Свет
(Видео) Два големи пожара во Русија, горат пазар и железничка станица

Дeнеска во Русија избувнаа два големи пожара.
Првиот избувнал на железничка станица во близина на Нижни Новгород и зафатил површина од 2.500 квадратни метри. Причина за пожарот било палење на резервоар за разредувач, јавуваат руските медиуми. Во гаснењето учествувале 55 пожарникари и 17 возила.
Друг, уште поголем пожар, избувнал на пазарот Викалина во Владикавказ. Тој се простира на површина од 4.500 квадратни метри, јави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на соопштение на Министерството за вонредни ситуации на Северна Осетија. Огнот зафатил три хангари со облека. Во гаснењето учествувале повеќе од 50 пожарникари, а пожарот е локализиран.
Две лица се повредени во пожарот на кои им е укажана лекарска помош, изјави портпаролот на регионалното Министерство за здравство.
Во Русија се забележани голем број пожари по инвазијата на Украина. Не е јасно дали тие се поврзани со нападот на соседната земја, но има многу шпекулации за таква можност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Целосно го зазедовме „Азовстал“, се предадоа и последните украински милитанти

Русија објави дека целосно ја зазела територијата на фабриката за челик „Азовстал“, во која беа позиционирани последните украински бранители на Мариупол.
„Територијата на ‘Азовстал’ е целосно ослободена“, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Територијата на металуршката фабрика ‘Азовстал’ во Мариупол, каде што група украински милитанти од нацистичката формација ‘Азов’ беше блокирана од 21 април годинава, е целосно ослободена“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
Подземните објекти на фабриката се под контрола на руски војници, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.
„Руското Министерство за одбрана објави дека од 16 мај 2.439 неонацисти од ‘Азов’ и украински војници заглавени во фабриката го положиле оружјето и се предале. Последната група од 531 милитант се предаде денеска“, објави руската државна новинска агенција „РИА новости“.
За потсетувањее, денеска командантот на украинскиот полк „Азов“, Денис Прокопенко, ѝ се обрати на јавноста и ѝ рече дека во „Азов“ добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол и да им ги спасат животите на борците.
Според него, сите цивили од „Азовстал“ биле евакуирани, а на тешко ранетите војници им била укажана лекарска помош. Тие мора да бидат однесени во област под украинска контрола, смета тој.
„Во тек е отстранувањето на телата на загинатите бранители на Мариупол“, додаде Прокопенко.
Европа
Борел: Во светот има недостиг од храна, ќе станува сè поскапа

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, уште еднаш предупреди на глобалниот недостиг од храна поради војната во Украина, која е еден од најголемите светски производители на жито, бидејќи житото поради борбите не може да се извезува, да се жнее или да се сади.
„Има недостиг од храна и тоа ќе продолжи. Кога ја има, таа е скапа, многу поскапа отколку што многу луѓе може да си дозволат“, рече Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за развој на ЕУ.
„Ако (засегнатите луѓе) трошат повеќе средства за храна, имаат помалку за образование и здравје, а тоа ќе ги продлабочи сиромаштијата и нееднаквоста“, нагласи Борел.
Министрите на ЕУ одлучиле да поддржат повеќе од 70 партнери за да ги подобрат отпорноста и одржливоста на нивните системи за храна со цел да ги зголемат нивните прехранбени капацитети на среден рок, рече високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност.
„Ги повикуваме нашите партнери да не ја ограничуваат глобалната трговија со земјоделски производи“, додаде Борел.
Тој исто така нагласи дека причината за претстојната криза со храна е руската инвазија на Украина, а не санкциите на ЕУ кон Русија, како што тврди Кремљ. Русија во моментот го блокира извозот на 20 милиони тони жито од Украина, пред сè, во Северна Африка и Азија, наведе германската влада, според која тоа предизвика раст на цените.
Европа
Макрон го назначи составот на новата француска влада

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска ја назначи актуелната амбасадорка на Франција во Велика Британија, дипломатот од кариера Катрин Колона, за нов министер за надворешни работи на земјата, соопшти Елисејската палата.
Актуелните министри за финансии и економија и за внатрешни работи, Бруно Ле Мер и Жерар Дарманен, ќе останат на функцијата, додаде генералниот секретар на Елисејската палата додека го читаше новиот состав на владата потврдувајќи ги претходните извештаи, пренесе „Ројтерс“.
Министерката за индустрија во заминување Ања Пание-Рунаше ќе го преземе новиот министерски ресор за енергетска транзиција, соопшти Елисејската палата.
Амели де Моншелен е назначена за нова министерка за животна средина и климатско планирање.
Тие ќе бидат одговорни за својата работа пред Елизабет Борн, која Макрон ја избра за нова премиерка во понеделникот.
Таа е втора жена на таа позиција во Франција.