Европа
(Видео) Во Франција направена маска што убива вируси

Францускиот стартап направи маска за лице која убива вируси, вклучувајќи го и новиот коронавирус, против кој целиот свет се бори повеќе од една година.
Маските имаат посебен вируциден слој и му овозможуваат на корисникот скоро стопроцентна заштита од зараза, пренесува ХРТ.
Направени се два модела на вируцидни маски – оној со сертификат ФФП2 ќе се продава по цена од 1,49 евра, а цената на обична, хируршка маска што убива вируси ќе биде 44 центи.
„Посебна карактеристика на оваа маска е тоа што има вируциден слој што ќе го деактивира вирусот веднаш штом го допре. Ова ќе донесе дополнителна заштита бидејќи вирусите не само што ќе бидат фатени како во традиционалните маски, туку ќе станат безопасни“, вели Никола Бланшиман, истражувач на биоматеријали на Универзитетот во Лил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Московскиот државен циркус најави вакцинација на животните

Државниот циркус во Москва е подготвен да почне со вакцинација на животните за да ги заштити од коронавирусот, веднаш штом властите ги издадат потребните дозволи.
Директорот на циркусот, Едгар Запажњи, најави дека ќе ја промовира оваа акција меѓу неговите колеги и изрази уверување дека Русија ќе биде првата земја во која се вакцинираат животни, јави агенцијата ТАСС.
Европа
Чешка ќе бара Русија да плати отштета за експлозијата во магацинот за оружје

Долниот дом на чешкиот парламент усвои документ со кој се повикува владата да побара обештетување од Русија за експлозијата од 2014 година, во складиштето за муниција во чешкото село Врбетице, објави денеска чешкиот весник „Днес“.
Пратениците исто така ја повикуваат владата да го намали бројот на руски дипломати во Чешка и ја поддржаа одлуката на владата да протера 18 вработени од руската амбасада, кои ја напуштија Прага во понеделникот, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
Долниот дом на чешкиот парламент исто така ги повика министрите да се спротивстават на акциите што му штетат на суверенитетот на Чешката Република.
Според документот, на руските компании не смее да им се дозволи да учествуваат во стратешки важни инфраструктурни проекти на територијата на Чешка, како што е изградбата на нуклеарни централи.
Претходно, чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека Министерството за финансии подготвува тужба за отштета против оние кои стојат зад експлозијата во складиштето за муниција во селото Врбетице.
„Нанесена е огромна штета. Министерството за финансии подготвува тужба со барање за обештетување“, најави Бабиш.
Бабиш во саботата вечерта (17 април) соопшти дека руската воена тајна служба ГРУ била одговорна за двете големи експлозии во магацинот со оружје во јужна Чешка, при што загинаа две лица.
Во чешката јавност сè погласни се обвинувањата за „руски државен тероризам“ и земјата е исправена пред промена на својата досегашна надворешна политика кон Русија.
Владата во Москва реагираше веднаш и прилично остро. Министерството за надворешни работи ги нарече обвинувањата „апсурдни“ и од своја страна протера дваесет чешки дипломати од Русија, односно речиси целиот персонал во амбасадата на Чешка.
Европа
ЕУ постигна договор за климата, значително се намалува емисијата на стакленички гасови

Преговарачитe на Советот на Европската унија и Европскиот парламент постигнаа договор за закон за климата според кој до 2030 година Унијата ќе ги намали емисиите на стакленички гасови за 55 проценти во споредба со 1990 година.
„Воодушевена сум што постигнавме договор за овој клучен елемент на Европскиот зелен план. Нашата политичка определба да станеме прв климатски неутрален континент до 2050 година сега е исто така законска обврска“, рече претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.
Според договорот, целта е до 2030 година да се намалат стакленичките гасови за 55 проценти, во споредба со сегашните 40. Договорот ја потврди позицијата на Европскиот совет, кој во декември минатата година го поддржа предлогот на Комисијата за намалување од 55 проценти, додека првичната позиција на Европскиот парламент беше 60 проценти.
„Договорот исто така ја зајакнува нашата глобална позиција како лидер во справувањето со климатската криза. Кога светските лидери ќе се соберат на Денот на планетата Земја, ЕУ ќе излезе со оваа позитивна вест со која се надеваме дека ќе ги инспирираме нашите меѓународни партнери. Ова е добар ден за нашите луѓе и нашата планета“, рече извршниот потпретседател на Комисијата, Франс Тимерманс.
Во преговорите меѓу претставниците на земјите-членки и Европскиот парламент немаше напредок во последните неколку месеци, сè до последниот состанок, кој започна вчера рано попладне и заврши денеска во 5 часот наутро.
Законот допрва треба да биде официјално одобрен од Советот и Европскиот парламент.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?