Свет
(Видео) Вонредна состојба во Ирска и Шкотска: откажани летови и затворени училишта поради невремето Еовин

Поради невремето Еовин, училиштата и универзитетите денеска се затворени во Ирска и Шкотска, а откажани се и голем број летови од аеродромите во Глазгов, Единбург и Даблин, како и поаѓањето на траектите во Ирското Море.
Аеродромот во Даблин објави дека авиокомпаниите откажале повеќе од 110 планирани полетувања и 110 пристигнувања за денеска, заклучно со 3.30 часот, објави „Скај њуз“.
„Во вториот дел од денот можни се натамошни откажувања и доцнења на летови“, се наведува во соопштението.
Аеродромите во Глазгов и Единбург соопштија дека десетици полетувања и пристигнувања биле откажани во текот на денот.
Powerful windy hit due to Storm Éowyn in Spanish Point of County Clare, Ireland 🇮🇪 (24.01.2025)#Storm #StormÉowyn #StormEowyn #weather pic.twitter.com/tXjjNHxF6y
— Kiran Joshi ( Follow Back 100%) Live #Ukraine (@Kiranjoshi900) January 24, 2025
Неколку железнички оператори издадоа предупредувања „не патувај“, при што шкотската железница денеска ги прекина сите услуги во Шкотска велејќи дека нема да биде безбедно да се оперираат патничките услуги поради прогнозираните временски услови.
Предупредувањата за избегнување на патувања се однесуваат на патните рути низ северен Велс, Шкотска и Северна Англија.
Во Ирска е забележана најсилната просечна брзина на ветерот досега, со речиси 135 километри на час, која е измерена во Мејс Хед во 4 часот утринава.
Со оглед на предупредувањата за потенцијалните опасности од невремето Еовин, денеска ќе бидат затворени сите училишта во северна Ирска, како што најави вчера министерот за образование, Пол Гиван, а своите продавници ги затворија и синџирите на супермаркети „Лидл“ и „Теско“.
Затворени ќе бидат и судовите, каде што деловното работење, како што е најавено, ќе се одвива од далечина, како и здравствените установи, од каде што е најавено дека сите термини треба да се сметаат за откажани, освен ако на пациентите конкретно ме им се јавиле за да им кажат поинаку.
Ирските и британските метеоролошки агенции издадоа највисоко ниво на тревога за цела Ирска, Северна Ирска и делови од Шкотска и предупредија дека ветровите со јачина до 130 километри на час може да бидат опасни за животот.
Официјални лица рекоа дека тоа е првпат цела Ирска да биде ставена под црвен аларм по бурата Офелија во 2017 година, во која загинаа три лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ким Јонг Ун ги обвини САД за намерно продолжување на војната во Украина

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун рече дека САД и другите земји кои ја поддржуваат Украина во нејзината војна против Русија го продолжуваат конфликтот, додека напорите на Вашингтон да ги вклучи Киев и Москва во преговорите се чини дека се во полн замав. Клучниот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, Ким испратил повеќе од 11.000 војници за поддршка на руските сили од есента минатата година, според проценките на Украина, Јужна Кореја и западните земји.
Според Newsweek, севернокорејскиот лидер рекол дека САД и другите западни земји кои ја поддржуваат Украина „намерно“ ја продолжуваат војната во Источна Европа, според зборовите објавени вчера од државните медиуми. За време на посетата на Министерството за одбрана во Пјонгјанг, Ким рече дека овие земји „имаат нереален сон за стратешки пораз на Русија“.
Иако Кремљ ја мобилизираше својата одбранбена индустрија и насочи значителен дел од државниот буџет за вооружените сили, борбите уништија илјадници руски тенкови, оклопни возила и артилериски системи. Западните експерти се прашуваат колку долго руската економија може да го одржи сегашното ниво на трошоци за одбрана.
„Нашата армија и народ секогаш ќе ја поддржуваат и охрабруваат праведната кауза на руската армија“, рече Ким.
Украина зависи од помошта од Западот, а САД го обезбедуваат најголемиот дел од таа помош со години. Претседателот Доналд Трамп се врати на власт во ноември, ветувајќи дека ќе стави крај на војната во Европа за само 24 часа.
Иако сè уште не успеал, пишува Newsweek, Трамп започнал со напорите да ги собере руските и украинските лидери на преговарачка маса. Во саботата, тој за New York Post изјави дека разговарал со Путин, откако претходно во текот на неделата рече дека наскоро може да се сретне со Зеленски.
Свет
Захарова: Руските дипломати се под огромен притисок, добиваат смртни закани

Руските дипломати се под огромен притисок и добиваат смртни закани, изјави денеска Марија Захарова, официјална претставничка на руското МНР.
Во коментар за ТВ каналот „Русија-24“, таа истакна дека е важно секој дипломат „да ја живее судбината на својата земја“, пренесува агенцијата ТАСС.
„Кога се чини дека нема сила и не можете ни да замислите под каков притисок се нашите дипломати, се наоѓаат внатрешни ресурси. Тоа е искрен, вистински патриотизам“, рече Захарова.
Регион
Дојава за бомба во средно училиште во Загреб, полицијата: Учениците се безбедни

Извештај за закана за бомба дојде од Загребското стручно училиште за лични услуги, лоцирано на улицата Савска, објавија хрватските медиуми.
Полицијата по пријавата веднаш излегла на местото на настанот. Од загрепската полиција за хрватски Индекс потврдиле дека добиле пријава.
„По електронска порака која пристигна на адресата на воспитно-образовната установа, истата е евакуирана, а учениците се безбедни. Полициски службеници веднаш се испратени на местото на настанот и ги спроведуваат сите неопходни превентивни дејствија“, накратко изјавиле од полицијата.
Како што пренесе Индекс, полицијата нагласила дека учениците не се во животна опасност и побарала да не се шири непотребна паника. Нејасно е дали оваа дојава е поврзана со оние кои минатата недела пристигнаа на адресите на околу стотина средни училишта низ Хрватска. Сите дојави беа лажни.