Свет
(Видео) Голем руски напад врз Киев, најмалку 14 загинати, меѓу нив и Американец

Најмалку четиринаесет лица загинаа, а 40 се повредени по руски ракетен и беспилотен напад врз Киев во текот на ноќта.
Речиси деветчасовниот напад вклучува лансирање голем број беспилотни летала „камикаѕе“, како и крстосувачки и балистички ракети врз главниот град на Украина. „Киев индепендент“ известуваше за звуци на беспилотни летала, ракети и повеќекратни експлозии во текот на ноќта.
A section of a residential building in Kyiv collapsed following a Russian attack. Fires have broken out in several districts, and at least 16 people have been injured. The massive drone and missile attack is ongoing. Footage shows the aftermath of the strike. pic.twitter.com/Se8jlROxw7
— Daria Matviichuk (@DariaMatviichuk) June 17, 2025
Според последните извештаи, од 40 повредени, 30 се хоспитализирани.
Претходно, според Тимур Ткаченко, шеф на Воената управа на градот Киев, најмалку 18 лица се повредени во областа Соломјански кога нападот предизвика пожар во петкатница. Шест лица биле хоспитализирани во тоа време, изјави Ткаченко.
Нападот предизвика и структурна штета на уште една висококатница во областа, а службите за итна помош се на терен и се претпоставува дека жртвите може да останат заробени под урнатините.
До 3 часот по локално време штета од рускиот напад била пријавена на 12 локации во киевските области Соломјански, Свјатошински, Дарницки, Днипровски, Подилски и Оболонски.
Kyiv this morning ‼️ pic.twitter.com/hg5aXbc2DK
— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) June 17, 2025
За време на нападот на главниот град, 62-годишен американски државјанин бил убиен во областа Соломјанск во зграда спроти местото на кое лекарите од итната помош им помагале на повредените, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Оштетена е и градинката во населбата Дарнички, но таму нема жртви. Оштетена е и станбена зграда во областа Свијатошински. Штети претрпеа и горните катови на станбените згради во областите Соломјански и Шевченковски.
🔴 Russian forces conducted a massive attack against Kyiv overnight, targeting residential areas.
Preliminarily, one person was killed 15 others were injured. The killed was a US citizen, Kyiv Mayor's Office reports. pic.twitter.com/l251C0qaeN
— UNITED24 Media (@United24media) June 17, 2025
Беспилотните летала го погодија и студентскиот дом на Киевскиот авијациски институт, погодувајќи го десетиот кат.
Надвор од главниот град нападите предизвикаа штета и повредени цивили во градовите во Киевската област. Најмалку една жена е повредена, а оштетени се и неколку куќи, информираат од регионалната управа.
Украинските власти ги повикаа жителите да останат во засолништа додека воздушната тревога останува активна во текот на вечерта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата Лaв: Светот гори поради вооружените конфликти и глобалното затоплување

Папата Лав денес го прекина двонеделниот одмор за да одржи посебна миса со која ги повикува католиците да се грижат за создадениот свет, за справување со глобалните климатски промени.
„Светот гори поради вооружените конфликти и глобалното затоплување“, рече папата.
„Мора да се молиме за многу луѓе кои сè уште не ја гледаат итноста од грижата за нашиот заеднички дом“, рече папата.
Новиот папа рече дека Црквата со 1,4 милијарда члена е посветена да зборува за ова прашање, „дури и кога е потребна храброст за да се соочиме со деструктивната моќ на владетелите на овој свет“.
Мисата вклучуваше молитва за жртвите од поплавите во Тексас, каде што до вторникот загинаа најмалку 109 луѓе.
Кардиналот Мајкл Черни, висок функционер на Ватикан, кој помогна во организирањето на мисата, за „Ројтерс“ изјави дека одлуката на папата да го скрати својот одмор е знак за важноста што ќе ја придаде на еколошките прашања.
Свет
Орбан ѝ порача на Фон дер Лајен: „Време е за заминување“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ѝ порача на претседателката на Европската комисија дека е време да си замине. Орбан објави фотографија од Урсула фон дер Лајен со натпис „Време е да си замине“.
Утре, Европскиот парламент ќе разгледа и ќе гласа за недоверба на Фон дер Лајен.
Иницијативата е поврзана со одлуката на Европскиот суд, кој ги прогласи процедурите на Европската комисија за нетранспарентни откога одби да ја предаде преписката меѓу Фон дер Лајен и директорот на компанијата „Фајзер“ на новинарите.
За време на пандемијата ЕУ купи вакцини против коронавирусот од оваа компанија.
Аналитичарите од Брисел се сомневаат дека ќе биде потребно мнозинство за да се гласа за разрешување на шефот на Европската комисија.
Свет
Топењето на глечерите во целиот свет може да предизвика вулкански ерупции

Топењето на глечерите во целиот свет може да предизвика долго неактивните вулкани да се разбудат под мразот, проценија научниците на конференцијата „Голдсмит 2025“ во Прага.
Ново истражување открива дека масивните ледени покривки ги потиснувале ерупциите илјадници години создавајќи подземен притисок. Но, како што оваа ледена тежина исчезнува, може да предизвика бран експлозивни ерупции, особено на места како Антарктикот, објавува „Сајенс дејли“.
На конференцијата, која се одржува од 6 до 11 јули во Прага, научниците истакнаа дека оваа неочекувана вулканска закана не само што претставува регионален ризик туку може да ги забрза и климатските промени.
Научниците сугерираа дека топењето на глечерите може да ослободи моќни вулкански ерупции со отстранување на тежината што ја држи магмата заробена длабоко под земјата. Антарктикот, велат тие, може да содржи стотици од овие експлозивни темпирани бомби. Топењето на глечерите може тивко да ги постави темелите за поексплозивни и чести вулкански ерупции во иднина, според студија на шест вулкани во чилеанските Анди, објавува „Танјуг“.
Студијата, презентирана на конференцијата во Прага, сугерира дека стотици неактивни вулкани во целиот свет, особено на Антарктикот, би можеле да станат поактивни поради климатските промени што го забрзуваат повлекувањето на глечерите.
Врската помеѓу повлекувањето на глечерите и зголемената вулканска активност е позната на Исланд уште од 70-тите, но ова е една од првите студии што го истражуваат феноменот во континенталните вулкански системи.
Истражувачите откриле дека за време на врвот на последната ледена доба дебелата ледена покривка го потиснува бројот на ерупции и дозволува голем резервоар на магма богата со силициум да се акумулира 10-15 км под површината.
„Со текот на времето кумулативниот ефект од повеќекратни ерупции може да придонесе за долгорочно глобално затоплување поради акумулацијата на стакленички гасови“, рече Морено-Јегер, пренесува „Танјуг“.