Свет
(Видео) Забележана вулканска активност на Филипините, властите ги затворија училиштата
На Филипините е регистрирана активност на вулканот Тал, што резултира со емисија на вулкански гасови, а предупредувањето е на ниво 1 на скалата од пет нивоа.
Еден од најактивните вулкани во близина на главниот град на Филипини, Манила, почна да исфрла сулфурен диоксид и вулкански смог поради што властите ги затворија училиштата во пет града и десетици други населени области и ги повикаа жителите да останат во затворени простории.
Philippine Volcano Spews Sulfur Dioxide, Prompts School Closures, and Warnings to Stay Indoors#TaalVolcano #Philippines #Manila #Volcano #SO2 #VolcanicEruption #BNN #Worldnews #Breakingnews #Newsupdate pic.twitter.com/TVel1d50wZ
— Ruchi Bhargava (@ruchib1975) September 22, 2023
Властите денеска ја прекинаа наставата во десетици градови во провинциите Кавите, Лагуна и Батангас во близина на вулканот Тал, како и во пет града во регионот на Манила.
Вулканот Тал, висок 311 метри, е сместен во живописното езеро во провинцијата Батангас во близина на Манила и е еден од најактивните вулкани на Филипините, кој се наоѓа на островот Лузон.
Во јануари 2020 година исфрли облак од пепел и пареа висока до 15 километри принудувајќи повеќе од 100.000 луѓе да се евакуираат, а десетици летови беа откажани бидејќи пепелта леташе до Манила.
Филипините се наоѓаат во пацифичкиот Огнен прстен, каде што се чести вулканските активности и земјотреси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
