Контакт

Вести

(Видео) Едно лице загина во несреќата, жена пилот безбедно го спуштила запалениот авион

Објавено пред

Жена пилот безбедно го спуштила авионот на кој претходно му експлодирал моторот, на аеродромот во Филаделфија. Таа претходно била воен пилот и стекнала големо искуство во американската морнарица.

Авионот на американската компанија „Саутвест ерлајнс“ на летот од Њујорк до Далас вчера принудно слета на аеродромот во Филаделфија кога му експлодирал левиот мотор, а деловите оштетиле еден прозорец, при што загинал еден патник.

Теми Џо Шулц (56), кога експлодирал моторот, била принудена што побргу принудно да го спушти авионот на аеродромот.

Шулц, една од првите жени пилоти во американската морнарица, смирено се јавила кај контролорите на летот за да извести дека ѝ отпаднал дел од авионот и дека на пистата ќе бидат потребни амбулантни возила.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Еквадор ги укина дополнителните мерки за безбедност во амбасадата во која се крие Асанж

Објавено пред

Од

Еквадор објави дека ги укинува дополнителните мерки за безбедност воведени во амбасадата во Лондон каде што се наоѓа основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, а кои ги воведе владата на Рафаел Кори (2007 – 2017).

„Претседателот Ленин Морено нареди итно укинување на дополнителните мерки во амбасадата на Еквадор во Лондон“, изјавил портпаролот на претседателот. Додал дека отсега мерките за безбедност се слични на оние што се во сила во другите амбасади на Еквадор во светот.

Шефот на државата реагира кога британскиот дневник „Гардијан“ објави анкета остварена во соработка со „Фокус Еквадор“, во која се тврди дека владата на Еквадор го угостила Асанж давајќи му азил, но и дека го шпионирала.

Австралиецот Асанж (46) побегна во амбасадата на Еквадор во 2012 година за да избегне екстрадиција во Шведска, каде што од 2010 е обвинет за силување.

Британскиот весник тврди дека самиот Асанж успеал да влезе во информативниот систем на амбасадата, каде што пресретнал службена и приватна комуникација.

Прикажи повеќе...

Вести

Сенатот ја избра Џина Хаспел за нова шефица на ЦИА

Објавено пред

Од

Американскиот Сенат синоќа го потврди изборот на Џина Хаспел за нова шефица на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) по процесот на номинација. „За“ гласале 54 наспроти 45 сенатори што биле против изборот на Хаспел.

Лидерот на републиканците, Мич Меконел, оценил дека Хаспел, која ја предложи американскиот претседател Доналд Трамп, е вистинска жена во вистинско време.

Кандидатурата на Хаспел ја обнови полемиката за програмата за брутално испитување што ЦИА ја спроведуваше над осомничените за тероризам со оглед на тоа што Хаспел во 2002 година била на чело на тајниот затвор на ЦИА на Тајланд, кога со техники на симулација на давење биле мачени двајца осомничени припадници на Ал Каеда.

Во текот на процесот на номинација Хаспел рекла пред Конгресот дека ЦИА никогаш не требало да користи сурови методи и вети дека нема повторно да ги употреби. Хаспел исто така учествувала во уништување видеоснимки од симулацијата на давење затвореници. Тоа уништување поведе подолга истрага во Министерството за правда, која заврши без обвинение.

ЦИА последен пат користела симулација на давење над затвореници пред повеќе од 10 години.

Прикажи повеќе...

Вести

Саудискиот престолонаследник го нема еден месец, медиумите шпекулираат дека е мртов

Објавено пред

Од

Речиси еден месец нема трага од престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман. Иранските медиуми почнаа да пишуваат дека принцот можеби е убиен за време на наводниот државен удар што се случи минатиот месец.

Според пишувањето на персискиот весник „Кејхан“, во извештај на тајна служба кој е испратен на високи официјални лица на неименувана арапска држава се наведува дека Бин Салман е застрелан со два куршума во текот на нападот на неговата палата на 21 април. Весникот додава дека тој најверојатно е мртов, со оглед на тоа што оттогаш се нема појавено во јавност.

На 21 април се случија рафално пукање и детонации во кралската палата. Според официјалната верзија, наводно обезбедувањето пукало на дрон-играчка, меѓутоа признаа дека кралот Салман и принцот се евакуирани во бункер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во четврток нова средба за името со медијаторот Нимиц во Њујорк

Во четврток и петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што информира...

Македонија2 часа

Поради спор со името, ПСК „Чеплес“ четири години одбиван за членство во Федерацијата на планинари

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Чеплес“ од Велес четири години се обидува да стане член на Федерацијата на планинарски спортови на...

Македонија3 часа

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот...

Македонија7 часа

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница, му реплицираат од Владата на Ципрас

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност...

Македонија9 часа

Грчките политички лидери не го прифаќаат предлогот за решавање на спорот за името

Грчката влада соопшти дека предлогот за решавање на спорот околу името на Македонија треба да содржи географскa или временска одредница....

Македонија1 ден

(Видео) Иванов: Став за новиот предлог ќе изградам откако ќе го добијам на писмено

Се додека не добијам писмена достава за она што се разговарало на средбите помеѓу Македонија и Грција во врска со...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на името и Уставот

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и промена на уставното име, рече лидерот...

Македонија1 ден

(Видео) Република Илинденска Македонија е предлогот за името

По денешната лидерска средба премиерот, Зоран Заев, во изјава за медиумите обелодени дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки...

Македонија1 ден

(Видео) Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари.  Тој беше единствен кандидат за оваа...

Македонија1 ден

Мицкоски: Да се обединиме против злото, а тоа е Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и...

Македонија1 ден

Група граѓани со транспаренти и патриотски песни ги пречекуваат учесниците на лидерската средба

Група граѓани со транспаренти и пеејќи патриотски песни ги пречекуваат лидерите на партиите кои денеска попладне во Клубот на пратеници...

Свет1 ден

(Во живо) Кралската свадба на принцот Хари и Меган

Меган Маркл официјално ќе стане дел од британското кралско семејство. Церемонијата ќе се одржи напладне во Сент Џорџ капелата и...

Свет1 ден

(Видео) Сe е подготвено за спектакуларната кралска венчавка 

Камерите и фотоапаратите на светските медиуми викендов се свртени кон најголемиот настан за кралското семејство, венчавката на принцот Хари и...

Економија2 дена

(Видео) Тасева обвини дека проблемот во „Фени“ е поголем од оној во „Скопје 2014“, бара државните институции да го испитаат

Стечајната судијка на „Фени“ направила формална повреда на Законот за стечај оти не го отфрлила планот за реорганизација на комбинатот...

Култура2 дена

Петиција против пазарењето со културата – Не шуткајте нè во невидливи ќошиња

Интензивни реакции на социјалните мрежи по шпекулациите дека Владата преговара со Беса за ресорот култура. Оваа информација не ја потврдија...

Македонија2 дена

Грујевски и Бошкоски нема да бидат екстрадирани, одлучи Врховниот суд во Атина

Горан Грујевски и Никола Бошкоски нема да бидат екстрадирани во Македонија за да им се суди за децениското нелегално прислушување. Врховниот...

Македонија2 дена

Од Владата не коментираат за Република Илинденска Македонија

Република Илинденска Македонија неофицијално е последниот предлог за решение на спорот за името за кој вчера во Софија дискутирале премиерите...

Македонија2 дена

„Катимерини“: Името Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ

Името Илинденска Македонија (што означува два историски настана од 1903 и 1945 година), според информациите што доаѓаат од страна на...

Македонија2 дена

Јанушев: Итна лидерска средба за името, Заев да каже кои се опциите што ги договорил со Ципрас

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека изминатите денови неколкупати јавно побарале од премиерот Заев одржување лидерска средба во врска со името, но...

Македонија2 дена

Каракачанов: Едно од можните решенија е Илинденска Македонија

Илинденска Македонија е едно од можните имиња за Македонија кое било договорено вчера меѓу премиерите на Македонија и Грција. Слушнав...

Досие