Свет
(Видео) Во Мексико се урна покрив на црква за време на миса, најмалку седум загинати

Најмалку седум лица загинаа, а 10 се повредени, вчера, во Мексико, кога покривот на црквата се урна за време на миса во градот Сиудад Мадеро во североисточната држава Тамаулипас, соопшти локалната влада.
„Потврдена е смртта на седум лица, а десет повредени се спасени“, изјави портпаролот на службата за државна безбедност укажувајќи дека е во тек потрага по преживеани.
⚠️ Así fue el momento exacto del derrumbe del techo de la iglesia de la Santa Cruz en la colonia Unidad Nacional en #CiudadMadero, #Tamaulipas .
✝️ Van 12 fallecidos y más de 35 heridos, pues lamentablemente varias personas se encontraban allí celebrando un bautizo. pic.twitter.com/74IKG2Vgto
— Karla Murillo (@KarMurillo2) October 2, 2023
Снимките на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога се урна покривот на црквата и во воздухот се издигнаа сив чад, проследено со рушење на надворешните ѕидови.
Граѓанската одбрана на државата Тамаулипас, која се граничи со Тексас, објави фотографии од остатоците од црквата.
9 fallecidos y 40 heridos es el saldo hasta esta noche del derrumbe del techo de la Iglesia de la #SantaCruz en #CiudadMadero pic.twitter.com/sURbABpi5d
— Manuel Vazquez (@manuelva81) October 2, 2023
Бискупот Хозе Армандо Алварез од римокатоличката епархија Тампико рече дека покривот на црквата се урнал додека верниците се причестувале и повикал на молитви за жртвите и преживеаните.
⭕️🧑🚒 #ProtecciónCivilTamaulipas participa en el rescate de personas que se encontraban al interior de una iglesia en el municipio de #Madero.
En un trabajo coordinado entre autoridades Municipales, Estatales y Federales se realizan tareas búsqueda y rescate. pic.twitter.com/woYv8W333w
— Protección Civil Tam (@PCTamaulipas) October 1, 2023
„Се работи она што е неопходно за да се извлечат луѓето што сè уште се под урнатините“, рече Армандо во снимената порака споделена на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Босна и Херцеговина го забрани увозот на два тона мандарини од Хрватска

Властите на Босна и Херцеговина го забранија увозот на два тона мандарини од Република Хрватска бидејќи проверките на овошните примероци на границата покажаа присуство на пестициди, чија употреба е забранета во ЕУ од 2020 година.
Санитарната инспекција на Федерацијата Босна и Херцеговина зела мостри од пратка мандарини на граничниот премин Бијача, чија лабораториска анализа открила нелегална количина на пестицидот хлорпирифос, соопшти инспекциската служба.
Присуството на тој пестицид е спротивно на локалната регулатива за максималните нивоа на остатоци од пестициди во и на храната и добиточната храна од растително и животинско потекло.
Поради ова, инспекторите на Сојузната управа за инспекциски работи забраниле увоз на пратката со вкупна тежина од два тона, при што било наредено да се уништи. На почетокот на ноември надлежните од оваа институција добија наредба за зголемен надзор на увезените агруми по препорака на Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина.
Претходно овој месец, употребата на овој пестицид беше откриена во друга пратка со овошје од Хрватска. Употребата на пестицидите хлорпирифос и хлорпирифос-метил во земјите членки на ЕУ, како и во Босна и Херцеговина, е забранета од пролетта 2020 година.
Свет
Русија: Постои опасност Израел да употреби хемиско оружје

Русија е загрижена поради информациите што се појавија во медиумите за заканата дека Израел ќе употреби хемиско оружје или отровни хемикалии, изјави претставникот на Русија во ОПЦВ, рускиот амбасадор во Холандија, Александар Шулгин.
„Особено загрижувачки се информациите во медиумите, на пример, во весникот Middle East Eye и во други, дека под контрола на американските специјални сили од единицата ‘Делта форс’ израелските војници планираат употреба на нервен гас или друго хемиско оружје за да ги избрка противниците од подземните тунели“, рече Шулгин на седницата на ОЖО.
Тој посочи дека Русија се приклучува на повикот на Палестина и другите држави потписнички упатени до техничкиот секретаријат на ОЗХО да бидат во целосна подготвеност да преземат соодветни мерки во случај на потреба, предвидени во Конвенцијата за забрана на хемиското оружје и да реагираат оперативно и ефикасно на можни инциденти во иднина и на барањата на Палестина.
Русија го повикува Израел да ја ратификува Конвенцијата за хемиско оружје што е можно побргу, рече Шулгин.
Досега 193 земји се приклучија на Конвенцијата за забрана на хемиското оружје. Египет и Израел ја потпишаа конвенцијата, но не ја ратификуваа, Северна Кореја и Јужен Судан остануваат надвор од нејзината правна рамка.
Од 27 ноември до 1 декември во Хаг ќе се одржи 28. сесија на конференцијата на земјите членки на ОПЦВ, пренесува „Спутник“.
Свет
НАТО: Поддршката за Украина останува иста, без оглед на војната меѓу Израел и Хамас

Членките на НАТО денеска ја потврдија целосната поддршка за Украина, која не го изгубила својот интензитет поради конфликтот на Блискиот Исток.
„Потврдена е подготвеноста и поддршката за Украина, без оглед на конфликтот на Блискиот Исток. Всушност, оваа поддршка не изгуби ниту од својот интензитет“, изјави хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман по дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки.
Слична порака испрати и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој тврди дека сојузниците не се измориле да ја поддржуваат Украина, за што во последно време често се споменува.
„Мораме да ја поддржуваме Украина и ќе продолжиме да го правиме тоа. Секоја членка на НАТО изрази цврста и постојана поддршка за Украина“, рече Блинкен.
Тој рече дека очекува американскиот Конгрес да го одобри предлогот на претседателот Џо Бајден за дополнителна помош за Украина во следните неколку недели.
Денеска во седиштето на НАТО во Брисел се одржа првиот состанок на Советот НАТО-Украина, на кој меѓусебните односи се подигнати на повисоко ниво. Украина ја претставуваше министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој истакна дека неговата земја нема да се откаже од ослободувањето на територијата окупирана од Русија.
„Нашата стратешка цел, Украина во границите од 1991 година, во која е вклучен и Крим, останува непроменета“, рече Кулеба пред почетокот на состанокот. Тој посочи дека неговата земја не бара директно вклучување на Американците и Европејците на бојното поле, туку помош за да можат да се борат против рускиот агресор.
„Ова не е само за безбедноста на Украина, туку за безбедноста на целиот евроатлантски регион“, додаде украинскиот министер.