Свет
(Видео) Голема експлозија во рафинеријата за гас во Филаделфија
Во Филаделфија имаше голема експлозија во рафинеријата за гас, објави „Фокс њуз“.
Рафинеријата се наоѓа во градот, а во близина е и спортски комплекс.
@6abc @CBSPhilly @FOX29philly Philadelphia energy Solutions Refining Complex at about 4:15 am pic.twitter.com/vK1Vs2MEfR
— hood’s favorite vegan (@1nicetownbean) June 21, 2019
Сè уште нема информации за штети и потенцијални жртви.
Властите потврдија дека во раните утрински часови по локално време дошло до пожар во комплексот стар 150 години. Но, тие не дадоа повеќе детали.
На социјалните мрежи почнаа да се шират снимки од експлозијата.
Just witnessed this explosion heading to Philly airport.. praying no one was hurt pic.twitter.com/S0fcN50HaT
— Jonathan Triboletti (@JonnyTriBBz6) June 21, 2019
Како што објави Ен-би-си, сведоците што живеат во соседството велат дека слушнале повеќе експлозии. Тие беа толку силни што им паѓаа работите во домот.
Во комплексот каде што се случи експлозијата, работат околу 1.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.