Контакт

Вести

(Од минута во минута) Продолжува спасувачката акција во Тајланд, досега извлечени четири деца

Објавено пред

Акцијата за спасувањето нa 12 момчиња и нивниот тренер кои се заглавени во пештерата во Тајланд започна на 8ми јули, околу 10 часот по локално време. Досега беа спасени четири деца, а мисијата ќе продолжи во текот на утрешниот ден. Според најавите на надлежните, акцијата би можела да потрае и до четири дена.

Што знаеме до сега?

-Младите фудбалери од Тајланд на возраст од 11 до 16 години заедно со нивниот тренер се блокирани во пештерата од 23 јуни

-Одлуката за спасување е донесена утрото со оглед дека во пештерата почна да недостасува кислород, но и поради почетокот на сезоната на монсунски дождови

-На спасувачите им требаат пет часа да стигнат до децата и шест часа да се вратат на излезот

-Во акцијата учествуваат нуркачи од целиот свет


19: 20 Сe израдував кога го слушнав неговото име, вели мајката на едно од момчињата од пештерата

Мајката на Монгкол Бунпијам, едно од четирите момчиња кои беа ослободени од пештерата во Тајланд, вели дека е пресреќна што нејзиниот 14 годишен син најпосле ја здогледал светлината на денот. Таа како и поголем дел од родителите, ја минала ноќта пред пештерата чекајќи ја радосната вест, пишува „Гардијан“.

„Само го слушнав неговото име, Монгкол и многу се израдував. Не знам што да му кажам. Чекајте прво да го видам“, раскажува мајката на момчето.

17: 02 Започна силен дожд

Репортерот на Гардијан од Тајланд, Џејкоб Голдберг рече дека неколку минути по прес-конференцијата на спасувачкиот тим започнал силен дожд

15:55 Спасувачката акција ќе продолжи утре

На прес-конференцијата, гувернерот на провинцијата Чианг Рај, Наронгсак Осатанакорн, истакна дека спасувачката акција ќе продолжи утре. Тој истакна дека здравјето на децата е добро и денешната акција ја оцени како успешна. Потврди дека досега се извлечени четири момчиња. Според неговите зборови, акцијата ќе продолжи за 10 до 12 часа.

15:45 Момчињата се хоспитализирани

Четирите момчиња кои беа извлечени набрзо беа однесени во болница и се наоѓаат на прегледи. Како што пренесуваат локалните медиуми, здравствената состојба на едно од момчињата внимателно се набљудува.

15:39: Се огласи и Трамп

Американскиот претседател, Доналд Трамп на „Твитер“ напиша дека САД одблиску соработуваат со тајландската влада во акцијата за спасување на момчињата од пештерата.

15:16 – Тајландските „Фоки“: Спасени се четири момчиња

Елитната тајландска единица „Фоки“ објави на „Фејсбук“ дека четири момчиња се извлечени од пештерата во која беа заробени 15 дена. Тие се пренесени во болница во Чианг Раи.

15:03 – Семејство се моли за спасување на нивното дете

Семејството на 14-годишниот Нутавута Такумсонха се моли за негово спасување и безбедно враќање. Тие најавуваат дека кога ќе се врати ќе го прослават тоа како негов втор роденден. Неговата баба Ванкаев Пакхума вели дека и олеснало дека децата се пронајдени, но и понатаму е многу загрижена за нивната судбина.

14:55 Ројтерс: Шест деца се извлечени од пештерата

„Ројтерс“, повикувајќи се на неиуменуван член на медицинскиот тим, пренесе дека од пештерата излегле вкупно шест момчиња. Информацијата подоцна беше демантирана.

14:20 – Прв од пештерата е извлечен Адул

Детето кое прво извлечено од пештерата се вика Адул, пресуваат тајландските медиуми.

14:06 Две момчиња спасени од пештерата во Тајланд

Спасувачите извлекоа две момчиња од пештерата во Тајланд, јавија локалните медиуми. Ваквата информација ја потврдиле локалните власти за „Ројтерс“.

„Две деца се надвор. Тие се на пат кон болница“, рекол Тосатеп Бунтонг, шеф на институтот за здравје во Чианг Раи и дел од спасувачкиот тим. Агенцијата „Франс прес“, пак, јави дека наскоро се очекува да излезат уште четири момчиња. Тие моментно се наоѓаат во базата на нуркачите внатре во пештерата и се очекува пеш да го продолжат патот до излезот.

12: 52 – Опасен пат до површината

Талјандската новинска агенција објави нов графички приказ на акцијата за спасување на кој јасно се гледа како децата ќе бидат извлечени на површината. Патот е тежок и опасен.

12:25 Се зависи од времето

Рафаел Ароуш, израелски нуркач кој живее во тајланд и кој е вклучен во акцијата за спасување, вели дека времето е „јак фактор“ и дека е „навистина страшно“. Според неговите зборови, во пештерата има многу јаки водени струи, водата се влева од сите можни страни, а „временските прилики можат да ја уништат целата акција“.

-Брзината е многу, многу важна, вели тој.

12: 02 – Првата група деца тргна кон излезот

Првата група на момчиња тргна кон излезот, пишува „Гардијан“. Хеликоптерите, кои би требало да ги однесат до најблиската болница во регионот, оддалечена речиси 100 километри, стигнаа на лице место.

11.35 – Тренерот напиша порака со извинување

Тренерот кој ги одведе децата во пештерата на родителите им испрати пишана порака со извинување.

-Драги родители, сите деца се добри, спасувачкиот тим внимава на нас. Ветувам дека ќе се грижам за сите деца. Благодарам на сите што помагаат, напиша тој.

10:58 Детали за спасувачката акција- децата ќе бидат влечени со јаже

Тајландската Влада го објави планот за спасување на заробените деца во пештерата. Според него, двајца нуркачи ќе придружуваат по едно момче, а низ пештерата ќе ги влечат со јаже.

Кога ќе наидат на тесен премин, нуркачите ќе ги отстрануваат боците со кислород од грбот и ќе ги истркалаат низ премините.

10:30 Почна акцијата за спасување на заробените деца во пештерата

Акцијата за спасување на 12 деца и нивниот фудбалски тренер од пештерата во Тајланд почна околу 10 часот по локално време.

Спасувачите влегле во пештерата, а претходно на новинарските екипи и на останатите присутни им било кажано да ја напуштат околината. Во близина на пештерата останале само спасувачите, лекарите и обезбедувањето. Пристигнати се неколку амбулантни возила и хеликоптери за децата брзо да бидат пренесени во болница.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт7 минути

Вардар против КУПС во Лигата на шампионите

Македонскиот шампион Вардар го доби противникот во првото коло во Лигата на шампионите. Црвено-црните пласман во втората рунда ќе бркаат...

Регион25 минути

Претседателот на Црна Гора: Наша амбиција е да се приклучиме кон ЕУ во 2028 година

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска се обрати пред Европскиот парламент во Стразбур, каде што го повтори амбициозниот план...

Економија43 минути

Божиновска: Со поддршка од Светска банка започнува подготовката на новата когенеративна централа во РЕК Битола

Во Владата на Република Македонија, свечено потпишан Договорот за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ...

Соопштенија47 минути

Потпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младите

Денес беше потпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младите од страна на пратеничката Драгана Бојковска како координаторка...

Македонија50 минути

Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Албанија

Владата денеска го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Албанија. Со ова...

Македонија1 час

Граѓаните ќе се изјаснуваат кај матичен лекар дали сакаат да бидат дарители на органи по нивната смрт

Владата на предлог на Министерството за здравство денес го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и...

Македонија1 час

АД ЕСМ и Светска банка потпишаа договор за грант за мега проектот за когенеративна централа „ РЕК Битола 1“

Во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес беше потпишан Договор за грант од 2,4 милиони долари за реализација...

Македонија2 часа

Потпишана Декларација за спречување на насилството кај младите

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираше потпишување на Декларацијата за...

Македонија2 часа

Вработените во обвинителствата: Законот е пропуштена можност за вистински промени

Вработените во јавнообвинителската служба предупредуваат дека Предлог-законот за јавнообвинителска служба, во сегашната форма, не претставува реформски исчекор, туку пропуштена можност...