Свет
(Видео) Бил Гејтс: Тестирањето на коронавирус во САД нема смисла, резултатите се чекаат од 3 до 7 дена
Бил Гејтс изјави дека повеќето од тестирањата на коронавирус во САД се неупотребливи бидејќи треба премногу време за да се добијат резултатите, што не им овозможува на луѓето навреме да се самоизолираат во случај да се позитивни на Ковид-19.
„Моментно за резултати се чека во просек повеќе од три дена, понекогаш и седум. Никој не би требало да плаќа ниту еден долар за такво тестирање. Тоа е лудо“, рекол Гејтс во интервју за Си-ен-би-си.
Според него, резултатите треба да бидат побрзи за да може луѓето да одат во самоизолација ако се позитивни и така нема да го шират вирусот на други луѓе.
„Овие тестирања се неупотребливи и сите тие бројки за тоа колку многу тестираме, повеќето тестови немаат смисла“, порача Гејтс.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, веќе некое време нагласува дека во САД се врши голем број тестирања. Дури рекол дека САД предничат по секојдневната количина направени тестови.
Лабораториите во САД се борат со зголемениот број заразени и големата количина примероци. Резултатите од тестирањата доаѓаат дури по неколку дена, понекогаш и по една недела или подолго. Пациентите со највисок приоритет (хоспитализирани пациенти, здравстевни работници во болниците итн.) просечно ги добиваат резултатите за повеќе од два дена.
Молекуларното – ПЦР-тестирање е најсигурно на пазарот, но и со најмногу слабости во синџирот на снабдување. Компанијата „Квест дајагностикс“, еден од најголемите производители на ПЦР-тестови на Ковид-19 во САД, предупреди во понеделникот дека во изминатите неколку недели сè подолго се чека на резултатите од тестирањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина патник на лет од Париз
Патник почина на летот на „Ер Франс“ од Париз за Бостон и покрај обидот на лекарот да го спаси.
Патникот доживеал итна медицинска ситиуација за време на повратниот лет за Бостон, според извештаите, пишува „Дејли мејл“.
Полицијата ја опиша смртта како „неочекувана“, но не соопшти повеќе детали.
Идентитетот на лицето нема да биде објавен додека најблиските не бидат известени.
Свет
Ердоган ги повикува сите земји да ги „држат рацете подалеку“ од Сирија, бидејќи Турција ќе ги уништи терористите
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика сите земји да ги „држат рацете подалеку“ од Сирија, бидејќи Турција има капацитет и способност да ги уништи сите терористички организации во земјата, вклучително и курдската милитантна група и Исламската држава.
За време на говорот во парламентот, Ердоган рече дека курдската милитантна група ЈПГ е најголемиот проблем во Сирија по соборувањето на поранешниот претседател Башар ал Асад, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека групата „ќе го исполни својот крај“ доколку не го положи оружјето.
Тој исто така рече дека доколку забранетата Курдска работничка партија го игнорира повикот на нејзиниот лидер Абдула Оџалан да го остави оружјето, Турција ќе ја постигне својата цел за елиминација „на друг начин“.
Свет
(Видео) Рама на колена ja изненади италијанската премиерка Мелони со шaл и роденденска песна
Албанскиот премиер Еди Рама денеска и подари шал на својата италијанска колешка Џорџа Мелони и и пееше роденденска песна за да го прослави нејзиниот 48-ми роденден.
Edi Rama – Giorgia Meloni – Abu Dhabi – Birthday gift pic.twitter.com/GvGktJu1c9
— News video (@Newsvideo13) January 15, 2025
Рама, кој е многу повисок од Мелони, клекна на колена за да и даде подарок и да и отпее „танти аугури“ (среќен роденден) додека двајцата лидери присуствуваат на Светскиот самит за идна енергија во Абу Даби.
Шалот е дело на италијански дизајнер кој се преселил во Албанија, и објасни Рама на Мелони.
Двајцата лидери имаат добри работни односи и покрај нивните спротивни политички убедувања, пишуваат медиумите во регионот.