Контакт

Свет

(Видео) Германија уапси три лица за кражбата на кралски дијамантски накит од музејот во Дрезден

Објавено пред

Германската полиција спроведе масовна рација, приведувајќи три лица во врска со озлогласената кражба во 2019 година во која од музеј во Дрезден беше украден кралски дијамантски накит вреден над една милијарда долари, пренесува „Билд“.

Тројцата осомничени се уапсени за време на масовната полициска акција во Берлин утринава пренесуваат германските медиуми повикувајќи се на јавниот обвинител. Полицијата извршила претреси на 18 локации, а во рациите учествувале повеќе од 1.600 полицајци.

„Задоволни сме што уапсивме некои од осомничените и сигурни сме дека ќе ги пронајдеме и другите“, изјави началникот на полицијата во Саксонија, Хорст Кречмар, за „Билд“.

Апсењата се извршени во врска со грабежот во музејот „Грин волт“ во Дрезден, кој чува една од најголемите колекции на богатства во Европа.

На 25 ноември 2019 година, мал пожар избувнал во трафостаница на блискиот мост „Август“, што го оневозможил алармот за безбедност во музејот. Снимките од безбедносните камери покажаа како крадците влегле во музејот и со секира ги искршиле стаклените витрини. Тие украле неколку дијамантски комплети кралски накит во вредност од околу милијарда евра, вклучително и дијамант од 49 карати купен од Август Втори Силниот, владетелот на Саксонија и Полска од 18 век.

Накитот никогаш не биле вратен. Во јануари, израелската фирма за безбедност „ЦГИ Груп“ објави дека поединци кои тврдат дека поседуваат два од украдените дијаманти, се обидуваат да ги продадат на „даркнет“. Според „Билд“, локациите што ги пребарува полицијата се во сопственост на криминалната банда позната како кланот Ремо. Неговите членови беа осудени за кражба на џиновски златник од 100 килограми од музејот „Боде“ во Берлин во 2017 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Хрватска 75 починати и 2.900 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.900 новозаболени со коронавирус и 75 смртни случаи, објави министерот за здравство, Вили Берош.

Во Хрватска од вчера се воведени казни за непочитување на мерките.

Казна за неносење или погрешно носење на маска е 500 куни. Исто така, во Хрватска е дозволен влез само со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа или задолжително тестирање по влез во земјата и самоизолација додека се чекаат резултатите.

Прикажи повеќе...

Свет

Научниот советник на Трамп, Скот Атлас, поднесе оставка

Објавено пред

Научниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, д-р Скот Атлас, познат по тоа што беше скептичен во врска со воведувањето мерки за сузбивање на коронавирусот, поднесе оставка.

Официјален претставник на Белата куќа потврди дека неврорадиологот од Универзитетот Стенфорд поднесе оставка на крајот од неговиот привремен ангажман во американската администрација, пренесува АП.

Веста за оставката ја потврди и Атлас преку објава на „Твитер“.

Тој во писмото за оставка наведе дека не може да замисли момент во кој науката што штити и научната дебата се поитни.

Атлас се приклучи на тимот на Белата куќа во текот на летото и влезе во судир со врвните владини советници за коронавирус, вклучувајќи го и д-р Ентони Фаучи, кој повика на поостри епидемиолошки мерки.

Тој ги критикуваше напорите за поттикнување на луѓето да носат заштитни маски и само пред неколку недели на „Твитер“, по повод воведувањето на нови мерки во Мичиген, ги повика граѓаните да се спротивстават на таа одлука.

Универзитетот Стенфорд се огради од својот професор, истакнувајќи во соопштението дека изразува ставови што не се во согласност со одговорот на универзитетот на пандемијата“.

Прикажи повеќе...

Свет

Нова студија на Оксфорд открива оштетување на белите дробови три месеци по зараза со Ковид-19

Објавено пред

Ковид-19 може да предизвика абнормални промени во белите дробови, кои можат да се детектираат подолго од три месеци откако луѓето ќе се заразат, покажува студија направена на Оксфорд.

Како што наведува Би-би-си, во истражувањето направено врз 10 пациенти со Ковид-19 била користена нова техника за снимање на белите дробови, за откривање на нивно оштетување што не може да се открие со конвенционалните методи на снимање. Новата техника користи ксенон гас при магнетна резонанца.

Пулмолозите наведуваат дека тест што може да открие долгорочни промени во белите дробови би значел голема работа за ковид-пациентите.

При снимање на белите дробови со новата техника, пациентите вдишуваат ксенон при магнетна резонанца.

Професорот Фергус Глисон, кој го предводеше новото истражување, ја испроба новата техника за снимање на белите дробови на 10 пациенти на возраст од 19 до 69 години.

Осуммина од нив се пожалиле на замор и проблеми со дишењето три месеци откако биле заразени со коронавирус, иако никој од нив не бил на интензивна нега или на апарати за дишење, а конвенционалните методи на снимање не откриле проблеми со белите дробови.

Новата техника за снимање открила оштетување на белите дробови кај осум пациенти кои се жалеле на проблеми со дишењето или отежнато дишење. На снимките се нагласени областите каде што кислородот не влегува лесно во крвта.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет1 час

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет1 час

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Свет2 часа

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар Хери Казианис,...

Свет2 часа

САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард...

Македонија3 часа

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Македонија10 часа

Нови 336 заболени и 32 починати од Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95 -Куманово...

Свет13 часа

(Видео) Пензионери излегоа на улиците на Минск против Лукашенко

Стотина пензионери протестираа денеска во Минск барајќи оставка од долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко. Безбедносните сили во еден момент спречија...

Регион14 часа

Руската вакцина „спутник V“ ќе стигне во Србија до крајот на неделата

Првиот дел од руската вакцина „спутник V“ ќе пристигне во Србија до крајот на оваа недела, соопшти владината прес-служба на...

Македонија15 часа

Групата за процена во ЦУК: Да се продолжи кризната состојба

Денеска, во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на групата за процена во ЦУК. Со седницата на...

Свет15 часа

Се самоуби телохранителот на Путин

Припадник на руската Федерална служба за безбедност изврши самоубиство денеска додека бил на должност во Кремљ, соопшти полицијата. „Вработен изврши...

Свет16 часа

Во Јапонија повеќе луѓе починале поради самоубиства отколку од Ковид-19

Експертите предупредуваат дека пандемијата би можела да доведе до криза на менталното здравје кај луѓето. Масовната невработеност, физичката дистанца и...

Македонија20 часа

Филипче: Состојбата во болниците се стабилизира, очекуваме повеќе исписи од приеми на болни

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово одржа состанок со директорите на ковид-центрите од клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ на кој...

Македонија21 час

Престануваат да важат мерките против загадувањето во Тетово, Куманово и Кавадарци

Мерките против загадувањето кои пред два дена беа воведени во Тетово, Куманово и Кавадарци, престануваат да важат, соопшти Владата. „Согласно...

Европа21 час

Во поранешниот берлински аеродром наскоро ќе се вакцинираат по 4.000 луѓе дневно

Големиот натпис „Добре дојдовте“ сè уште виси пред берлинскиот аеродром Тегел, кој месецов беше затворен засекогаш. Но, наскоро се очекува...

Економија21 час

За време на пандемијата 15.000 лица останале без работа

За време на пандемијата без работа останале околу 15.000 лица во Македонија, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се...

Економија22 часа

Бензините и дизелот поскапуваат

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со денешната...

Македонија22 часа

Плевнелиев: Скопје да даде гаранции за реформи, Софија да се откаже од ветото

Oднecите меѓy Софија и Скопје треба итно да деескалираат со одлучен чекор направен од двете страни, вели поранешниот бугарски претседател...

Свет23 часа

Руската вакцина „Епиваккорона“ ќе биде пуштена во промет во декември

Вакцината „Епиваккорона“ против Ковид-19, изработена од Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, може да биде пуштена во промет...

Македонија23 часа

Граѓански здруженија бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина

Четириесет и четири граѓански здруженија и иницијативи бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина....

Досие