Свет
(Видео) Гори најголемата фабрика за батерии во светот
Властите во округот Монтереј во централна Калифорнија издадоа наредби за евакуација откога избувна пожар во фабрика за батерии по должината на централниот брег за која компанијата тврди дека е најголема во светот.
„Вистра енерџи“, која е сопственик на термоелектраната на природен гас „Мос Лендинг“ и соседниот објект за складирање литиум-јонски батерии на брегот на округот Монтереј, потврди дека избувнал пожар и дека го евакуирала персоналот од локацијата.
One of the largest lithium battery facilities in the world is currently on fire in California 🚨
It appears to be an isolated incident. There is no doubt this will have a significant impact on Tesla and could be a message to Elon Musk ⚠️ pic.twitter.com/TZwV2e5bYJ
— Matt Wallace (@MattWallace888) January 17, 2025
„Причината за пожарот сѐ уште не е утврдена, но истрагата ќе почне кога пожарот ќе се изгасне“, изјави портпаролката Џени Лион.
Шерифот на округот Монтереј претходно ги советуваше околните жители да ги затворат прозорците како мерка на претпазливост. Калифорниската автопат-патрола го затвори и автопатот 1 околу централата.
Компанијата „Вистра“, со седиште во Тексас, ја заврши најновата фаза на изградба на капацитет за складирање енергија во 2023 година како дел од напорите на Калифорнија да ја зајакне електричната мрежа со чиста енергија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
