Свет
(Видео) Израел нападна шаторска населба во Газа: „Ова изгледа како нов израелски масакр“
Вкупно 65 лица се убиени и ранети во израелските воздушни напади врз населба со шатори во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија денеска претставници на Газа, а израелската армија тврди дека цел на нападот бил командниот центар на Хамас.
Лекарите и локалните жители велат дека шаторската населба се наоѓа во близина на градот Кан Јунис, во областа Ал-Маваси, која е означена како хуманитарна зона, со оглед на тоа што е преполна со раселени Палестинци.
Најмалку четири проектили паднале на споменатото подрачје, при што биле запалени дваесет шатори и зад себе оставиле кратери длабоки девет метри.
Huge craters, entire families obliterated and buried in the sand as a result of the targeting with heavy bombs of several tents of displaced Palestinians by the Israeli air forces in the “humanitarian area” of al-Mawasi. pic.twitter.com/py7m3HbiOg
— Nicola Perugini (@PeruginiNic) September 9, 2024
Претставниците на Газа наведуваат дека загинале и биле ранети 65 лица, но не се знае точно колку од нив загинале, а колку се ранети. Министерството за здравство сè уште собира податоци, а новинската агенција „Хамас Шехаб“ објави дека загинале 40 Палестинци.
BREAKING: NEW MASSACRE IN THE AL-MAWASI AREA, WEST OF KHAN YOUNIS
The raids targeted the tents of the displaced people around the British Hospital at the entrance to Al-Mawasi, southwest of Khan Yunis.
– The bombing took place in areas that the occupation claims are… pic.twitter.com/r4Tgt3sTXW
— Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) September 9, 2024
„Нашите тимови сè уште трагаат и ги евакуираат ранетите. Ова личи на уште еден израелски масакр“, изјавил функционер во Газа.
Израелската армија соопшти дека биле нападнати од терористи на Хамас, кои формирале командно-контролен центар во хуманитарната зона. „Терористите напредуваа и извршија терористички напади против нашите војници и државата Израел“, се вели во соопштението на израелската армија.
Хамас ги отфрли сите обвинувања за користење цивилни области за воени цели. „Обична лага е да се оправдаат овие страшни злосторства. Во зоните во кои живеат цивили нема наши членови, нема кој би го искористил тој простор за воени цели“, рече Хамас.
Локалните жители изјавија дека над нив сѐ уште се слушаат израелски авиони, а амбулантни возила на теренот го обиколуваат погоденото подрачје и ги транспортираат ранетите во болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15 лица, се трага по уште исчезнати
Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост во врска со трагичната смрт на сограѓанин во природна катастрофа што го зафати подрачјето на Јабланица, пренесува Ал Џезира Балканс.
Деновите на жалост се одбележуваат со спуштање на знамињата на половина копје на зградите на општината и јавните установи основани од општина Јабланица.
Културни, забавни и слични програми нема да се одржуваат на јавни места, а физичките и правните лица кои вршат угостителска дејност, како и локалните медиуми ќе го приспособат своето работење.
Досега на подрачјето на Јабланица и Коњица се пронајдени телата на 15 лица, а по 10 до 15 исчезнати лица се уште се трага.
Регион
Дрвја и кал во БиХ, местата зафатени од поплавите се непрепознатливи
По поплавите што вчера ја зафатија БиХ, најтешка е состојбата во општина Јабланица, каде што најголем број урнати згради и објекти се под вода, а истото е и во Трусина и Бутуровиќ Поље, јави телевизијата БХТ1.
Новинарка на телевизијата, која известува од терен, изјави дека овие места се непрепознатливи.
-Можеме да видиме само дрвја и вода, кал, се’ лебди на површината на водата, можеме да видиме загрижени жители, изјави таа и додаде дека веќе се започнати хуманитарни акции за помош на загрозените.
Според последните неофицијални податоци само на територијата на Јабланица како исчезнати се водат 48 лица, додека официјалните податоци велат дека по поројните поплави и свлечиштата кај Јабланица, Кониќ, Крешево и Кисељак, потврдена е смртта на 19 лица, а дека по многу други уште се трага.
Населението во погодените подрачја има потреба од итна помош, а најитни се конзервираната храна и вода во шишиња.
Патната комуникација е отежната, а на места и целосно прекината.
Во страшните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, една од жртвите е и 29-годишна трудница од Јабланица. Брачна двојка е пронајдена гушната во одроните во Доња Јабланица, а според првичните информации почина и уште еден брачен пар од овој крај.
Регион
Страшни детали од поплавите во Босна и Херцеговина, загина трудница, а брачен пар се најдени гушнати
Во страшните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, една од жртвите е и 29-годишна трудница од Јабланица. Брачна двојка е пронајдена гушната во одроните во Доња Јабланица, а според првичните информации почина и уште еден брачен пар од овој крај. Најмалку 21 лице го загуби животот во поплавите во БиХ, од кои 16 се сметаат за исчезнати.
„Најмалку 16 лица од областа на северна Херцеговина во моментов се водат како исчезнати, откако беше потврдено дека исто толку луѓе загинале само на подрачјето на Јабланица“, изјави премиерот на Федерацијата на БиХ, Нермин Никшиќ.
Затрупани се многу куќи, а утринава пристигна и дополнителна механизација.
Во тек е состанок на кризниот штаб за координација на спасувачките активности, а по него треба да се дознаат подетални информации за состојбата на теренот.
Најтешка е состојбата во Долна Јабланица каде се сомнева дека каменолом ја предизвикал трагедијата во населбата која е целосно затрупана со отпад од гранит.с