Свет
(Видео) Израел објави видео од болницата во Газа под која нашле тунел на терористичката организација
Израелската армија објави видео на Х, за кое тврди дека покажува тунел на Хамас долг 55 метри кој се наоѓа на длабочина од 10 метри под болницата Шифа.
На видеото се гледа дупка, односно длабоко скалило на приземјето, меѓу урнатините на болничкиот комплекс.
„Овој тип на врати се користи од страна на терористичката организација Хамас за да ги спречи израелските сили да влезат во командните центри и подземните средства што му припаѓаат на Хамас“, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ).
„Влезот во тунелот содржи одбранбени механизми, како што се врата отпорна на експлозија и отвор за пукање. Со недели му зборувавме на светот за тоа дека Хамас цинично ги користи жителите на Газа и пациентите на болницата Ал-Шифа како жив штит. Ова е доказ за тоа“, а додаваат дека окното пд тунелот е откриено до возило со РПГ, експлозиви и пушки.
Израелските сили со недели тврдат дека Хамас има команден и контролен центар под Ал-Шифа, наводи кои групата и медицинскиот персонал во болницата ги негираат.
Минатата недела САД соопштија дека нивните разузнавачи на сличен начин сугерирале дека Хамас има мрежа од тунели под Ал-Шифа.
OPERATIONAL UPDATE: IDF and ISA forces revealed a significant 55-meter-long terrorist tunnel, 10 meters underneath the Shifa Hospital complex during an intelligence-based operation.
The tunnel entrance contains various defense mechanisms, such as a blast-proof door and a firing… pic.twitter.com/tU4J6BD4ZG
— Israel Defense Forces (@IDF) November 19, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Исчезнатото осумгодишно девојче Нарин Гуран е најдено убиено и фрлено во торба (ВИДЕО)
Безживотното тело на осумгодишното девојче Нарин Гуран, кое исчезна во турската провинција Дијарбекир на 21 август, беше пронајдено во поток недалеку од селото во кое живееше, по 19 дена потрага.
Телото на девојчето е однесено на обдукција во Институтот за судска медицина, јавува Anadolu Agency, а според првичните сознанија, девојчето било убиено, а телото било ставено во торба и фрлено на брегот на потокот. Чантата била покриена со гранки и камења на начин што нема да предизвика сомнеж, пишуваат турските медиуми.
Откако Нарин Гуран беше пријавена за исчезната, започна копнена и воздушна потрага во регионот.
Во рамките на истрагата, површина од 11.000 квадратни метри беше пребарана од 2.000 луѓе, како и два хеликоптери и 48 воздушни дронови. Биле прегледани околу 150 возила за кои било утврдено дека минувале по патот во часовите кога Нарин исчезнала.
Се претресувале куќи во населбата и возила кои влегувале во селото. Исто така, 24 нуркачи пребарале пет потоци, три езера, 18 бунари и 24 километри водени канали. При претресот користени се и подземни уреди за снимање.
Жандармеријата во придружба на истражниот обвинител со подземен апарат за снимање ги пребараа соседните гробишта, особено гробовите на оние кои неодамна беа погребани. Сепак, не беа пронајдени траги. Беа испитувани и членови на семејството, меѓу кои и братот и вујкото на исчезнатото девојче, кој е приведен. Нарин Гуран била пријавена за исчезната од нејзиниот татко на 21 август вечерта, откако девојчето не се вратило од верска настава, а семејството и соседите кои веднаш почнале да ја бараат не успеале да ја најдат.
Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека телото на девојчето го пронашле припадници на жандармеријата и упати сочувство до семејството. Турската јавност е во шок поради ова брутално злосторство, а властите најавија дека одговорните ќе бидат најстрого казнети.
Diyarbakır’ın Bağlar ilçesine bağlı Tavşantepe Mahallesi’nde 19 gündür aranan Narin Güran'ın cansız bedeni köye 3 km mesafedeki dere yatağında bir çuval içinde
bulundu..
Bunu yapanların hiçmi vicdanı yoktu.. Allah b*lanızı versin..#narinbulundu#Narin
////// pic.twitter.com/Tv9hk9fbjk— 🇹🇷KUZEYİNOĞLU🇹🇷 (@__KUZEYINOGLU) September 8, 2024
Свет
Од строго чуван затвор во Португалија побегнаа петмина затвореници
Петмина затвореници, меѓу кои еден Британец, Аргентинец и Грузиец, како и двајца Португалци, побегнаа од строго чуваниот затвор во Вале де Жудеуш, 30 км северно од Лисабон, соопштија португалските власти.
Според португалската затворска служба, мажите на возраст од 33 до 61 година побегнале вчера во 10:00 часот со помош однадвор, користејќи скали за да ја прескокнат затворската ограда. Полицијата веднаш била испратена за да ги пронајде бегалците, соопштија властите.
Двајцата Португалци служеле казни од 25 години за дела поврзани со трговија со дрога, кражби, грабежи и киднапирања. Останатите тројца исто така биле осудени за слични кривични дела.
Затворот Вале де Жудеуш е строго обезбеден и има капацитет од 560 затвореници.
Регион
Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“
Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан. Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.
Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Погледај дом свој анџеле“, а овој момент расплака многумина и тоа беше најтажната сцена од гробиштата.
Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување.Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.
Роден е на 1 ноември 1952 година.