Контакт

Европа

(Видео) Британија ги евакуира своите граѓани од Вухан

Објавено пред

Авион со 83 британски и 27 државјани од други европски земји полета од Вухан, кинескиот град што се смета за жариште на коронавирусот.

Британското Министерство за надворешни работи на својата интернет-страницата објави дека се очекува авионот да слета околу 13 часот.

Потоа, ќе продолжи кон Шпанија, каде одговорноста за преостанатите патници ќе ја преземат нивните земји.

„Знаеме колку е вознемирувачка ситуацијата за оние што чекаат да го напуштат Вухан. Работиме деноноќно за да обезбедиме безбедно заминување“, изјави британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб.

Набргу потоа се огласи министерот Мајкл Гов, кој најави дека Велика Британија ќе испрати уште еден авион до Вухан доколку тоа е потребно за да се евакуираат сите британски граѓани.

Според најновите податоци, од коронавирусот досега починале 213 луѓе, додека 9.692 се заразени.

Вчера Светската здравствена организација прогласи глобална здравствена криза како резултат на коронавирусот, откако бројот на заразени за една недела се зголеми за повеќе од 10 пати.

Европа

Грција ѝ нуди помош на Турција по земјотресот

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека на пет лица повредени во земјотресот им била извршена операција, а осуммина се на интензивна нега. Ердоган додаде дека телефонски разговарал со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додавајќи дека грчката влада е подготвена да испрати помош за Турција.

Земјотрес со јачина од 7 степени го погоди Егејското Море јужно од градот Измир на западниот брег на Турција.Земјотресот се почувствувал сè до Истанбул. Досега е потврдено дека загинале 14 лица, а повеќе од 400 се повредени. Двајца тинејџери загинале во Грција, когаа врз нив се срушил ѕид кога се враќале од училиште.

Прикажи повеќе...

Европа

Уште еден земјотрес ја погоди Турција

Објавено пред

Уште еден земјотрес со јачина од 5,1 степен ја погоди Турција. Земјотресот е регистриран на 74 километри од Измир, пренесува ЕМСЦ.Нов земјотрес е регистриран на длабочина од пет километри, а бил почувствуван и на бреговите на Грција.

ЕМСЦ известува дека по ова било почувствувано и тресење на тлото со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала на 47 километри западно од Сока.

Во водите на Егејско Море попладнево е регистриран земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала. Речиси 20 згради се урнаа во областите на западниот турски град Измир. Според досегашните податоци, шест лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Велика Британија секојдневно речиси 52.000 новозаболени од Ковид-19

Објавено пред

Во Велика Британија речиси 52.000 нови случаи се регистрирани речиси секој ден оваа недела.

Тоа е големо зголемување во споредба со претходната недела кога дневниот пораст на бројот на пациенти беше околу 35.000, според податоците објавени од Националното биро за статистика (ОНС).

Истражувањето на ОНС за епидемијата проценува дека 568.100 луѓе имале Ковид-19 помеѓу 17 и 23 октомври, што е повеќе од 433.300 претходната недела, пренесува „Ројтерс“.

Се проценува дека оваа недела еден од 100 луѓе во Англија добил Ковид-19, а минатата недела тој однос бил 1 спрема 130.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Нов рекорд во Србија – потврдени 1.817 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани рекордни 1.817 нови случаи на коронавирус, а починале шест лица. Тестирани се...

Македонија4 часа

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на сегашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на 27 април 2017 година во Собранието....

Македонија4 часа

Кафе-барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа и покрај забраната

Кафе-барот „Интермецо“ продолжил со работа и покрај забраната од 30 дена што ја изрече Општина Центар заради бучава. Градоначалникот на...

Свет5 часа

(Видео) Снимки од дрон го покажуваат ужасот по земјотресот во Измир

Снимките направени со дрон го покажуваат ужасот што го остави силниот земјотрес што вчера го погоди турскиот град Измир. Може...

Регион5 часа

Во Словенија 1.796 новозаболени со коронавирус и 23 починати

Во текот на претходниот ден, во Словенија се регистрирани 1.796 новозаразени со коронавирус, а 23 лица починаа. Процентот на позитивни...

Македонија6 часа

Мицкоски: Потребни се бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека се потребни бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички. „Образованието...

Македонија6 часа

УНИЦЕФ: Училиштата да се затворат единствено тогаш кога нема други алтернативи

Училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат, изјави Патриција ди Џовани, претставничка...

Македонија6 часа

Милевски: По 40 години, Пониква добива реконструирани ски лифтови

Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта издвои средства да се реконструира патот за еден помасовен туризам на Пониква, а...

Регион6 часа

Во Хрватска 2.769 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.769 нови случаи на коронавирус, а 15 лица починаа, објави Националниот штаб...

Свет8 часа

Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 24

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос се искачи...

Свет21 час

Сведоштва: Луѓето трчаа во паника, улиците се преплавени со мртви риби

Луѓето панично трчаа во турскиот град Измир, изјавија очевидци, откако земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала започна...

Македонија22 часа

Ексминистерот Наќе Чулев заразен со Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен...

Свет22 часа

(Видео) Бројот на жртви во земјотресот во Турција се искачи на 14, над 400 лица се повредени

Бројот на жртви во денешниот земјотрес кој се случи во Турција и Грција, се искачи на 14. Епицентарот на земјотресот...

Свет23 часа

Меркел е против затворање на границите на ЕУ поради Ковид-19

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека е против затворање на границите во рамките на земјите-членки на Европската Унија во услови...

Македонија24 часа

Вучиќ, Рама и Заев разговараа за обновување на иницијативата за регионална соработка

Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија – претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев денеска одржаа состанок...

Регион24 часа

Вучиќ: Од 10 ноември без ПЦР-тест меѓу Србија, Албанија и Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека биле донесени неколку важни одлуки на видеосостанокот на тема „Мал шенген“, чија имплементација...

Македонија1 ден

Обвинителството отвори истрага за Лидија Димова за злоупотреба на европските фондови

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за директорката на Националната агенција за европски образовни програми...

Македонија1 ден

Бојан Јовановски оди во домашен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина...

Македонија1 ден

Царовска: Нема ширење на Ковид-19 во училиштата

Немаме ширење на Ковид-19 во училиштата, додека не се создадат услови за затворање, остануваме на овој модел, изјави министерката за...

Македонија1 ден

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Досие