Свет
(Видео) Гутереш со осуда за нападот во Јемен

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, го осуди вчерашниот воздушен напад на коалицијата предводена од Саудиска Арабија во Јемен загинаа десетици луѓе.
Гутереш исто така повика на „независна и брза истрага”.
„Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, истакна дека сите страни мора постојано да водат грижа и да ги заштитат граѓните и нивните домови, при спроведувањето на нивните воени акции“, наведе во соопштението портпаролот на Обеинетите нации, Фархан Хак.
Во воздушниот напад на фреквентен пазар во Јемен вчера, беше погоден и автобус, во кој се превезувале ученици.
Најмалку 43 лица, меѓу кои има и голем број деца вчера при нападот го загубија животот. Според податоците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, во нападите во Јемен досега загинале околу 29 деца, помлади од 15 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Ѝ подарил цвеќе, па ја избол до смрт, бесен што нема да се смират: детали за драмата пред трговскиот центар во Велика Британија

15-годишното девојче, кое почина кога беше избодено во автобус пред трговски центар во Кројдон, Велика Британија, претходно се расправало со својот убиец, поранешното момче, кое се обидувало да ѝ подари цвеќе.
Британските медиуми јавуваат дека осомничениот тинејџер со мачета му нанел смртоносни повреди на девојчето.
Сè се случило околу 8.30 часот кога девојчето одело на училиште. Лекарите бргу пристигнале на самото место и околу еден час се обидувале да му го спасат животот. Смртта била констатирана во 9.21 часот.
BREAKING: A 15-year-old girl has died after being stabbed in Croydon, south London.
Police were called to Wellesley Road at about 08:30hrs, but the girl later died at the scene.
Story here 👉 https://t.co/J6RJgwFciT
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/abpYUqYIht
— Sky News (@SkyNews) September 27, 2023
Очевидец на крвавото злосторство рекол дека видел како се караат момчето и девојката. Слушнал како девојчето на убиецот му одговорило дека нема да биде повеќе со него.
„Тој стана насилен, а потоа извади долг нож, како мачета, меч, не знам, и почна да ја прободува“, изјави сведокот.
Други очевидци тврдат дека девојката одбила да ги прифати цвеќињата што момчето ѝ ги понудило пред убиството. Таа наводно му раскинала еден ден претходно.
„Неколку деца излегоа на станицата, а имаше момче и девојка, кои се расправаа. Тој држеше цвеќе и слушнав дека се расправаат“, изјави очевидецот.
Полицијата го приведе тинејџерот и се чека неговиот распит.
Работниците од околните локали велат дека сите избегале кога момчето извадило мачета и дека останал само возачот на автобусот.
„Видов крв како излегува од нејзиниот врат“, изјавил очевидец.
Свет
„Штета, Владимир, сам си го направи ова“: Хилари Клинтон со порака до Путин

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон за време на својот говор во Стејт департментот му се обрати по име на рускиот претседател Владимир Путин посочувајќи дека проширувањето на НАТО е последица на руската политика, пренесува „Ројтерс“.
„Штета, Владимир. Ти го направи ова сам“, рече таа.
Клинтон изјави и дека луѓето сами избираат начин за влез во НАТО.
Претходно, американскиот претседател Џозеф Бајден се обиде да го навреди рускиот претседател Владимир Путин нарекувајќи го диктатор, пренесува „РИА новости“.
Свет
(Видео) Снимка од салата за венчавки, каде што загинаа повеќе од 110 луѓе во Ирак: остана само челична конструкција

Од салата за прослави во Ирак, во која синоќа за време на свадбените веселби загинаа најмалку 113 лица, остана само челичната конструкција.
На видеата што настанаа по стравотниот пожар, кој за неколку минути ја зафати салата, може да се види дека пламените јазици уништија сè од инвентарот, толку многу што речиси е невозможно да се препознае што било.
Трагедијата се случила за време на првиот танц. Според кажувањата на гостите на свадбата што го преживеале пожарот, околу 22.45 часот младенците излегле на подиумот да танцуваат и со тоа биле запалени прскалки и огномет за да ја прослават венчавката. Сепак, постои сомневање дека огнометот удрил во таванот, кој се запалил, а пожарот потоа почнал да се шири со молскавична брзина.
На видеата што кружат на социјалните мрежи младенците преплашени се вртат и гледаат како пламенот почнува да ја зафаќа салата, а огнените топки паѓаат врз свадбената веселба.
„Целата сала се запали за неколку секунди“, рекол еден од гостите на свадбата.
Се сомнева дека во салата во моментот на трагедијата имало околу 900 луѓе.
Иако пожарникарите релативно бргу пристигнале на самото место, пламенот веќе ги зафатил речиси целата сала и многуте гости во неа. Пожарникарите влегле да ги извлечат преживеаните.
Првите наоди од истрагата покажуваат дека салата била изградена со екстремно запаливи материјали, што довело до брзо ширење на пожарот и до уривање на конструкцијата.