Свет
(Видео) Во Јапонија со денови извлекуваат камионџија од огромна дупка, а денеска се отвори уште една

Спасувачите во Јапонија се обидуваат да извлечат возач на камион од дупка што се појави завчера и оттогаш се прошири, јавува Би-Би-Си.
Во градот Јашио, во префектурата Саитама, недалеку од главниот град Токио, се појавила дупка и проголтала камион. Спасувачките напори биле отежнати поради урнатиот пат, а властите наредија евакуација на десетици домаќинства во областа.
Според локалните медиуми, 74-годишниот возач последен пат им одговорил на спасувачите завчера попладне. Иако службите за итни случаи успеале да го извадат товарниот дел од камионот од дупката со големина на базен, кабината на возачот се уште е затрупана во нечистотија и урнатини. Дупка со дијаметар од околу 10 метри и длабока 5 метри првпат се појави завчера наутро на раскрсница на пат. Најверојатно е предизвикана од пукање на подземна канализациона цевка.
Japan sinkhole doubles in width as crews work to free truck driver pic.twitter.com/lNz7Mds61y
— Orin Ulysses Rascal (@ourascal) January 30, 2025
Властите соопштија дека отпадните води од оштетената цевка се излеале од дупката, поради што денеска се појавила втора дупка. Снимките покажаа како за време на уривањето се урнал електричен столб и знак од ресторан, по што следело дополнително уривање на патот што ги поврзува двете длабнатини во огромен кратер широк 20 метри, што дополнително ја отежна спасувачката операција.
Во дупката има и гасовод, што ги зголеми стравувањата за можно истекување на гас. Властите наредија евакуација на 200 домаќинства во околината. Тие ги повикаа и жителите на градот и околните места да ја намалат потрошувачката на вода.
Дупките се сè почеста појава во јапонските градови бидејќи многу од нив имаат застарена канализациона инфраструктура. Огромна дупка проголта улица со пет ленти во градот Фукуока во 2016 година, предизвикувајќи пречки во сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија и вода. За среќа нема сериозни повреди.
Минатиот август, потрагата по жена која исчезна во провалија на тротоар во центарот на Куала Лумпур беше прекината по една недела. Во тоа време, властите сметаа дека е премногу ризично да продолжат да испраќаат нуркачи во подземната канализациона мрежа, која беше преполна со силни струи и остатоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Голем број верници се собраа во Рим за да му оддадат почит на папата: „Тој беше посебен, на сите христијани ќе им недостига“

Голем број граѓани на Италија и други земји се собраа во базиликата „Света Марија Велика“ во Рим, каде што ќе бидат положени посмртните останки на папата Франциско, за да му оддадат почит на починатиот поглавар на Римокатоличката црква.
На тоа место се собраа голем број медиуми од целиот свет, а има и такви на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“, каде што ќе се одржи погребот на папата Франциско во сабота, на 26 април.
Меѓу собраните е и Евертон Коелјо, од Бразил кој моментално живее во Германија.
„Вчера наутро пристигнавме во Рим. Кога вчера шетавме низ градот, ја слушнавме многу тажната вест дека папата Франциско починал. Бевме изненадени и многу тажни. Тој беше харизматичен папа. Беше од Аргентина, Јужна Америка. И ние доаѓаме од Јужна Америка, па затоа чувствуваме дека е уште поблизок до нас. Беше приземен, многу близок до луѓето. Не живееше во замок, живееше едноставен живот“, изјави Коелјо за Танјуг.
Коелјо понатаму наведува дека ова е најголемата порака што папата Франциско ја остава зад себе.
„На христијаните многу ќе им недостига. Пред да дојдеме, се обидовме да присуствуваме на мисата. За жал, минатата недела добивме порака дека папата нема да може да присуствува и дека ја откажале. А сега кога слушнавме дека нè напушта, многу е тажно“, рече Коелјо.
Друг Бразилец кој денес беше во Рим, за Танјуг вели дека го памети папата Франциско како едноставна личност, но и како некој што го сака фудбалот.
„Се сеќавам дека Папата беше навивач на Сан Лоренцо во Аргентина. Папата беше одлична личност за мене“, рече соговорникот.
Жителка од Рим за Танјуг вели дека се сеќава на многу од она што го кажал папата Франциско, оценувајќи го како неверојатно.
„Мислам дека ќе биде тешко да се најде замена за него“, рече тој.
Погребот на папата Франциско ќе се одржи во сабота, 26 април, во 10 часот наутро на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“.
Претходно денес беше објавено дека телото на починатиот папа ќе биде однесено во базиликата „Свети Петар“ во среда во девет часот наутро.
Свет
ММФ: Светската економија значително ќе забави, на САД драстично

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите прогнози за економски раст за 2025 година велејќи дека зголемувањето на царините и општата неизвесност ќе доведат до значително забавување.
Во својата најнова глобална прогноза,ММФ предвидува дека светската економија ќе порасне за 2,8 процента оваа година, што е намалување во однос на претходната проценка од 3,3 проценти.
Најголем пад меѓу развиените економии забележаа Соединетите Американски Држави – сега се очекува раст од 1,8 процент во споредба со претходната процена од 2,7 процента.
Прогнозата за раст за Обединетото Кралство е исто така намалена – од претходните 1,6 процент на 1,1 процент во 2025 година.
Свет
Италија прогласи петдневна жалост за смртта на папата Францискo

Советот на министрите на италијанската влада денес прогласи петдневна национална жалост за смртта на папата Францискo.
Периодот на жалост почнува денес, потврдија владини извори, пренесува „Анса“.
Советот на министрите денес свика вонредна седница за да разгледа неколку прашања, вклучително и прогласување ден на жалост.
Папата Францискo почина во понеделникот во ватиканската резиденција „Санта Марта“ во 7.35 часот наутро од мозочен удар, проследен со кома и неповратен кардиоваскуларен колапс.
Погребот на папата Францискo ќе се одржи в сабота, 26 април, во 10 часот наутро на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“, објави „Анса“ повикувајќи се на соопштението од Ватикан.
Телото на папата Францискo моментно е изложено во капелата на резиденцијата „Санта Марта“, каде што тој живееше во текот на 12-те години додека беше на чело на Римокатоличката црква, објави „Ројтерс“.
На плоштадот Свети Петар во Рим, денес, во 19.30 часот, ќе се одржи молитва предводена од деканот на Колеџот на кардиналите, кардиналот Џовани Батиста Ре.