Свет
(Видео) Голем пожар на југот на Франција, евакуирани три кампа со туристи
Голем број пожарникари се борат со пожар на југот на Франција, што доведе до евакуација на неколку кампови со многу туристи, јавува германската агенција dpa. Голем пожар гори во провинцијата Пиринеи-Ориентали, изјави вчера вечерта министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин. Тој ги повика населението и туристите да бидат крајно внимателни.
Распоредена е противпожарна бригада со 13 авиони, три хеликоптери и повеќе од 500 пожарникари.
#BREAKING – #France: A major fire is still underway in Saint-André in the Pyrénées-Orientales, mobilizing more than 200 firefighters. pic.twitter.com/WIIAw49O9o
— Jack Straw (@JackStr42679640) August 15, 2023
Пожарот избувна во понеделникот попладне меѓу градот Сен-Андре и познатото крајбрежно летувалиште Аржелес-сур-Мер на Средоземното Море, соопштија пожарникарите. Радио станицата France Blue, повикувајќи се на локалните власти, објави дека во пожарот се уништени 300 хектари претежно ниска вегетација.
APOCALYPTIC – The situation with the wildfires in Saint-André in the Pyrénées-Orientales, France, is
out of control– 13 planes, 3 helicopters and more than 500 firefighters are mobilized
– Several thousand people were evacuated, including campsites
– The fire is out of control… pic.twitter.com/cSAkPkxOyH— Jack Straw (@JackStr42679640) August 15, 2023
Евакуирани се три кампа со бројни туристи, додека пожарот се заканува на некои станбени згради и продавници. Спортска сала е подготвена за сместување на евакуираните. Локацијата на пожарот е западно од градот Перпињан, недалеку од границата со Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Тоа не придонесува за дијалогот“: Унгарија нема да го поддржи членството на Косово во Советот на Европа
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта нема да го поддржи членството на Косово во Советот на Европа.
Сијарто, одговарајќи на прашањето на српската новинска агенција „Танјуг“, изјави дека ставот на Унгарија во однос на членството на Косово и претходно беше јасен, а Унгарија се заложува за мир, стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан.
„Навиваме за успех на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но сметаме дека фактот што Косово аплицира за членство во меѓународните организации не придонесува за тој дијалог. Унгарија нема да го поддржи приемот на Косово во Советот на Европа“, изјави Сијарто.
Сијарто денеска во Будимпешта се сретна со министерката за економија на Србија, Адријана Месаровиќ, со која разговараше за унапредување на економската соработка меѓу Србија и Унгарија.
Утврдено е дека односите меѓу двете земји се најдобри досега.
Свет
(Видео) Објавена првата снимка од остатоците на подморницата „Титан“
Првата снимка од подморницата „Титан“, направена по нејзината смртоносна имплозија во јуни 2023 година, беше објавена вчера на јавната расправа за несреќата во која загинаа пет лица. Видеото е направено од крајбрежната стража.
Луѓето во подморницата загинаа кога огромниот притисок на океанот предизвика имплозија во близина на брегот на Њуфаундленд, Канада. Во подморницата беа британскиот истражувач Хамиш Хардинг, британско-пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман, Стоктон Раш, извршен директор на „Оушн гејт“, американската компанија во сопственост на „Титан“, и францускиот нуркач Пол-Анри Наргеолет.
Сослушувањето откри нови детали за имплозијата на „Титан“, како и за компанијата што го поседуваше.
Досега необјавената снимка, снимена на длабочина од 3.776 метри, на јавноста ѝ даде прв поглед на скршениот конус на опашката на „Титан“ на дното на Атлантскиот Океан. Фрагменти од подморницата се видливи и на дното на океанот. Спасувачките екипи ги пронашле по имплозијата.
Свет
21 лице загинаа во поплавите во Европа, ново предупредување за Италија
Најмалку 21 лице ги загубија животите во поплавите предизвикани од циклонот Борис во централна Европа, а силно невреме сега ѝ се заканува на Италија, каде што е пронајдено телото на пожарникар, кој исчезна во поплавата.
Во поголемиот дел од Италија се издадени предупредувања за силен дожд, ветрови и поплави, јавува Би-би-си.
Веќе има извештаи за поплави во Пескара во централна Италија, а италијанската метеоролошка служба предупредува дека невремето ќе го погоди северниот брег на регионот Емилија-Ромања.