Контакт

Свет

(Видео) Илјадници луѓе учествуваа на Парадата на гордоста во Сао Пауло

Објавено пред

Илјадници луѓе маршираа во неделата на улиците на Сао Пауло на годишната Парада на гордоста, каде што овој пат протестираа против политиката на екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро.

Меѓу демонстрантите беше британската поп-пејачка Мел Ц, поранешна членка на групата „Спајс грлс“, покажуваат снимките на ТВ „Глобо“.

Болсонаро е познат по своите хомофобични изјави. Тој еднаш рече дека повеќе би сакал да го изгуби својот син во сообраќајна несреќа отколку да биде хомосексуалец.

Тој се нарекува себеси горд хомофоб и еднаш рече дека би претепал двајца мажи ако ги види дека се бакнуваат на улица.

ЛГБТ-активистите стравуваат дека неговите коментари го зајакнуваат насилството кон хомосексуалната заедница во земјата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Австрискиот министер најави санкции на ЕУ против Турција

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на преодната влада на Австрија, Александер Шаленберг, денеска ги најави санкциите на ЕУ против Турција.

„Денес ќе донесеме низа мерки против Турција, меѓу другото и помалку пари, помалку заеми од ЕИБ, прекин на преговорите за договор за авиосообраќај”, рече Шаленберг пред состанокот на шефовите на дипломатите на ЕУ во Брисел.

Ставот на ЕУ кон Турција е, како што подвлече, логичен.

Тој потсети дека ЕУ никогаш не ја прифати окупацијата на северниот дел на Кипар и дека поради тоа Унијата стои зад желбата на Кипар да располага со своите ресурси.

ЕУ се противи на сактивностите на Турција да пронајде извори на гас во Кипар.

Шаленберг посочи дека се можни понатамошни санкции против Турција.

Прикажи повеќе...

Регион

Стршен каснал жена во Србија, починала веднаш

Објавено пред

Жена од Лесковац на југот од Србија починала викендов во нејзината куќа откако била касната од стршен.

Србинката на возраст од 36 години собирала алишта на терасата од семејната куќа кога ја каснал инсектот, пренесува „Блиц“.

Жената умрела на самото место.

Сепак, нејзиното семејство се јавило во итната помош на амбулантата во Лесковац.

Соседите на младата жена велат дека трагедијата се случила околу 14 часот.

„Стршенот веројатно бил скриен во алиштата. Слушнав два-три врисоци додека минував по улицата и ништо повеќе“, изјавил еден од соседите.

Друг, пак, рекол дека станува збор за вистинска трагедија.

„Кога се вратив од продавница ми рекоа дека веќе ја нема. Ужас, овде вакво нешто досега не се случило“.

Жената зад себе остава мало дете и своите родители.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска отворена телефонска линија за кинески туристи, ќе се јавуваат полицајци од Кина

Објавено пред

Дирекцијата на хрватската полиција денеска објави дека е отворена посебна телефонска линија за кинеските туристи.

Имено, станува збор за проектот „Безбедна туристичка сезона”, во рамките на кој е воспоставена специјална телефонска линија за потребите на кинеските туристи.

Од Дирекцијата известуваат дека на повиците на кинеските туристи ќе одговорат кинески полициски службеници кои учествуваат во проектот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро, помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава2 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет2 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп критикуваше група обоени демократски претставнички во Конгресот, нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет3 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион4 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт13 часа

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа15 часа

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт15 часа

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Свет16 часа

(Видео) Авион успева да избегне катастрофален пад врз населено место

На видео снимка направена од автомобил овековечен е драматичен момент кога тајландски воен пилот го насочува својот авион далеку од...

Спорт16 часа

Трилер на Вимблдон! Ѓоковиќ по пет часа тенис го „собори“ Федерер

Новак Ѓоковиќ по петти пат ја освои титулата од Вимблдон, откако во едно историско финале со 7:6(5)/1:6/7:6(4)/4:6/12:12(3) го совлада освојувачот...

Регион16 часа

Ердоган: Испораката на С-400 системите ќе заврши в година

Испораката на руските ракетни системи С-400, Турција би можела да ја заврши до април следната година, изјави денеска турскиот претседател,...

Регион17 часа

Јулски снег во Бугарија

На планината Рила во Бугарија, падна снег, објави Метео Балканс. Лошите временски услови ја зафатија Бугарија, а метеоролозите најавуваат обилни...

Македонија19 часа

Лидерската средба е неизвесна, власта и опозицијата не можат да ги усогласат темите

Неизвесно е дали ќе има лидерска средба помеѓу првите луѓе на најголемите политички партии, а несогласувања постојат во оснос на...

Култура20 часа

(Видео) Огнен и Марина ја крунисаа љубовта на 46-тата Галичка свадба

Во Галичник денеска се одржа 46-то издание на традиционалната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, која повеќе од 4 децении ги негува...

Европа21 час

На парадата во Париз се појави „летачки војник“

По повод францускиот национален празник Ден на падот на Бастиља во Париз, вниманието го привлече поранешниот џет-ски шампион Фреки Запата...

Македонија21 час

Два земјотреси ја стресоа Грција, почувствувани и во делови од земјава

Македонската телеметриска сеизмолошка мрежа денескa регистрира два земјотреса чиишто епицентри се наоѓаат на 220 километри јужно од Скопје во соседна...

Македонија22 часа

,,Како не ти е срам” му порача Милчин на Адеми поради дивоградбите во Охрид

,,Како не ти е срам” му порача професорот, Владимир Милчин  статус на Фејсбук на министерот без ресор, Едмонд Адеми, по...

Свет23 часа

(Видео) Њујорк во мрак, претставите од Бродвеј се преселија на улиците

Менхетен синоќа остана неколку часа без струја поради голем дефект, поради што престана да работи метрото, запреа лифтовите, се исклучија...

Свет1 ден

Протести во Чикаго против имиграционата политика на Трамп

Неколку илјади луѓе маршираа во центарот на Чикаго протестирајќи против имиграционата политика на претседателот Доналд Трамп, а слични протести се...

Регион1 ден

Во Хрватска во јули има 90 илјади помалку туристи од лани

Во првата недела од јули во Хрватска има 90.000 гости и 400.000 ноќевања помалку отколку во истиот период минатата година....

Досие