Свет
(Видео) Застрелан маж кога со нож нападнал полицајци во Париз

Маж вооружен со нож нападнал полицајци во полицискиот штаб во Париз, кој се наоѓа спроти катедралата Нотр Дам и бил застрелан од полицијата, пренесува локалниот медиум ACTU17.
Според извештаите, напаѓачот влегол во зградата и нападнал еден полицаец ранувајќи го со ножот. Сторителот потоа бил застрелан од полицискиот службеник со службено оружје, но полицаецот подоцна им подлегнал на повредите.
URGENT – Attaque au couteau à la préfecture de police à Paris sur des policiers. Plusieurs victimes, l’assaillant abattu.
Important dispositif en train de se mettre en place. pic.twitter.com/cwCQCej7vR
— Remy Buisine (@RemyBuisine) October 3, 2019
Мотивите на напаѓачот, кој работел како административен службеник во седиштето на полицијата, сè уште не се познати.
Според локалните медиуми, двајца или тројца полицајци биле повредени за време на нападот. Париската метро-станица „Сите“ е затворена од безбедносни причини, а подигнат е и кордон околу блискиот полициски штаб. Францускиот министер за внатрешни работи, Кастанер, е на пат кон полицискиот штаб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Автомобил експлодира во близина на трговски центар во Белград

Утрово во близина на трговскиот центар во Бањица во Белград се случила експлозија, објави нова.рс.
Засега не е познато како дошло до експлозијата, ниту дали има повредени.
Случајни минувачи јавуваат дека се слушнала силна детонација, а во овој дел од градот е видлив црн чад, јавуваат српските медиуми.
Свет
Американски воен брод во Јужното кинеско море, војската на Кина „во состојба на висока готовност“

Војската на Кина објави дека американски воен брод илегално навлегол во територијалните води на островите во Јужното кинеско море, истакнувајќи дека е во „висока готовност“.
„САД сериозно го поткопаа регионалниот мир и стабилност“, рече портпаролот на јужниот воен округ на Кина во изјавата, додавајќи дека Вашингтон намерно ја поттикнува тензијата во Јужното кинеско море и го поткопува суверенитетот на Кина.
Според кинеската војска, американски воен брод навлегол во областа на островите Спратли, приближувајќи се до атолот за кој право полагаат Кина и Филипините.
Кинеската народна ослободителна армија организира поморски единици за придружба и набљудување на американскиот брод, рече портпаролот, истакнувајќи дека кинеската војска е „во состојба на висока готовност, подготвена решително да го брани националниот суверенитет“.
Американската морнарица соопшти дека воениот брод Габриел Гифордс рутински спроведува операции во меѓународните води во Јужното кинеско море, во согласност со меѓународното право.
„Американската седма флота спроведува операции во Јужното кинеско море секој ден, како и со децении“, се вели во соопштението. „Овие операции покажуваат дека сме подготвени да поддржиме слободен и отворен индо-пацифички регион“.
Во последните месеци, Кина веќе протестираше против патролирањето на американските воени бродови во Јужното кинеско море, а кинеските бродови неколкупати се судрија со филипинските бродови, забележува Ројтерс.
Во неделата, филипинската крајбрежна стража испрати два брода во Јужното кинеско море, велејќи дека забележала „загрижувачка“ групација на кинески воени бродови во близина на спорниот архипелаг.
Свет
(Видео) Вулкан еруптираше во Индонезија, најмалку 11 мртви, многу исчезнати

Спасувачите пронајдоа тела на 11 жртви по ерупцијата на вулканот Марапи на индонезискиот остров Суматра, соопшти портпаролот на спасувачките служби, а потрагата по 12-те исчезнати е прекината од безбедносни причини.
Во моментот на ерупцијата во областа имало 75 планинари, од кои 49 биле евакуирани во понеделникот, а многумина сега се лекуваат поради изгореници, изјави портпаролката на службата за пребарување и спасување Џоди Харјаван.
Заедно со телата на 11 планинари, спасувачите пронајдоа тројца преживеани, додаде Харјаван, а потрагата по 12-те исчезнати беше прекината поради подоцнежната мала ерупција.
Во пресрет на активирањето на вулканот, властите го подигнаа нивото на будност и воспоставија зона за забранет пристап на три километри од кратерот.
Марапи еруптираше во неделата, исфрлајќи колона од пепел висока три километри на небото. Небото беше покриено со огромен облак од вулканска пепел, покривајќи и автомобили и патишта, покажуваат снимките.
Вулканот е меѓу најактивните на Суматра, а најмногу жртви зеде во април 1979 година, кога во ерупцијата загинаа 60 луѓе. Еруптираше и на почетокот на оваа година, забележува Ројтерс.
Индонезија има 127 активни вулкани и се наоѓа на Пацифичкиот „Огнен прстен“, според агенцијата за вулканологија.