Контакт

Свет

(Видео) Во Чеченија падна авион и се заби во куќа  

Објавено пред

Спортски авион падна денеска врз куќа во чеченското село Новошчедрински, соопшти за „Спутник“ републичката управа при чеченското Министерство за вонредни ситуации.

Во падот на авионот повредени се пилотот и уште три лица.

Човекот што управувал со авионот при падот си ја скршил клучната коска. Сите повредени се хоспитализирани.

Во тек е истрага за инцидентот.

Свет

(Видео) Пустош во Чикаго по протестите: повредени се 13 полицајци, уапсени се повеќе од 100 лица

Објавено пред

Повеќе од 100 лица се уапсени, а 13 полицајци се повредени откако стотици луѓе се судрија со полицијата во Чикаго.Тие кршеле прозорци и краделе од продавници во трговскиот центар „Магнифисент Мил“ и во другите делови на градот, соопштија официјалните лица.

Полицискиот службеник Дејвид Браун изјави дека не станува збор за организиран протест, туку за чист криминал којшто започнал откако полицијата пукаше врз едно лице претходниот ден во населбата Инглвуд, пренесе АП. Во еден момент рано утрово, било пукано во полицајците и тие возвратиле.

Според Браун, се очекува големо присуство на полицијата во центарот на градот.

„Ова беше чисто злосторство“, рече градоначалникот на Чикаго, Лори Лајтфут.„Ова беше напад врз нашиот град“, истакна таа.

Лајтфут рече дека градот активирал програма за заштита што ќе се спроведува во наредните денови додека населбите во Чикаго не бидат безбедни.

Немирите започнаа веднаш по полноќ во Магнифисент Мил, една од најголемите туристички атракции во Чикаго, во чија близина биле забележани графити со пораки против полицијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Падна либанската влада

Објавено пред

Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан.

„Целата влада си поднесе оставка“, рече Хасан.

Либанската влада падна за помалку од една недела по огромната експлозија во Бејрут. Во експлозијата загинаа повеќе од 200 луѓе. Експлозијата беше причина и за неколкудневните насилни протести.Тројца министри веќе поднесоа оставки, како и седум члена на парламентот.

Либан веќе страдаше од најголемата економска криза во децении, со зголемување на бројот на заразени со коронавирус.Експлозијата во вторникот беше последната капка којашто ја прели чашата за многумина жители на Бејрут.

Гувернерот на Бејрут, Марван Абоуд изјави дека во експлозијата во главниот град на Либан загинале 220 лица, додека уште 110 се водат како исчезнати.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) 13 лица повредени во пожар на бензинска пумпа во Русија

Објавено пред

13 лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според видеото, коешто го објавија тамошните медиуми, пожарот предизвикал силна експлозија.

Според руското Министерство за вонредни состојби, се запалил резервоар со бензин, кој предизвикал експлозија во областа Тракторозаводски во градот. Пожарот е изгаснат, а повредените се пренесени во болница.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

(Видео) Пустош во Чикаго по протестите: повредени се 13 полицајци, уапсени се повеќе од 100 лица

Повеќе од 100 лица се уапсени, а 13 полицајци се повредени откако стотици луѓе се судрија со полицијата во Чикаго.Тие...

Македонија1 час

Регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице, а оздравеле 422 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на...

Свет2 часа

Падна либанската влада

Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан. „Целата влада си поднесе оставка“, рече Хасан. Либанската влада падна...

Свет2 часа

(Видео) 13 лица повредени во пожар на бензинска пумпа во Русија

13 лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според...

Свет3 часа

Бројот на заразени од коронавирус надмина 20 милиони

Бројот на луѓе што се заразиле од коронавирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата...

Македонија4 часа

МВР: Актите за двојазичните унифoрми треба да се достават до Владата

Министерството за внатрешни работи се повикува на Законот за употребата на јазиците откако денеска министерот Агим Нухиу потпиша правни акти...

Македонија5 часа

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван кому му беше трансплантирано срце

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е првиот пациент во земјата...

Македонија5 часа

Состанокот за протоколите за училиштата ќе продолжи утре

Утре ќе продолжи состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се...

Македонија7 часа

Министерот Нухиу го потпиша актот за двојазични натписи на полициските униформи

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите, со кои полициските униформи ќе добијат...

Свет8 часа

(Видео) Насилни протести во Белорусија, полицијата уби најмалку еден човек

Најмалку еден човек е убиен, а десетици се повредени за време на антивладините протести во Белорусија. Како што пренесуваат светските...

Македонија8 часа

Министерот Адеми се излекува од коронавирусот

Министерот за образование, Арбер Адеми, соопшти дека се излекувал од Ковид-19. „Конечно заврши предизвикот со Ковид-19! По две негативни последователни...

Свет9 часа

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот

Здравствените власти што се борат со пандемијата на коронавирусот се соочени со нов проблем – однесувањето на младите, кои ги...

Регион10 часа

Пет лица загинаа во поплавите на грчкиот остров Евија, меѓу нив и бебе

Пет лица, меѓу кои и бебе, загинаа, а уште едно исчезна во неделата кога поројни дождови и поплави го погодија...

Македонија10 часа

Само во Пехчево нема ниту еден заразен од коронавирус

Пехчево е единствениот град во Македонија, во кој во моментот нема ниту еден активен случај со коронавирус. Во Пехчево, досега...

Свет21 час

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година....

Македонија22 часа

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат во самоизолација, имала контакт со заболено лице

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала...

Македонија22 часа

Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави...

Регион1 ден

Синот на убиената новинарка на Малта: Мајка ми го истражуваше и Ѓукановиќ

Синот на Дафне Каруанa Галиција рекол дека неговата мајка ја истражувала и врската на Мило Ѓукановиќ во случајот „Можура“. Синот...

Македонија1 ден

Четворица починати и 85 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа четири лица починаа од коронавирус, а потврдени се 85 нови случаи. Оздравеле 45 заболени, соопшти Министерството...

Свет1 ден

(Видео) На Трамп не му се допадна прашање од новинар и ја напушти прес-конференцијата

Американскиот претеседател, Доналд Трамп, ја напуштил вчерашната прес-конеференција откако новинарка го прашала за неговата изјава за здравствената заштита за ветераните,...

Досие