Контакт

Вести

(Видео) „Ен-би-си“ укина популарна емисија поради расистички коментар на водителката

Објавено пред

„Ен-би-си“ ја укина емисијата „Мегин Кели тудеј“ поради расистички коментар на водителката. Американските медиуми пишуваат дека ова можеби значи крај на кариерата на Кели.

Причината за укинување на емисијата е контроверзниот коментар кој Кели го изнела во програма во живо, прашувајќи се зошто е погрешно ако некој за Ноќта на вештерките се маскира во Афроамериканец, така што ќе си го обои лицето со црна боја.

„Зошто е тоа расизам“, ги прашала Кели гостите во студиото. Таа навела дека „навистина ќе западнете во неволја ако сте белец и си го обоите лицето во црна боја или ако сте црнец и си го обоите лицето во бела боја на Ноќта на вештерките“.

„Кога бев дете тоа беше ОК“, рекла Кели.

Набргу следуваше бура од реакции на социјалните мрежи, по што Кели во средата во програма во живо плачејќи им се извини на гледачите.

„Шоуто на Мегин Кели не се враќа“, се наведува во соопштението на телевизијата и се додава дека емисијата ќе ја преземат колегите кои работеле со неа.

„Ен-би-си“ не наведе детали што ќе стане со нејзината кариера, но американските медиуми пренесуваат дека во тек се преговори околу нејзиниот милионски договор.

Вести

Унгарија продава 19 ловци „миг-29“

Објавено пред

Министерството за одбрана на Унгарија одлучи на аукција да ги продаде своите ловци „миг-29“. Унгарските медиуми објавија дека на аукција ќе се најдат сите летала од советско производство кои не се во оперативна употреба од 2010 година.

Сите 19 ловци се продаваат во пакет, а некои од нив се делумно демонтирани. Во пакетот има и 20 мотори и уште 300 други делови вклучувајќи и авионски топови.

Почетната цена на пакетот е 2,8 милијарди форинти или околу 10 милиони долари. Но, пред да бидат официјално понудени на продажба, потребна е дозвола од Русија.

„Миг-29“ е советски повеќенаменски ловец. Унгарија во 1993 година добила 28 авиони од овој тип.

Прикажи повеќе...

Вести

Елизабет Ворен влегува во трката за претседател на САД

Објавено пред

Демократската сенаторка Елизабет Ворен и официјално ја најави својата кандидатура за претседател на САД. Кампањата за изборите што ќе се одржат во 2020 година ја заснова на популистичкиот повик на борбата против економската нееднаквост и создавање на Америка која ќе биде добра за сите.

Ворен повика на промени, го осуди „теснецот“ во кој се нашла средната класа и ситуацијата во која богатите не мора да сносат одговорност, а сите останати добиваат премалку прилики за успех.

Таа и нејзините приврзаници се надеваат дека оваа порака ќе ја одвои од останатите бројни кандидати за претседателска номинација од Демократската партија.

Ворен инаку е првиот истакнат демократ кој покажа интерес да се вклучи во трката за Белата куќа.

Прикажи повеќе...

Вести

Трамп одби да се состане со Мадуро

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп рече дека постои можност да се испратат војници во Венецуела, американскиот претседател посочи и дека тој го одбил барањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро за средба.

„Секако дека е опција”, вели Трамп во интервјуто за телевизијата Си-би-ес, додека зборуваше за можно испраќање на војници во Венецуела.

Според Трамп, Мадуро побарал средба со него, но тој го одбил бидејќи, како што посочи тој, отишле далеку во процесот.

Во интервјуто, американскиот претседател, исто така говореше и за американската база во Иран, за која тој посочи дека е многу важно да се задржи, така што Вашингтон да може внимателно да го следи Иран.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Ахмети: Не е добро Заев да биде претседателски кандидат

Лидерoт на ДУИ, Али Ахмети, по денешната прва консултативна средба со премиерот Зоран Заев не сакаше да открие кои се...

Македонија1 час

Прибе без одговор до каде е имплементацијата на реформите

Рајнхард Прибе, германскиот експерт за владеење на правото кој ги предводеше експертските групи на Европската комисија во Македонија, не даде...

Топ1 час

Заев: Дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од работните места

Дел од роднините на функционерите кои се вработија во државни институции најавиле повлекување на работните места, изјави премиерот Зоран Заев....

Македонија2 часа

Велешкото обвинителство сè уште утврдува одговорност за автобуската несреќа кај Катланово од 2017 година

Велешкото јавно обвинителство сè уште утврдува каква одлука ќе донесе за автобуската несреќа што се случи во 2017 година кај...

Македонија3 часа

Пешов: Нухиу на 27 април не ми даде команда за делување

При упадот во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, тогашниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, не...

Македонија5 часа

(Видео) Илија Димовски не дојде на судење – бил во Брисел на состанок на НАТО

Пратеникот Илија Димовски не беше присутен на денешното рочиште за предметот „Талир“. Тој на 13 февруари со писмен поднесок го...

Свет6 часа

Шест загинати и тројца повредени во престрелка во Мексико Сити

Шест лица загинаа, а тројца други се повредени во вооружена престрелка на криминална банда во предградието Изтапалапа во Мексико Сити,...

Свет6 часа

Влошена здравствената состојба на Сергеј Скрипал

Здравјето на поранешниот руски полковник на ГРУ Сергеј Скрипал, кој во март минатата година во Лондон беше затруен во обид...

Свет7 часа

ОБСЕ побара од Киев да ѝ дозволи на Русија да ги следи изборите

Претседателот на ОБСЕ, словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, му посочи на својот украински колега Павло Климкин дека одбивањето...

Свет8 часа

Голем шумски пожар ја зафати ,,мртвата зона” во Чернобил

Голем пожар избувна во чернобилската Зона на исклученост, местото на најлошата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото, на околу 20 километри од...

Свет8 часа

Европа не ги сака назад своите граѓани борци на ИД како што бара Трамп

Трамп побара од европските земји да ги вратат дома и судски да ги гонат џихадистите заробени во Сирија, но барањето...

Македонија17 часа

Заев и коалиционите партнери се договорија да настапат со заеднички кандидат за претседател

Владејачката СДСМ и коалиционите партнери на вечерашната средба постигнале согласност за заеднички кандидат за претседател. Како што соопшти партијата, ваквата...

Македонија20 часа

Седат ја пронајде девојката којашто ја извлекол од автобусот: ,,Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам”

Седата успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само...

Македонија23 часа

Реакции по навредите кон Силјановска: Срамно е да сатанизирате личност по возраст и пол

По серијата навреди на социјалните мрежи кон професорката по уставно право и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, невладини...

Македонија1 ден

Неколкумина повредени кај Ласкарци се во критична состојба, една пациентка е на операција

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во моментов се лекуваат 18...

Свет1 ден

Од Пентагон уште не знаат колку пари ќе му дадат на Трамп за изградба на ѕидот

Вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шенахан, синоќа изјави дека се уште не утврдил колку пари ќе...

Македонија1 ден

Заев за наградата „Евалд Фон Клајст“: Со Ципрас поставивме основа за тоа како треба да работат идните генерации

На свечена церемонија, во присуство на дел од највисоките гости на годинешната Минхенска конференција за безбедност, на премиерите на Северна...

Свет1 ден

Аргентина: Последно испраќање на починатиот фудбалер Емилијано Сала

Семејството, пријателите, навивачите и поранешните соиграчи се простија од фудбалерот Емилијано Сала (28) во неговиот роден град во Аргентина, четири...

Македонија2 дена

Силјановска е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија многу ми даде, сега е ред јас да вратам

Гордана Силјановска и официјално е избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ од страна на делегатите на партијата на денешната конвенција...

Македонија2 дена

Мицкоски: Да се обединиме и да му дадеме црвен картон на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на конвенцијата во Струга, на која партијата избира кандидат за претседател, повика на обединување на...

Досие