Свет
(Видео) Зеленски: Во Буча биле мачени и убиени повеќе од 300 цивили, започната е истрага

Во синоќешниот говор претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека повеќе од 300 цивили биле мачени до смрт во Буча и најави дека денеска ќе се обрати во ОН.
„Само што започнавме истрага за сè што направиле окупаторите. Во моментов има информации за повеќе од триста убиени и мачени само во Буча. Списокот на жртви веројатно ќе биде многу поголем кога ќе се провери целиот град. И ова е само еден град“, рече Зеленски, кој исто така рече дека бројот на жртви може да биде значително поголем во Бороѓанка и некои други ослободени градови.
„ Во многу села од ослободените области на Киев, Чернихив и Суми, локалното население доживеало работи од руските окупатори што не ги доживеале за време на нацистичката окупација пред 80 години. Окупаторите секако ќе бидат одговорни за тоа“ порача украинскиот претседател.
Тој вети дека ќе продолжи со обвинението за воени злосторства против руските сили во окупираните региони на земјата.
Зборувајќи за време на неговото ноќно обраќање до украинскиот народ, Зеленски рече дека истражителите ќе дадат се од себе за да ги идентификуваат сторителите на наводните злосторства.
„ Ова ќе биде заедничка работа на нашата држава со Европската унија и меѓународните институции, особено со Меѓународниот кривичен суд. Сите злосторства на окупаторите се документирани. Обезбедена е потребната процедурална основа за да се изведат одговорните руски војници пред лицето на правдата за злосторствата што ги направиле“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Земјотрес од 7,2 степени во Перу

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу, соопшти Геофизичкиот институт на САД (USGS).
Потресот е со епицентар во близина на градот Азангарo, во близина на езерото Титикака, на длабочина од околу 200 километри, прецизира Институтот.
M 7.2 #earthquake in Peru this morning. #Peru, Bolivia
Rare Video Footage:
Full 3min Video here:https://t.co/EeRPMY5DUu pic.twitter.com/sJlt7cteqQ— Zockerfreak (@ZockerfreakYT) May 26, 2022
Американскиот систем за предупредување од цунами објави дека нема опасност од огромен бран.
Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.
Свет
Крај на „бензискиот туризам“ во Унгарија, само Унгарците ќе купуваат бензин по намалена цена

Од петок само Унгарците ќе можат да купуваат гориво по намалена цена, а автомобилите со странски регистарски таблички по пазарна цена, изјави шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Со оглед на тоа што цената на горивото во Унгарија е најниска во Европа, „бензинскиот туризам“ процвета по должина на границата, па ни се заканува недостиг, изјави Гергели Гуљас.
„Странските купувачи го користат фактот што Унгарија може да ја одржи цената на горивото на 480 форинти (околу 1,23 евра), а во Европа е 700-900 форинти (од 1,79 до 2.30 евра)“, рече тој на прес-конференција.
За да се спречат овие злоупотреби, само автомобилите со унгарски регистрации ќе можат да купуваат гориво по 480 форинти за литар.
Другите ќе ја платат пазарната цена, додаде Гуљас.
Регион
Хрватскиот суд донесе историска пресуда – геј-паровите од сега ќе може да посвојуваат деца

Вишиот управен суд на Хрватска ја отфрли жалбата на надлежното Министерство и им овозможи на истополовите парови да може да пристапат до процената за посвојување деца, а како што се наведува, тие не може да бидат дискриминирани врз основа на нивната сексуална ориентација.
Според организацијата Rainbow Color, судот го отфрлил аргументот на Министерството дека истополовите двојки не треба да пристапуваат кон процената за посвојување деца поради целта „заштита на интересите на детето“.
Оваа одлука судот ја донел во случајот со партнерите Младен Кожиќ и Иво Шегота, на кои сега им е дозволено да присуствуваат на постапката за посвојување дете, е соопштено на прес-конференцијата во Загреб, пренесоа хрватските медиуми.
Кожиќ и Шегота пред шест години се пријавиле во центарот за социјална заштита во желба да станат посвоители, но во два наврата биле одбиени бидејќи се во животно партнерство. По долга правна битка во 2020 година, тие успешно станаа згрижувачки родители на две деца.
Минатата година првостепениот управен суд донесе одлука дека тие може да станат и посвоители, а по жалбата на Министерството, одлуката на Вишиот управен суд, конечно, ги отстрани сите дилеми.
Шегота и Кожиќ на новинарите, меѓу другото, им рекоа дека се изгубени шест години и дека, како што велат, тоа е во духот на политиката.
„Шестте изгубени години на тие деца одат во духот на политиката, која е во име на одбрана на т.н. традиционални вредности, таа беше подготвена да го погази правото на семејство на деца што општеството го заборави“, изјавија Шегота и Кожиќ.
Организацијата Rainbow Colors објави дека оваа пресуда има далекосежни последици за правата на ЛГБТИК-лицата и истополовите парови во Хрватска.