Европа
(Видео) Двe белоруски новинарки осудени на две години затвор поради известување за демонстрации

Две белоруски новинарки се осудени на две години затвор за известување за протестот на опозицијата во 2020 година во Белорусија, објави редакцијата на каналот „Белсат“ за кој работат.
На 15 ноември полицијата ги уапси Дарија Кулчова (23) и Катерина Бахвалова (27), дописнички на опозицискиот канал со седиште во Полска.
Тие се обвинети за поттикнување на населението на незаконски демонстрации со нивното известување.
Илјадници Белоруси протестираа во Минск и му оддадоа почит на опозиционерот Роман Бондаренко, кој почина по апсењето.
Белорусија е погодена од политичка криза од претседателските избори на 9 август кога почнаа масовни антивладини протести во целата земја иницирани од официјалните резултати од гласањето, според кои долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите.
Противниците на Лукашенко тврдат дека изборите биле украдени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Состојбата во Чешка критична, дел од пациентите се испраќаат во други земји

Чешка побара од Германија, Швајцарија и Полска да примат десетици пациенти заразени од Ковид-19, бидејќи состојбата во чешките болници е критична, соопшти Министерството за здравство.
Земјата, со 10,7 милиони жители, беше една од најтешко погодените на глобално ниво во последните неколку недели, а голем дел од регионалните болници, кои беа преплавени со пациенти од коронавирус, беа принудени дел од пациентите да ги префрлат во други болници, стотина километри подалеку, пишуваат чешките медиуми.
„Големиот број новозаразени лица со коронавирус го зголемија притисокот врз здравствениот систем, а расте и бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација“, соопшти министерството.
„Во некои региони, болниците ги исцрпија своите капацитети и повеќе не можат да обезбедат соодветна грижа или да примаат нови пациенти без помош на други земји“, рече во изјавата министерот за здравство.
Европа
На Словенија ѝ се заканува нов бран од пандемијата со Ковид-19

И покрај тоа што дозволи работа на средните училишта и најави полабава работа на угостителите, владатa во Словенија предупредува дека епидемијата се влошува.
Една година по првиот потврден случај од Ковид-19, на земјата ѝ се заканува нов бран, особено поради новите варијанти, соопштуваат надлежните.
„Нашите криви растат, можеби се соочуваме со нов бран епидемии“, рече Милан Крек, директор на Националниот институт за јавно здравје.
Тој изрази посебна загриженост за ширењето на британскиот вид на коронавирус, што веќе е потврден во Словенија и е доминантен во некои европски земји, како што е Чешка и Италија.
Владата во оваа земја објави дека 881 нов случај на заразени со коронавирус се потврдени во последните 24 часа, со предупредување дека бројот на потврдени инфекции на ден повторно се зголемува.
Европа
Велика Британија: Oграничениот извоз на вакцини од ЕУ ја загрозува борбата против коронавирусот

Велика Британија соопшти дека ограничувањата за извоз на вакцини против Ковид-19 можат да ја загрозат глобалната борба против коронавирусот.
Од таму додаваат дека очекуваат Европската Унија да ги почитува своите обврски во рамките на својата програма за вакцинирање, пишуваат бртанските медиуми.
„Глобалното закрепнување од Ковид-19 се заснова на меѓународна соработка. Сите зависиме од глобалните синџири на снабдување и поставувањето ограничувања ги загрозуваат глобалните напори за борба против вирусот”, рече портпаролот на премиерот Борис Џонсон.
Европската комисија ја поддржа одлуката на Италија да го блокира доставувањето на 250.000 дози на вакцината „Астразенека“ во Австралија.
„Премиерот разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно оваа година и таа потврди дека нивниот механизам е насочен кон транспарентност и дека тој нема намера да го ограничува извозот, очекуваме ЕУ да продолжи да ги почитува своите обврски “, рече портпарол на британскиот премиер.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“