Свет
(Видео) Вулканот Килауеа на Хаваите исфрла лава висока колку Ајфеловата кула
Еден од најактивните вулкани во светот повторно еруптира на Хаваите.
Според Хавајската вулканска опсерваторија, на некои места фонтани од лава што излегуваат од отворите достигнуваат висина и до 300 метри, што е речиси колку висината на Ајфеловата кула, пишува Би-би-си.
Од ерупцијата на 23 декември активноста околу вулканот е променлива – трае од 13 часа до дури осум дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
