Контакт

Свет

(Видео) Бројот на загинати во автобуската несреќа во Индија се искачи на 55 лица

Објавено пред

Бројот на лица загинати во сообраќајна несреќа што се случи денеска во јужна Индија се искачи на 55 лица, а повеќе луѓе се повредени.

Несреќата во која автобус што превезувал верници од индиски храм излетал од патот во бездна на југот од Индија е една од најлошите несреќи оваа година, велат властите.

Возачот изгубил контрола над возилото додека се обидувал да избегне друг автобус, изјави локален претставник, кој се претставил како Нарендар.

Автобусот, кој припаѓа на државната транспортна мрежа во државата Теленгани, се враќал од храм што се наоѓал на врвот на ридот во областа Џагтал, на 190 километри од Хајдерабад, главниот град на таа индиска држава, изјави локален официјален претставник.

Регион

Грчки танкер се насука во Егејското Море, досега нема загадување

Објавено пред

Од

Еден грчки танкер со илјада тони нафта се насука утринава во близина на пристаништето на грчкиот остров Милос во Егејското Море, но „засега нема информации за истекување на нафта“, велат од пристанишната полиција.

„Испловувајќи од Лезбос, остров на североистокот од Егејското Море, во насока на Милос, на југоисток, танкерот ‘Фрес’ со грчко знаме се насука во водите пред пристаништето Адамас на Милос.  Засега нема повредени ниту, пак, дојде до загадување”, изјави претставник на канцеларијата за односи со јавноста на пристанишната полиција.

Во сопственост на грчката поморска компанија регистрирана во Пиреа, големо пристаниште во близина на Атина, во „Фреш“ има 16 членови на екипажот, и сите се од грчка националност.

„Сите се живи и здрави”, изјави официјалното лице.

Прикажи повеќе...

Европа

„Епл“ ѝ плати 14,3 милијарди евра данок на ирската Влада поради незаконски даночни олеснувања

Објавено пред

Од

Компанијата „Епл“ ѝ уплати на ирската Влада данок од 14,3 милијарди евра, колку што Европската комисија пресуди дека американскиот технолошки гигант должи во име на незаконски даночни олеснувања.

Ирското Министерство за финансии ја оцени оваа исплата како „значајна пресвртница”, иако Даблин тврди дека „Епл“ немал никаков специфичен даночен третман, објави Би-би-си.

Во 2016 година Европската комисија заклучи дека ефективна даночна стапка од помалку од 1,0 отсто која компанијата ја плаќала во Ирска претставува нелегална државна помош.

Епл се жалеше на таа одлука.

Даблин, исто така, ги оспорува заклучоците на ЕК, додава Би-би-си ѝ ја цитира изјавата на министерот за финансии, Паскал Донахју, дека владата „во суштина не се согласува со анализата на Комисијата”.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Жена почина од западнонилска треска во Србија

Објавено пред

Од

На Клиниката за инфективни болести во Ниш се хоспитализирани двајца пациенти со западнонилска треска, од која пред неколку дена на таа клиника почина една пациентка од Крушевац, рече директорот на таа институција, Миодраг Врбиќ.

Здравствената состојба на едниот заболен е сериозна, тој се наоѓа во животна опасност, а другиот е добар – изјави д-р Врбиќ.

Според Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут” од западнонилска треска, болест која се пренесува со убод од комарец, во Србија заболеле 286 лица, а 29 лица починале.

Прикажи повеќе...

Најново

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија3 минути

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел врз одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница вели Димитар Апасиев , еден од подносителите на...

Македонија4 минути

(Видео) Петров: Одлуката на Уставниот суд ќе го зацврсти ставот за бојкотирање

Одлуката на Уставниот суд за нас не е прифатлива, вели Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес, откако со 7 гласа...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток41 минута

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија58 минути

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ1 час

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток1 час

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести3 часа

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија4 часа

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија4 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија23 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура1 ден

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ1 ден

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет2 дена

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Досие