Контакт

Свет

(Видео) Бројот на жртви во силниот земјотрес во Јапонија се искачи на осум лица

Објавено пред

Најмалку осум лица го загубија животот во земјотресот со јачина од 6,7 степени по Рихтеровата скала, кој предизивка и лизгање на земјиштето во Јапонија.

Откако почна потрагата на спасувачките екипи, пет тела биле пронајдени под урнатините на куќите. И натаму голем број луѓе се водат за исчезнати. Десетици жители на градот Асум, каде што лизгањето на земјиштето буквално проголта стотици домови, пријавиле дека нивните најблиски се исчезнати.

Аеродромите, како и голем број патишта на островот се затворени по земјотресот.

Премиерот Шинзо Абе по катастрофата рече дека 25 000 војници и спасувачки екипи ќе бидат веднаш испратени во областа за да помогнат во спасувачките операции. Неговата Влада формираше специјална единица во центарот за управување со кризи за информации за земјотресот.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Мишел Обама откри непознати детали од приватниот живот

Објавено пред

Во својата нова книга „Станување“ поранешната прва дама Мишел Обама се осврнува на настаните од минатото, на претседателот Доналд Трамп, и напиша неколку интимни детали за својот брак и ќерките.

Таа објасни зошто не ѝ се допаѓа ставот на денешниот претседател и од што е најмногу разочарана. Таа се сети како Трамп за време на својата кампања го критикуваше Барак Обама и инсистираше на тоа дека тој, всушност, е роден во Кенија, а не во Хаваи.

Освен критиките на сметка на Трамп, Мишел се присети како претседателскиот мандат на нејзиниот сопруг влијаеше на нивните ќерки Малија и Саша. Фактот дека претседателот им е татко имал несомнено влијание врз нивното растење. Девојчињата постојано биле под придружба од тајната служба, а и секој што ќе им се приближел.

Незгоден момент се случил кога постарата ќерка Малија побарала од родителите „нормално” одење на матурска забава. Тоа значело седење во автомобил со некој непознат и за првпат без придружба на личен телохранител.

Прикажи повеќе...

Свет

Британија и ЕУ се договорија околу нацрт-договорот за брегзит

Објавено пред

Претставници на Велика Британија и ЕУ се договорија околу нацрт-текстот на договорот за брегзит по големиот пробив во преговорите. Извор од кабинетот на Владата за Би-би-си изјавил дека е постигнат договор за документот на техничко ниво по што преговорите се зајакнати.

Состанок на кабинетот на министри на британската влада ќе се одржи утре, а на него премиерката Тереза Меј ќе побара поддршка од министрите за договорениот нацрт-договор за брегзит. Пред состанокот секој од министрите ќе има одделна средба со  премиерката. За време на преговорите најмногу недоразбирања произлегле околу границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска.

Британската премиерка, Тереза Мeј, и Европската Унија го решаваат прашањето за брегзит на начин што ќе ја претвори Велика Британија во колонија, изјави претходно поранешниот британски министер за надворешни работи, Борис Џонсон.

„Никој не наседнува на овој театар. Едно одложување за друго режирано одложување. Ќе биде постигнат договор што ќе означи предавање на Обединетото Кралство“, напиша Џонсон на „Твитер“.

Според британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, договорот за брегзит е 95 отсто завршен, но не е јасно во овој момент кога ќе завршат и разговорите.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Си-ен-ен ја тужи Белата куќа

Објавено пред

Телевизиската мрежа Си-ен-ен поднесе тужба против администрацијата на Трамп во обид да го врати пристапот до Белата куќа на новинарот Џим Акоста, чии акредитации беа одземени претходната неделава. Тужбата е поднесена во Окружен суд во Вашингтон.

„Непрописното одземање на акредитациите го крши правото на слободата на печат на Си-ен-ен и на Акоста кои произлегуваат од Првиот амандман за слободата на печатот и Петтиот амандман за правото на правичен процес“, се наведува во соопштението.

Администрацијата на Трамп минатата недела ја одзеде акредитацијата на Акоста, откако тој го оспори ставот на американскиот претседател дека караванот на мигранти од Централна Америка е „инвазија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски во притвор

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски од рано изутрина се во притвор. Адвокатот Еленко Миланов за ,,Макфакс” ја потврди информацијата дека...

Македонија11 час

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија12 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија13 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија14 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија16 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања17 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија17 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток18 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија18 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија19 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток19 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија22 часа

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет22 часа

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија22 часа

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа22 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет22 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија24 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија1 ден

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија1 ден

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Досие