Свет
(Видео) Голем пожар во болница во Истанбул, пациентите забрзано се евакуираат

Во болницата „Таксим Илк Јалдрим“ во Истанбул избувнал голем пожар кој зафатил неколку ката од објектот, пренесуваат светските новински агенции.
“Taksim İlkyardım Hastanesi’nde” yangın söndürme yetersiz. pic.twitter.com/XF0Z7LDjj4
— M’ert (@memerdo) April 5, 2018
Турските медиуми објавија дека евакуацијата на болницата е во тек. Како што може да се види на видеата објавени од страна на жителите на Истанбул на социјалните мрежи, над болницата се шири густ чад, а пожарникарски екипи интервенираат на местото на настанот.
Massive fire erupts in a hospital in Istanbul, Turkey, evacuation underway pic.twitter.com/B4n2JI7Xfa
— Khalid khi (@khalid_pk) April 5, 2018
На снимките направени во близина на болницата се гледа како пожарникарите забрзано ги евакуираат пациентите, а „Си-ен-ен турк“ пренесе дека во пожарот нема жртви. Сепак, засега не се познати причините за неговото настанување.
Yangına Fatih, Bayrampaşa, Bağcılar, Bakırköy, Gaziosmanpaşa, Kağıthane, Sultangazi itfaiye ekipleri müdahale ediyor! Hastanenin dış cephesi de yanmaya başladı.
Binanın yanan dış cephesinden büyük parçalar çevreye düşüyor. Olayda can kaybının olmadığı açıklandı. pic.twitter.com/mUjLtEsPSl— ÇapaMag Gündem (@CapaMagGundem) April 5, 2018
Началникот на општината, Хасан Ташин, за националната телевизија ТРТ изјавил дека сите пациенти биле евакуирани од болницата и дека пожарот е ставен под контрола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Чавушоглу: Анкара не направи никакви отстапувања на самитот на НАТО

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Анкара не направила никакви отстапувања на неодамнешниот самит на лидерите на НАТО и дека одобрувањето на Турција за издавањето на планот на НАТО за во Балтичкиот Регион зависи од признавањето на пактот за заканата од терористичката организација ЈПГ/ПКК од северна Сирија, јавува Агенцијата Анадолија (АА).
Тој рече и дека Турција набавила ракетни системи земја-воздух С-400 од Русија поради одбивањето на НАТО да им продаде слично вооружување.
„На Турција и требаат противвоздушни системи. Дали се обидовме да ги купиме од нашите сојузници? Да, се обидувавме во последните 10 години. Но не можевме да ги добиеме. Значи, тоа нема никаква врска со политика“, изјави Чавушоглу.
Чавушоглу ги даде неговите изјави за време на посетата на Рим, каде што моментално се наоѓа за да присуствува на петтото издание на конференцијата „Медитерански дијалози“.
Осврнувајќи се на неодамнешниот поморски договор на Турција со Либија, Чавушоглу изјави дека Анкара е отворена за билатерални и мултилатерални договори во регионот на Источниот Медитеран, со единствен исклучок на администрацијата на кипарските Грци, која не ја признава.
Тој ја осуди одлуката на Грција за протерувањето на либискиот претставник во врска со поморскиот договор склучен минатиот месец помеѓу Триполи и Анкара, велејќи дека Атина го покажала своето лице со тој чекор.
Свет
Четворица мртви во нападот во воената база на Флорида

Четири лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се убиени денеска во военопоморската база Пенсакола, во американската сојузна држава Флорида, јавуваат американските медиуми.
Од канцеларијата на шерифот првично беше јавено дека во поморската база сè уште се наоѓа активен стрелец, а неколку минути подоцна беше соопштено дека полицијата го ликвидирала напаѓачот.
Покрај напаѓачот, убиени се уште три лица, соопшти морнарицата, без да даде детали за идентитетот на жртвите, пренесе „Ројтерс“.
Како што се наведува, повредени се најмалку единаесет лица.
Ова е втор смртоносен напад со огнено оружје во американските воени бази неделава. Портпаролот на Белата куќа соопшти дека американскиот претседател, Доналд Трамп, е информиран за инцидентот и дека ја следи ситуацијата.
Во базата Пенсакола се вработени повеќе од 16.000 војници и 7.400 цивилен персонал, а тука се наоѓа и Националниот музеј на морнаричката авијација, која е популарна регионална туристичка атракција.
Регион
Грција организира работен појадок за поддршка на ЕУ-перспективата за Северна Македонија и Албанија

Грција во понеделник организира работен појадок во Брисел со шефовите на дипломатијата на земјите членки на ЕУ и Северна Македонија и Албанија со порака за зајакнување на поддршката за нивниот европски пат.
„Работниот појадок што го организира Грција во понеделник е корисна можност за дијалог и зајакнување на европската перспектива за обете земји“, рече портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Александрос Гениматас.
Тој изјави дека досега 18 министри за надворешни работи на земјите од ЕУ го потврдиле нивното присуство.
Коментирајќи ја неодамнешната посета на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас на Скопје, Гениматас рече дека фокусот е ставен на билатералните односи, европската перспектива на Северна Македонија и теми поврзани со регионот.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци