
Претседателот на Корнел, Мајкл Котликоф, во соопштението изјави дека универзитетот ќе ѝ плати на владата 30 милиони долари и ќе инвестира дополнителни 30 милиони долари во земјоделски истражувања во текот на три години како дел од договорот.
Тој нагласи дека ниту една владина истрага или преглед на работата на универзитетот не открила дека ги прекршил законите за граѓански права. Администрацијата се согласи да ги затвори сите истраги.
Министерката за образование, Линда Мекмахон, објави на платформата X дека договорот е уште една победа во напорите за ставање крај на „поларизирачките политики на DEI“ на врвните американски универзитети кои ја сочинуваат таканаречената Ајви лига.
Администрацијата на Трамп го замрзна финансирањето на универзитетот во април бидејќи рече дека не направил доволно за борба против антисемитизмот.
Администрацијата на Трамп врши притисок врз врвните американски универзитети поради пропалестинските студентски протести, кои ги смета за антисемитски, и политиките насочени кон поттикнување на различноста, кои ги смета за дискриминаторски.
Харвард, најбогатиот и најстариот универзитет во Соединетите Американски Држави, е исто така цел на администрацијата на Трамп и започна правна битка, но сè уште бара спогодба. Трамп во септември изјави дека договорот со Харвард е блиску.
Универзитетот Колумбија и другите американски универзитети постигнаа договори со Трамп ова лето.
фото: принтскрин
Свет
ОН дискутираше за човековите права во САД, американските претставници не се појавија
САД станаа втората земја по Израел што одби да учествува во дебатата на ОН за состојбата со човековите права во својата земја, оставајќи празни места на сесијата на Работната група на Советот за човекови права на ОН во Женева денес.
САД, исто така, не достави национален извештај пред состанокот, соопшти работната група, со што официјално е евидентирана „несоработката“ на Вашингтон. Одлуката нема непосредни последици, а групата ги повика САД повторно да се приклучат на процесот подоцна. Во соопштението од американската мисија во Женева се вели дека ОН „се преправа дека е загрижена за човековите права“, додека им дозволува на познатите злоупотребувачи да ја користат организацијата за „да се кријат од контрола“.
Во соопштението, исто така, се обвинува ОН за „постојана пристрасност против Израел“. Од 2008 година, од сите 193 земји-членки на ОН се бара да поминат низ таканаречен Универзален периодичен преглед (УПР) на нивната состојба со човековите права приближно на секои пет години. Потоа, земјите ги презентираат своите извештаи за напредок, додека други можат да постават прашања и да дадат препораки.
фото: принтскрин

