Контакт

Свет

(Видео) Жена во Нигерија снимена како тепа дете и го затвора во кафез за кучиња

Објавено пред

Во Лагос уапсена е жена која била снимена како го тепа 10-годишниот син, потоа го затвора во кафез за кучиња, објави Си-ен-ен. Жената била фатена на основа на снимка што се појавила на социјалните мрежи, соопштила полицијата.

„На снимката е видливо како жената го тепа детето и потоа го заклучува во кафез во кој биле две кучиња. Таа призна дека се работи за неа на снимката и дека детето е нејзин роднина, кој дошол да живее со неа откако ги загубил двајцата родители“, изјави портпаролот на полцијата во Лагос, Бал Елкан.

Инцидентот се случил пред две недели.

„Таа изјави дека се налутила зошто момчето испил џин и го скршил ретровизорот од нејзиниот автомобил. Потоа го заклучила во кафезот на неколку часа. Поради тоа ќе покренеме обвинение за детска злоупотреба“ рекол Елкан.

Жената ќе остане во притвор сè додека не биде изведена пред суд, а детето е згрижено во установа во градот.

Свет

Трамп ја одложи посетата на Данска

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ја одложи планираната посета на Данска.

Според „Ројтерс“, Трамп решил да ја одложи посетата откако данската премиерка Мете Фредериксен ја отфрли неговата идеја за купување на Гренланд.

„Данска е многу посебна земја со неверојатни луѓе, но врз основа на коментарите на премиерката Мете Фредериксен дека нема интерес да разговара за продажбата на Гренланд, јас ќе ја одложам нашата средба, закажана за две недели, за некое друго време“, порача Трамп на „Твитер“.

Прикажи повеќе...

Свет

Кина: 201 лице настрада во поплавите

Објавено пред

Најмалку 201 лице загина, а 63 се водат за исчезнати во големите поплави што ја погодија Кина за време на јули и август, соопштија тамошните власти.

Последно поплави се случија во провинцијата Сичуан, каде според последните податоци загинаа 8 лица, а 23 се водат за исчезнати, пренесе „АП“.

Претходно во август, загинаа 39 лица, а исчезнаа 9 за време на удар на тајфунот „Лекима“.

Вкупниот биланс на жрти за јули изнесува 154, а над 1,3 милиони лица се раселени.

Прикажи повеќе...

Свет

Стејт департментот одобри продажба на авиони-ловци Ф-16 за Тајван

Објавено пред

Стејт департментот одобри продажба на авиони-ловци Ф-16 за Тајван во вредност од осум милијарди долари, со што би биле опфатени 66 авиони, 75 мотори Џенерал електрикс, како и други системи.

Од американската Агенција за соработка во областа на безбедноста и одбраната информираат дека продажбата на авионите-ловци е од економски и безбедносен интерес на САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Hitech12 часа

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија19 часа

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија21 час

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија21 час

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија22 часа

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија23 часа

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет24 часа

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет24 часа

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет1 ден

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет1 ден

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Македонија1 ден

На дел од граничните премини задржување до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ во утринскиот извештај. На граничните премини...

Регион2 дена

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет2 дена

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион2 дена

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа2 дена

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ2 дена

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ2 дена

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија2 дена

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија2 дена

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Досие