Контакт

Европа

(Видео) Две деца во Франција скокнале од третиот кат за да се спасат од пожар

Објавено пред

Двајца браќа во вторникот скокнале од прозорец на висина од десет метри и на тој начин се спасиле од пожар што зафатил дел од станбена зграда во францускиот град Гренобл.

Момчињата на возраст од 10 и 3 години биле пречекани и фатени од станари на зградата, а браќата минале без повреди, освен тоа што имале вдишано чад, пишува „Еј-би-си њуз“.

На видеото од овој драматичен настан се гледа како постариот брат најпрво го држи помладиот, а потоа го испушта во рацете на станарите, кои подготвено чекале пред зградата. Постариот брат потоа сам скокна од прозорецот и падна во рацете на соседите.

Момчињата биле хоспитализирани заедно со 17 други жители на зградата, јавија локалните медиуми. Четири лица, кои ги фатиле момчињата, биле однесени во болница за лекарите да проверат дали претрпеле некои скршеници бидејќи децата паднале на нив.

Атумани Валид, 25-годишен студент, го скршил зглобот додека помагал да се фатат момчињата. Тој рече дека првин слушнал вресоци, а потоа го напуштил станот кога видел дека избувнал пожар во соседниот.

„Не знаевме што да правиме. Се обидовме да ја турнеме вратата, но не успеавме“, изјавил Валид за „Асошиетед прес“.

Тој и уште неколку станари потоа излегле надвор пред зградата и ги повикале момчињата да им скокнат в раце. Валид додаде дека се надева оти неговата вмешаност во спасувањето на момчињата ќе ја промени перцепцијата на некои жители од соседството за опасноста од мигрантите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Избеганиот поранешен шпански крал престојува во луксузен хотел во Абу Даби

Објавено пред

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос (82) престојува во ексклузивниот хотел „Емират палас“ во Абу Даби, каде што се наоѓа од понеделникот кога ја напушти Шпанија.

Ова го објави шпански „Еј-би-си“, а официјалните претставници на Обединетите Арапски Емирати и хотелскиот менаџмент не беа достапни за коментар, пренесува „Ројтерс“.

Порталот „Еј-би-си“ наведува дека поранешниот крал пристигнал во Абу Даби со приватен авион со четворица телохранители и уште едно лице преку Париз во понеделникот наутро, од каде што со хеликоптер бил префрлен во државниот хотел „Емират палас“.

Портпаролот на шпанската кралска палата рече дека не знае каде е поранешниот шпански крал во моментот, а неговиот адвокат не е достапен за коментар.

Некои шпански медиуми објавија дека поранешниот крал заминал во Доминиканската Република, а други изјавиле дека тој бил во Португалија, каде што го поминал најголемиот дел од младоста.

Шпанскиот Врховен суд почна истрага за вмешаност на Хуан Карлос во малверзации со договорот за брза железничка пруга со Саудиска Арабија, а швајцарски „Трибјун“ објави дека Хуан Карлос добил 100 милиони долари од починатиот саудиски крал.

Прикажи повеќе...

Европа

Австрија го скрати карантинот за лица заразени со коронавирус и оние што биле во контакт со заболени

Објавено пред

Австрија ја скрати должината на карантинот за луѓето што биле заразени со коронавирус и луѓето што биле во контакт со заразените. Наместо 14 дена, карантинот сега трае десет дена.

Според Министерството за здравство, оваа одлука е донесена врз основа на научни сознанија.

Заразноста на веќе позитивно тестираните лица без симптоми трае најмногу десет дена.

Кога станува збор за луѓе што биле во контакт со пациенти, една студија покажува дека во просек трае до пет или шест дена сè до појавата на болеста.

Во Австрија се спроведува задолжително тестирање на контактите на заболените, и тоа до двапати.

„Важно е веднаш да се тестирате. Сепак, може да се случи првиот тест да биде негативен и затоа има смисла да се повтори по пет до седум дена“, објасни Бернхард Бенка од Министерството за здравство.

Австриските власти предупредуваат дека карантинот не мора да заврши фиксно по десет дена бидејќи услов за прекинување на изолацијата е 48 часа без симптоми.

Оние што се сериозно болни, т.е. мора да се интубираат, мора да имаат негативен PCR-тест за да излезат од карантинот.

Прикажи повеќе...

Европа

Претседателот на Германија предизвика корона-скандал

Објавено пред

Една фотографија од одмор во Јужен Тирол предизвика политички скандал во Германија поради непочитување на мерките против коронавирусот.

Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер, позирал без маска и неопходно растојание со членови на народен оркестар.

Критичарите го обвинуваат Штајнмаер за примена на двојни стандарди кога станува збор за почитување на правилата против коронавирусот бидејќи тие не важат за него додека ги повикува граѓаните да ги почитуваат.

На фотографијата е прикажан и претседателот на италијанската покраина Јужен Тирол, Арно Компачер.

Кабинетот на Штајнмаер рече дека претседателот внимава на правилата за растојание и хигиена, дури и кога е на одмор, но очигледно тоа не може секогаш да се применува оптимално.

„Многу е важно секој ден да сме свесни дека мора да бидеме внимателни“, се додава во пораката на кабинетот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Синот на убиената новинарка на Малта: Мајка ми го истражуваше и Ѓукановиќ

Синот на Дафне Каруанa Галиција рекол дека неговата мајка ја истражувала и врската на Мило Ѓукановиќ во случајот „Можура“. Синот...

Македонија2 часа

Четворица починати и 85 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа четири лица починаа од коронавирус, а потврдени се 85 нови случаи. Оздравеле 45 заболени, соопшти Министерството...

Свет2 часа

(Видео) На Трамп не му се допадна прашање од новинар и ја напушти прес-конференцијата

Американскиот претеседател, Доналд Трамп, ја напуштил вчерашната прес-конеференција откако новинарка го прашала за неговата изјава за здравствената заштита за ветераните,...

Регион5 часа

Силно невреме во Грција – тројца загинати, меѓу кои и бебе

Најмалку тројца луѓе, меѓу кои и бебе се најдени мртви во невремето кое го зафати грчкиот остров Евија во централна...

Македонија6 часа

(Видео) Се запалија неколку автомобили на паркинг во Ново Лисиче

Утрово во скопската населба Ново Лисиче, на паркинг гореа автомобили. Жителите од околните згради се собраа да го гаснат пожарот,...

Свет6 часа

Фаучи: Вакцината против коронавирус нема во целост да биде ефикасна

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи оцени дека вакцината против коронавирус нема да биде целосно ефикасна. Како што пренесува „Скајњуз“, тој...

Македонија8 часа

Големи штети во Велес и околината по вчерашното невреме

Невремето синоќа предизвика големи штети во Велес и околината. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на Фејсбук објави фотографии, на...

Свет8 часа

Нов Зеланд одбележува 100 дена од победата над коронавирусот

Денеска Нов Зеланд одбележува 100 дена откако е сузбиено ширењето на коронавирусот, со што оваа земја стана светол пример во...

Свет9 часа

(Видео) Пожар изби во болница за пациенти со ковид-19 во Индија, најмалку седум загинати

Најмалку седум луѓе загинаа во пожар, кој зафати привремена болница за пациенти заразени со коронавирус во Вијајавади, во југоисточна Индија....

Свет9 часа

Макрон и ОН организираа конференција за собирање помош за Бејрут

Меѓународните лидери денеска ќе разговараат за собирање помош за Бејрут по експлозијата која го разори либанскиот главен град. Виртуелната конференција,...

Свет9 часа

Пронајдена црната кутија од преполовениот авион во Индија

Истражителите ја пронајдоа црната кутија од авионот кој во петокот се излизга од пистата и се преполови на аеродромот во...

Свет22 часа

(Видео) Демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут

Демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут, извикувајќи пароли против владата, пренесуваат светските медиуми. Претходно денеска...

Свет24 часа

Британските медицински работници на протест, бараат повисоки плати

Mедицинските работници во Велика Британија се собраа да протестираат во неколку градови, барајќи од владата повисоки плати за нивната макотрпна...

Македонија1 ден

Нови 200 заболени и четворица починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео) Португалски канадер се урна во близина на шпанската граница, има и жртви

Португалски канадер за гаснење пожар се урна денеска близу шпанската граница и според информациите од медиумите, најмалку едно лице го...

Свет1 ден

Документ на британската влада: Карантинот предизвикал смрт на илјадници луѓе

Карантинот убил илјадници луѓе кои не можеле да дојдат до медицинска помош или кои избегнувале да одат во здравствени установи...

Македонија1 ден

МЗ: Во Геријатриската болница се преземени сите мерки по појавата на позитивни случаи

Министерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека новите случаи на коронавирус во Геријатриската болница во Скопје го демантираат...

Свет1 ден

Почина сопругата на амбасадорот на Холандија која беше повредена во експлозијата во Бејрут

Сопругата на холандскиот амбасадор во Либан почина денеска од повредите со кои се здоби во експлозијата што се случи во...

Регион1 ден

Косовскиот политичар Беџет Пацоли пријавил имот вреден стотици милиони евра

Поранешниот претседател на Косово и лидер на Алијанса за ново Косово, Беџет Пацоли, пријавил во Агенцијата за борба против корупцијата...

Македонија1 ден

Медицински техничар од Шведска еден месец ќе помага на Инфективната клиника

Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шведска којшто пристигна во нашата држава на 4 август преку европскиот механизам...

Досие