Свет
(Видео) Изградена нова болница со 1000 кревети во Кина

Властите на кинескиот град Вухан изградија болница со 1000 кревети за третман на пациенти заболении од коронавирусот. Градоначалникот на Вухан, Џоу Сијанванг, утрово ја предаде новата болница Хушеншан на војската, каде 1.400 здравствени работници уште утре ќе почнат да работат, пренесе Си-ен-ен.
Според кинеските медиуми, новата болница е монтажна, има квадратен облик и може да се изгради за шест дена.
Се гради уште една болница-Леишеншен и таа ќе биде отворена на 5 февруари, а двете нови болници заедно ќе имаат вкупно 2.600 кревети.
Како што се наведува, тоа не е првпат во Кина да се градат болници во краток временски период, како што беше во 2003 година, кога изби епидемијата на САРС, беше изградена болница за шест дена и седум ноќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Спасена жена во Кабул: 25 години била затворена и мачена во темна соба

Полицијата спасила жена што 25 години била затворена во темна соба во главниот град на Авганистан, соопшти Министерството за внатрешни работи на талибанците.
Според вознемирувачките фотографии објавени од Мнистерството, жената била чувана во соба полна со ѓубре. Ѝ давале храна преку прозорецот.
„Таа се чувствува несигурно и исплашено кога ќе види други луѓе“, рече портпаролот на Министерството, Абдул Матин Кани, опишувајќи ја нејзината мака.
Жената е згрижена во болница во Кабул откога добила психички и физички повреди. Неисхранета, таа исто така има тешка анемија, рече докторот. Нејзините коски се истрошени, а зглобовите ѝ се оштетени, велат лекарите. Таа страдаше со години по разделбата од својот прв сопруг, со дополнителни проблеми, вклучувајќи неплодност, злосторства на нејзините браќа и спор за наследството, соопшти полицијата.
Тие уапсиле четири члена од нејзиното семејство, меѓу кои и нејзиниот брат и внуците. Полицијата соопшти дека случајот е под истрага.
Свет
Германија не ја поддржува иницијативата на Зеленски за одземање на правото на вето на Русија во Советот за безбедност на ОН

Германија не ја поддржува иницијативата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за одземање на правото на вето на Русија во Советот за безбедност на ОН, изјави германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок.
„Не, ние не го поддржуваме ова и разговараме за тоа со нашите украински партнери неколкупати во текот на преговорите. Мислам дека ова е важно за дискусијата во Германија: ние не поддржуваме сè што Украина ѝ предлага на нашата влада“, рече Бербок во интервју за телевизијата АРД.
Како што истакна таа, неопходно е да се заштити Повелбата на ОН и да се размислува за начини за модернизација на организацијата.
Претходно, за време на говорот во Советот за безбедност на ОН, Зеленски изјави дека организацијата е во ќор-сокак и дека тоа наводно е поврзано со правото на вето на Русија. Тој предложи реформа на ОН, конкретно механизмот за користење на ветото. Како што рече, Генералното собрание на ОН треба да има право да го отфрли ветото со две третини гласови.
По тоа, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Генералното собрание на ОН треба да ги разгледа причините поради кои не се спроведени претходно усвоените резолуции на Советот за безбедност на ОН наместо да се разгледуваат случаите на користење на ветото под притисок на западните земји.
Свет
Египет со одлука, наместо од Русија, ќе купува жито од Франција и Бугарија

Египет, наместо од Русија, ќе купува жито од Франција и Бугарија бидејќи цената што ја понуди Египет беше под прагот поставен од Москва.
„Русија не беше задоволна од цената предложена за време на преговорите за откуп на пченица“, велат извори на агенцијата „Блумберг“. На почетокот на септември египетскиот министер за снабдување, Али ел-Мосилхи, изјави дека за време на директните преговори со Москва, Каиро се согласило да купи 480.000 тони руска пченица, пренесува „РИА Новости“.
Неколку дена подоцна, Египет објави дека трговецот со жито „Соларис“ ќе има право да купува жито од која било земја.
Првиот помошник-министер за снабдување на Египет и шеф на Стоковната берза, Ибрахим Ашмави, претходно изјави за „РИА новости“ дека Каиро е меѓу најголемите увозници на пченица, а уделот на руското жито во неговиот увоз се проценува на 80 отсто.