Контакт

Свет

(Видео) Драма во Грозни: одбил да покаже возачка дозвола, па со нож бодел полицајци

Објавено пред

Русин посегнал по нож на улица во центарот на Грозни, главниот град на сојузната држава Чеченија, при што ранил две лица – полицаец и офицер од Националната гарда на Русија.

Веднаш по инцидентот, сторителот бил убиен, потврдија локални претставници на Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил во неделата, а осомничениот со нож ги нападнал полицајците бидејќи наводно одбил да покаже возачка дозвола кога бил сопрен за контрола.

Безбедносните сили потоа го ликвидирале сторителот, соопшти Министерството.

На снимките објавени на социјалните мрежи може да се види како изгледала потерата по него, а се слушаат и истрели.

Според неофицијални информации, за време на инцидентот не биле повредени цивили.

Европа

Австриската канцеларка разочарана од дебатата за проширување на ЕУ

Објавено пред

Австриската канцеларка, Бригит Бирлајн, е разочарана што на самитот на ЕУ не е донесена одлука за започнување на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија, и посочи дека ова не е добар знак за солидарноста во Унијата, како ни за безбедноста во регионот.

„За жалење е. Австрија и другите земји вршат притисок за почеток на преговорите“, рече Бирлајн пред почетокот на вториот ден од самитот во Брисел.

Таа смета дека Северна Македонија и Албанија ги исполниле барањата на Европската комисија и имаат право на пристапни преговори.

„Одлуката не е донесена заради одделни држави. Верувам дека ова не е добар знак за солидарноста во Унијата, како и на безбедноста во регионот“, порача австриската канцеларка.

Бирлајн нагласи дека денеска разговарала со премиерите на Северна Македонија и Албанија, кои ја известиле дека се разочарани.

„И тие се многу разочарани. Ги уверив дека ќе продолжиме да ги поддржуваме“, рече Бирлајн.

Одлуката за пристапни преговори со Северна Македонија не е донесена заради, како што објавија австриските медиуми, противењето на францускиот претседател Емануел Макрон, а Албанија ја блокирале данскиот и холандскиот премиер Мете Фредериксен и Марк Руте.

Прикажи повеќе...

Европа

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Објавено пред

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи откако Шпанија издаде нов налог за негово апсење по пресудата за каталонските сепаратистички политичари и активисти.

Како што соопштија од канцеларијата на Пучдемон, тој во придружба на неговите адвокати доброволно се појавил пред белгиските власти во врска со налогот за апсење. Во соопштението се наведува дека Пучдемон го отфрла налогот за апсење и се противи на каков било обид да биде вратен во Шпанија.

Пучдемон и неколку негови соработници избегаа во Белгија во октомври 2017 година кога беа повикани на суд поради обид за сецесија и одржаниот референдум за независност на Каталонија кој шпанската влада го прогласи за нелегален.

Врховниот суд во Мадрид во понеделникот осуди девет поранешни каталонски политичари и активисти на казни од девет до 13 години затвор, поради нивната улога во неуспешниот обид за прогласување независност на Каталонија во 2017 година. Поранешниот потпретседател на каталонската влада, Ориол Жункерас, е осуден на 13 години затвор за бунт и злоупотреба на јавните фондови заради организирање на референдумот за независност на Каталонија.

Пресудите предизвикаа протести низ Каталонија, а во Барселона ескалираа во насилство.

Прикажи повеќе...

Свет

Венецуела доби место во Советот за човекови права на ООН

Објавено пред

Венецуела е избрана за член на Советот за човекови права на Обединетите нации и покрај лобирањето од страна на САД, здружението за човекови права и ненадејното влегување на Костарика во натпреварот за место во тој совет, објави „Ројтерс“.

Венецуела добила 105 гласа со тајно гласање на 193 земји членки на Генералното собрание.

Костарика добила 96 гласа иако ја објавила номинацијата овој месец кога претседателот Карлос Алварадо Кесада изјавил дека режимот на Венецуела не е прифатлив кандидат, според британската агенција.

Костарика, Венецуела и Бразил се натпреваруваа за две места на 47-члениот Совет за човекови права, чие ново свикување почнува на 1 јануари.

Бразил доби втор тригодишен мандат со 153 гласа.

„Едноставно, несовесно е оние што толку ги прекршиле човековите права, како режимот на Мадуро во Венецуела, да може да имаат улога во Советот. Јас нема да се залагам за тоа и не треба ни ООН“, рече американската амбасадорка во Обединетите нации, Кели Крафт, по гласањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа34 минути

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи откако Шпанија издаде нов налог за...

Топ1 час

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Македонија2 часа

Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за...

Свет2 часа

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет3 часа

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа4 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет15 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион17 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија18 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет19 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион20 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија20 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија22 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија22 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ23 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија23 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ24 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија1 ден

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа1 ден

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија1 ден

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Досие