Свет
(Видео) Извлечено дете од хотелот што се урна во Германија
Едно лице загина при уривањето хотел во Германија, а најмалку осум лица останаа затрупани во урнатините. Утрово, пристигна добра вест – спасувачите успеале да извлечат дел од заробените, меѓу кои и едно дете.
Несреќата се случила синоќа околу 23 часот кога, според полицијата, се урнал еден кат. Во моментот на инцидентот во хотелот имало 14 лица, а пет успеале навреме да побегнат.
Набргу по првото спасување, дошол моментот што сите го чекале – затрупаното дете е извлечено од урнатините. Момчето било завиткано во ќебе и на безбедно било донесено од пожарникар. Според „Билд“, момчето било будно и се чини дека е во добра состојба.
Потоа надвор е извлечена и една жена, но засега не се знае дали е мајката на момчето. По неа, на безбедно е донесена пензионерка, а спасувањето продолжува.
Полицијата претходно објави дека медицинските лица биле во контакт со уште осум лица, кои останале во хотелот, од кои некои се тешко повредени.
Полицијата евакуирала 31 лице од околината на оштетената зграда, а сѐ уште не е познато што го предизвикало уривањето.
Речиси 250 лица се на терен вклучувајќи пожарникари, полиција, медицински служби. Помагаат и специјалните сили, спасувачките кучиња и единиците за беспилотни летала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Грција околу германскиот план за построга контрола на границите: „Тие беа дарежливи кон мигрантите“
Грчкиот премиер Киријакос Митотакис денеска изјави дека планот на Германија за воведување построга контрола на копнените граници е еднострано откажување на шенгенската граница и ќе ги оптоварува земјите од фронтот како Грција.
Германија оваа недела објави дека проверките во зоната за слободно движење ќе започнат на 16 септември и првично ќе траат шест месеци додека земјата се обидува да ја спречи илегалната миграција.
„Германија имаше исклучително толерантна и би рекол дарежлива политика кон мигрантите, што сега предизвикува голема социјална реакција“, изјави Микотакис во интервју за грчко радио.
„Одговорот не може да биде еднострано укинување на Шенген и префрлање на топката на земјите лоцирани на надворешните граници на Европа“, рече тој.
Наместо тоа, треба да се имплементира Пактот на ЕУ за миграција и азил, обновен миграциски систем кој ја препознава важноста од чување на надворешните граници на Европа, рече Микотакис.
Грција беше на првата линија на миграциската криза во Европа во 2015-2016 година, кога повеќе од еден милион бегалци – многу од нив бегајќи од граѓанската војна во Сирија – пристигнаа, главно преку Турција. Повеќето на крајот се преселиле во Германија и други западноевропски дестинации.
Оттогаш, пристигнувањата во Грција опаднаа, но многу мигранти, главно од Либија и Египет, сè уште стигнуваат до грчките брегови пред да се упатат кон Западна Европа, пишуваат светските медиуми.
Свет
Путин: Директното учество на Западот во војната со Украина ја менува суштината на конфликтот
Директното учество на западните земји во конфликтот во Украина ја менува својата суштина и Русија ќе биде принудена да носи одлуки врз основа на вака создадените закани, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Ова ќе значи дека земјите од НАТО, САД и европските земји се во војна со Русија. И ако тоа се случи, тогаш, имајќи ја предвид променетата природа на конфликтот, ќе донесеме соодветни одлуки врз основа на заканите што ќе се создадат“, рече Путин, пренесуваат медиумите во регионот.
Претходно, светските медиуми објавија дека американскиот претседател Џозеф Бајден е под голем притисок од републиканците и демократите да ги олесни ограничувањата за тоа како Украина може да го користи оружјето што САД им го дале во војната против Русија.
Регион
Падна првиот снег на Балканот: студениот бран над Европа се движи кон исток
Студениот атлантски бран над Европа се движи кон исток, па на словенечка Кредарица падна првиот снег.
Невремето предизвика најмногу проблеми на словенечкото крајбрежје, но најлошите сценарија не се остварија, соопшти денеска словенечката агенција за животна средина (Арсо).
Врнежите во Словенија се уште не престануваат, а на места падна и првиот снег, но и покрај ова не се очекуваат поголеми проблеми.
За само неколку часа наврнале повеќе од 50 литри дожд на метар квадратен, а во некои случаи и стотина.
„Во Порторож во текот на летото наврнаа помалку од 100 литри дожд на метар квадратен. Значи, овие врнежи се доста големи, но ваквите врнежи не се рекордни за овој регион“, велат од Арсо.