Контакт

Европа

(Видео) Во Париз уапсен маж што шетал со мачета

Објавено пред

Француската полиција уапси маж што бил забележан во центарот на Париз со мачета во рацете, изјави портпаролот на полицијата. Тој бил уапсен во хотелска соба откога претходно бил забележан на улиците на Париз.

Очевидци го пријавиле мажот во полиција, која набргу ја блокирала областа, додаде полицискиот портпарол.

„Едно лице со мачета беше пријавено во полиција. Никој не е повреден. Истрагата е во тек“, изјавија од полицијата за АФП.

Европа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Објавено пред

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со што се укинува обврската за 14-дневен карантин.

Компанијата „Аеропорти ди Рома“ (АДР), којa управува со аеродромот „Фиумичино“ во Рим, објави дека е постигнат договор меѓу италијанската авиокомпанија „Алиталија“ и американската „Делта ерлајнс“ за специјални летови помеѓу одредени северноамерикански градови и Рим од декември.

Слични воздушни коридори ќе бидат тестирани и меѓу Рим и Минхен и Франкфурт во Германија. Иницијативата следи по лансирањето на вакви домашни летови меѓу Рим и италијанскиот финансиски центар Милано.

„Целта на експерименталната фаза е да се процени ефикасноста и функционалноста на новиот начин на патување за да се направат патувањата подостапни во подготовките за летната сезона 2021 година“, се вели во соопштението на АДР.

Патниците ќе треба да имаат негативен тест не постар од 48 часа пред поаѓањето, а ќе треба да направат и уште еден тест по слетувањето во Рим.

Аеродромот во Рим веќе има брзи тестови чии резултати се познати за 30 минути.

Прикажи повеќе...

Европа

Шведска го очекува врвот на вториот бран на коронавирусот на средината на декември

Објавено пред

Вториот бран на Kовид-19 што ја погоди Шведска може да го достигне својот врв на средината на декември, објавија денеска здравствените власти.

Тие посочија дека развојот на настаните ќе зависи од тоа колку јавноста ќе ги следи советите за социјална дистанца.

Во Шведска од коронавирус досега починале 6.622 лица, што е значително повеќе по глава на жител од соседните Норвешка, Данска и Финска, кои се определија за построги мерки во текот на пролетта, но бројките во Шведска се пониски од оние во поголемите европски земји.

Построгите ограничувања кои се на сила од средината на октомври, сепак, можеби помогнаа да се забави ширењето на болеста, а Агенцијата за јавно здравје соопшти дека вториот бран може да го достигне врвот во следните недели.

Шведска денес регистрираше 5.841 нови случаи и 67 смртни случаи.

Прикажи повеќе...

Европа

Франција бара ЕУ да воведе санкции за Турција

Објавено пред

Франција предлага по предупредувањето од октомври, Европската Унија следниот месец да воведе санкции против Турција, но сè уште не ја има поддршката од владите на ЕУ.

Париз наведува дека турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, не ги послушал предупредувањата на лидерите на ЕУ на 1 октомври – да се повлече од спорот за истражување гас во Медитеранот или да се соочи со последиците.

Франција не изготви детален план за санкции, но дипломатите велат дека мерките ќе влијаат на турската економија, веројатно во бродската, банкарската и во енергетската сфера, пренесува „Ројтерс“.

Европскиот парламент се очекува да побара санкции денеска осудувајќи ја посетата на Ердоган на отцепените кипарски Турци на северот на Кипар на почетокот на овој месец.

Франција е во конфликт со Турција и во врска со конфликтот во Нагорно-Карабах. Имено, Париз ја обвини Анкара за поттикнување на кризата на Кавказот, што земјата го отфрли.

„Турција знае што треба да прави“, рече францускиот министер за надворешни работи, Жан Ив Ле Дријан, на сослушувањето во парламентот во Франција оваа недела именувано како „Соочувањето или соработката зависи од нив“.

Турското Министерство за надворешни работи ја критикува ЕУ за дебатата за санкции велејќи дека таквата дискусија не е корисна.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија2 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа2 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион4 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија6 часа

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија7 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија7 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија9 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ11 час

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија11 час

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија12 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет12 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет12 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија23 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија1 ден

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија1 ден

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет1 ден

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен1 ден

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија1 ден

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија1 ден

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Досие