Свет
(Видео) Илјадници Бразилци излегоа на улица во поддршка на Болсонаро, пробиена полициска блокада
Поддржувачите на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се собираат во Бразил за да го поддржат својот лидер.
Тие го поддржуваат во неговиот конфликт со судството поради промени во системот на гласање.
„Гардијан“ наведува дека илјадници приврзаници на Болсонаро се собрале во политичката и економска престолнина на Бразил за да покажат колосална поддршка за нивниот претседател поради стравувањата за иднината на бразилската демократија и можните судири со владините противници.
Fortaleza-ce. Agora está GIGANTE! ???????? pic.twitter.com/3qRQbS9zJP
— Roberta?? (@Robertajair22) September 7, 2021
Претходно, поддржувачите на Болсонаро пробиле полициска блокада во центарот на Бразилија, објави полицијата, во пресрет на големите демонстрации поради кои има тензии во земјата.
Соочен со рекордно низок рејтинг, Болсонаро се обидува да ја мобилизира својата база, особено на протести во Бразилија и Сао Пауло.
Ултрадесничарскиот лидер планира да присуствува на двата митинга во текот на денот додека се обидува да го засили притисокот врз Врховниот суд поради истрагите за него и луѓето во неговиот близок круг.
„Стотици луѓе што дојдоа на протестот ги пробија пречките и влегоа во авенијата што води до зградите на Националниот конгрес и Врховниот суд“, објави федералната полиција. Оваа авенија е затворена за сообраќај од безбедносни причини.
Fortaleza-ce
Praça Portugal. ?? pic.twitter.com/rzpWjmbZnR— Roberta?? (@Robertajair22) September 7, 2021
На социјалните мрежи може да се најдат снимки од мал карван на автомобили и камиони како влегуваат во централната авенија на градот додека демонстрантите ги поздравуваат веејќи бразилски знамиња.
Ваквите маршеви ја поларизираа јавната дебата во Бразил и доведоа до предупредување да се избегне нешто слично на она што се случи на 6 јануари во Вашингтон кога приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп упаднаа во Конгресот.
Бразилскиот претседател неодамна потпиша указ со кој се ограничува моќта на социјалните мрежи и технолошките компании да ги отстрануваат објавите и содржините.
É muito emocionante?!??
Gratidão Senhor por esse dia.?? https://t.co/yNWWKFyLcz— Roberta?? (@Robertajair22) September 7, 2021
Според новиот декрет, технолошките гиганти ќе мора да наведат оправдана причина и мотив пред да отстранат налог или содржина. Во соопштението од кабинетот на Болсонаро се вели дека овој потег има цел да обезбеди транспарентност кога станува збор за моќта на социјалните медиуми и компаниите да уредуваат содржини на своите платформи.
Болсонаро посочи дека оваа промена на прописите е неопходна во борбата против, како што рече, произволното отстранување налози и дека новиот декрет ќе помогне да се заштити слободата на говорот.
За време на пандемијата на коронавирусот, „Фејсбук“ и „Твитер“ отстранија многубројни објави од Болсонаро и неговите поддржувачи поради наводно ширење дезинформации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.